Љубљана
Љубљана (словенечки: Ljubljana, германски: Laibach) — главен град на Словенија, сместен на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава, во Средна Словенија, меѓу Алпите и Средоземното Море. Претставува град со средна големина (според пописот од 2003 година има 265.881 жител) и седиште на Градската општина Љубљана. Љубљана е географски, културен, научен, економски, политички и административен центар на Словенија. Во Љубљана може да се доживеат влијанија на голем број култури. Таа била раскрсница на германската, италијанската и на културата на словенските народи, нивниот јазик, манири и навики.
Љубљана Ljubljana | |||
---|---|---|---|
Панорама на Љубљана на зајдисонце | |||
Координати: 46°03′20″N 14°30′30″E / 46.05556° СГШ; 14.50833° ИГД | |||
Површина | |||
• Вкупна | 163,8 км2 (632 ми2) | ||
Надм. вис. | 298 м | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 277,554 | ||
• Густина | 1.695/км2 (4,390/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
Повик. бр. | 01 | ||
Мреж. место | ljubljana.si |
Сообраќајните врски, сконцентрираната на индустрија, научно-истражувачките институции и индустриската традиција се фактори кои придонесуваат за нејзината водечка економска позиција во регионот. Љубљана е седиште на централната власт во Словенија, на јавната администрација и сите владини министерства. Градот, исто така, претставува седиште на законодавната власт на Словенија. Во Љубљана се наоѓа и резиденцијата на претседателот на Словенија.
Потекло на поимот
уредиИсторичарите не се согласни за потеклото на името на градот. Некои веруваат дека тоа произлегува од древниот словенски град наречен Laburus [1]. Други мислат дека зборот доаѓа од латинскиот Aluviana според поплавите кои настанувале во градот. Тоа би можело да дојде и од зборот Laubach („мочуриште“). Некои сметаат дека името на градот потекнува од словенскиот збор Luba („љубена“).[1] Старото германско име на градот е Лајбах и тоа било во службена употреба било сѐ до 1918.
Според една легенда, митскиот херој Јасон и неговите аргонаути по наоѓањеto на Златното руно, не се вратиле назад кон Егејското Море, туку тргнале на север и пловеле по реката Дунав.[2] Одејќи нагоре, продолжиле по Сава, а потоа и кон изворот на реката Љубљаница. Потоа го напуштиле бродот и продолжиле кон Јадранското Море и за да се вратат дома [2]. Помеѓу денешна градови Врхника и Љубљана, Аргонаутите откриле големо езеро. Легендата вели дека таму Јасон сретнал чудовиште. Ова чудовиште е змејот кој е присутен и денес на грбот и на знамето на градот.[2] Денес неколку крилести змејови го красат Змејски мост во Љубљана.
Геологија и клима
уредиГрадот, со површина од 275,0 км2, се наоѓа во Љубљанската Котлина во средишниот дел на Словенија. Неговата местоположба меѓу Австрија, Унгарија, регионот Венеција во Италија и Хрватска има силно влијание во неговата историја. Љубљана се наоѓа околу 140 километри западно од Загреб, 250 км источно од Венеција, 350 км југозападно од Виена и на 400 км југозападно од Будимпешта.[3]
Топографија и хидрографија
уредиГрадот се наоѓа на надморска височина од 298 m во долината на реката Љубљаница[4] помеѓу регионот Крас и Јулиските Алпи.[5] Во близина на градот се наоѓа устието на реката Љубљаница во Сава.
Геологија
уредиГрадот се протега во алувијалната рамнина која датира од ерата на кватерот. Постарите планински региони кои се наоѓаат во близина датираат од ераите на мезозоик или од палеозоик.[6]
Љубљана била разурната од земјотреси во 1511 и во 1895 година.[7] Словенија се наоѓа во сеизмичка активна зона на јужниот дел од евроазиското плато.[8], а целата земја е на крстосница на три важни тектонски зони: Алпите од север, на Динаридите од југ и Панонската Низина на исток.
Клима
уредиКлимата на градот, како и климата во источниот дел на Словенија е од континенталнен тип.[4] Во принцип, јули е најтоплиот месец јануари и февруари се најстудените.[9] Најниската измерена температура изнесува -28 °C додека највисоката изнесува 39 °C.[9] Најсушен период е од јануари до април, со помалку од 100 мм на врнежи, а септември и октомври се највлажните месеци.[9]
Климатски податоци за Љубљана | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 15.8 (60.4) |
19.7 (67.5) |
24.3 (75.7) |
27.8 (82) |
32.4 (90.3) |
35.6 (96.1) |
37.1 (98.8) |
40.2 (104.4) |
30.3 (86.5) |
25.8 (78.4) |
20.9 (69.6) |
16.7 (62.1) |
40.2 (104.4) |
Прос. висока °C (°F) | 3.4 (38.1) |
6.4 (43.5) |
11.4 (52.5) |
16.1 (61) |
21.4 (70.5) |
24.6 (76.3) |
27.3 (81.1) |
26.7 (80.1) |
21.6 (70.9) |
15.9 (60.6) |
8.8 (47.8) |
3.8 (38.8) |
15.6 (60.1) |
Сред. дневна °C (°F) | 0.3 (32.5) |
1.9 (35.4) |
6.5 (43.7) |
10.8 (51.4) |
15.8 (60.4) |
19.1 (66.4) |
21.3 (70.3) |
20.6 (69.1) |
16.0 (60.8) |
11.2 (52.2) |
5.6 (42.1) |
1.2 (34.2) |
10.9 (51.6) |
Прос. ниска °C (°F) | −2.5 (27.5) |
−2.0 (28.4) |
1.7 (35.1) |
5.8 (42.4) |
10.3 (50.5) |
13.7 (56.7) |
15.5 (59.9) |
15.2 (59.4) |
11.5 (52.7) |
7.7 (45.9) |
2.8 (37) |
−1.1 (30) |
6.6 (43.9) |
Најниска забележана °C (°F) | −20.3 (−4.5) |
−23.3 (−9.9) |
−14.1 (6.6) |
−3.2 (26.2) |
0.2 (32.4) |
3.8 (38.8) |
7.4 (45.3) |
5.8 (42.4) |
3.1 (37.6) |
−5.2 (22.6) |
−14.5 (5.9) |
−14.5 (5.9) |
−23.3 (−9.9) |
Прос. врнежи мм (ин) | 69 (2.72) |
70 (2.76) |
88 (3.46) |
99 (3.9) |
109 (4.29) |
144 (5.67) |
115 (4.53) |
137 (5.39) |
147 (5.79) |
147 (5.79) |
129 (5.08) |
107 (4.21) |
1.362 (53,62) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0,1 мм) | 11 | 9 | 11 | 14 | 14 | 15 | 12 | 12 | 12 | 13 | 14 | 14 | 153 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 71 | 114 | 149 | 178 | 235 | 246 | 293 | 264 | 183 | 120 | 66 | 56 | 1.974 |
Извор бр. 1: Агенција за животна средина на Словенија (ARSO) [10] (нормални податоци за 1981−2010 г.) | |||||||||||||
Извор бр. 2: Агенција за животна средина на Словенија (ARSO) [11] (извесни крајни вредности за 1948−2013 г.) |
Градски четврти
уредиГрадска општина Љубљана има седумнаесет градски четврти:
Стопанство
уредиЉубљана произведува околу 25% од бруто-домашниот производ на Словенија.[4] Во 2003 година, нивото на активна работна популација е 62%, од кои 64% работат во приватниот сектор и 36% во јавниот сектор.[4] Во јануари 2007 година, стапката на невработеност изнесувала 6,5% (намалена е од 7,7% од една година порано), во споредба со националниот просек од 8,7%.[12]
Индустрија на градот претставува најголем работодавец, особено фармацевтската индустрија, петрохемиската и индустријата за преработка на храна.[4] Други стопански гранки се банкарството, финансиите, транспортот, градежништвото, трговијата и услуги, како и туризмот. Јавниот сектор обезбедува вработување во образованието, културата, здравството и локалната администрација.[4]
Љубљанската берза (Ljubljanska Borza), која во 2008 година е купена од страна на Виенската берза,[13] се занимава со големите словенечки компании. Некои од овие компании имаат свое седиште во главниот град или во неговата близина: на пример, малопродажен синџир „Меркатор“, нафтената компанија „Петрол“ АД и телекомуникацискиот концерн „Телеком Словенија“.[14] Над 15.000 претпријатија работат во градот, повеќето од нив во терцијарниот сектор.[15]
Култура
уредиМанифестации
уреди- 23 април: недела на книгата (започнува на Светскиот ден на книгата). Се организираат разни настани, саем/пазар на книгата и др. на Конгресниот плоштад;
- 30 април/1 мај: Ден на трудот, прослава на љубљански Рожник со палење на оган во предвечерието (на 30 април);
- 2 недела на мај: Поход по Патот на другарството и спомените кој го обиколува градот и поставен е на местата каде во Втората светска војна градот бил опколен со бодликава жица;
- 3 недела на мај: Парада на матурантите од Љубљана;
- Во втората половина на октомври: Љубљански маратон.[16]
Сообраќај
уредиЉубљана е во центар на словенечката патна мрежа, која го поврзува градот до сите делови на земјата. Градот, во централниот дел на Словенија, е поврзана на југозапад преку автопат со италијанските градови Трст и Венеција и со хрватското пристаниште Риека.[17] На север, со автопат поврзан е со Марибор, Грац и Виена. На исток, со автопат поврзан е со Загреб, од каде што може се продолжи кон останатите градови од поранешна Југославија.[17] На северозапад, со автопат поврзан е со Клагенфурт (односно Целовец) и Салцбург.[17] Сево ова ја прави Љубљана важна крстосница на Западна и Средна Европа со Балканскиот Полуостров.
За јавниот превоз во градот одговорно е автобуско претпријатие кое е во сопственост на градот. Во градот функционираат и поголем број на такси служби.[18]
Градот поседува многу добро уредени патеки за велосипеди, а со оглед на неговата големина велосипедите во голема мерка се користат за превоз од месното население. Велосипеди може и да се изнајмат.[19]
Љубљанската железничка станица е дел од железничката мрежа која ги поврзува Германија и Хрватска преку Минхен-Салцбург-Љубљана-Загреб. Друга важна железничка линија е Грац-Виена-Марибор-Љубљана, која ја поврзува Австрија со Словенија. Третата важна линија е линијата Џенова-Венеција-Љубљана. Таа ја поврзува Љубљана со Италија. Со железничка линија Љубљана е поврзана и со Будимпешта.[5]
Аеродромот во Љубљана, кој од пред некое време се нарекува Јоже Пучник, (ИАТА код LJU), сместен на 26 километри на север од градот, има летови до многубројни европски одредишта. Меѓу компаниите што летаат од таму се Adria Airways, Air France, Brussels Airlines, EasyJet и Finnair.[20] Меѓу одредишта кои се опслужуваат се Амстердам, Атина, Барселона, Белград, Брисел, Будимпешта, Букурешт, Копенхаген, Даблин, Франкфурт, Хелсинки , Истанбул, Киев, Лондон, Мадрид, Манчестер, Москва, Минхен, Охрид, Париз, Подгорица, Прага, Приштина, Стокхолм, Скопје, Виена, Варшава, Тирана, Тел Авив и Цирих.[20]
Спорт
уредиВо Љубљана активни се следните познати спортски клубови за хокеј на мраз: ХД ХС Олимпија, СД Алфа, ХК Славија и ХДД Олимпија Љубљана. Сите тие се натпреваруваат во словенечката хокеарска лига; ХДД Олимпија Љубљана, исто така, учествува и во австриската хокеарска лига.[21]
Познати кошаркарски тимови се: КД Слован, ЖКД Јежица Љубљана и КК Унион Олимпија. Последниот клуб има зелен змеј како своја маскота, а домаќин е во салата Тиволи која има 6000 места за гледачи.[22]
Фудбалски тимови од градот кои играат во словенечката прва лига се: Интерблок Љубљана[23] и НК Олимпија Љубљана.[23]
Секоја година, почнувајќи од 1957 година, во периодот од 8 до 10 мај, околу Љубљана се одржува традиционален рекреативен марш По патот на другарството и спомените, а по повод ослободувањето на градот (9 мај 1945 година).[24] Покрај тоа, во последната недела во октомври се одвива Лубљанскиот маратон на кој учествуваат по неколку илјади тркачи секоја година.[16]
Љубљана како мотив во уметноста и во популарната култура
уреди- „Љубљана е болна“ (словенечки: Ljubljana je bulana) — песна на словенечката панк-рок група Панкрти.[25]
Збратимени градови
уредиЉубљана е збратимена со следните градови:
- Атина, Грција, од 2000.
- Белград, Србија, од 2003.
- Братислава, Словачка, од 1967.
- Брисел, Белгија, од 2004.
- - Хемниц, Германија, од 1966.
- Ченгду, Народна Република Кина, од 1981.
- - Кливленд, САД
- - Леверкузен, Германија, од 1979.
- Мардин, Турција, од 2003.
- Москва, Русија, од 2000.
- Парма, Италија, од 1964.
- Пезаро, Италија, од 1964.
- Плоче, Хрватска, од 1982.
- - Пуебло, САД, од 1991.
- Риека, Хрватска, од 1979.
- Сараево, Босна и Херцеговина, од 2002.
- Суза, Тунис, од 1969.
- Тбилиси, Грузија, од 1977.
- Виена, Австрија, од 1999.
- - Висбаден, Германија, од 1977.
- Загреб, Хрватска, од 2001.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Where Did Ljubljana Get Its Name From?“. Посетено на 2008-07-30.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Why is Dragon the Symbol of Ljubljana?“. Посетено на 2008-07-30.
- ↑ Станува збор за приближни растојанија проценети со Google Earth.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Location and General Data“. Посетено на 2008-07-30.
- ↑ 5,0 5,1 „Ljubljana, the capital of Slovenia“. Посетено на 2008-07-30.
- ↑ „Geological Map of Slovenia“. Архивирано од изворникот на 2008-08-11. Посетено на 2008-07-30.
- ↑ „Introducing Ljubljana“. Посетено на 2008-07-30.
- ↑ „Seismology“. Посетено на 2008-07-30.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 „Average Conditions: Ljubljana, Slovenia“. Посетено на 2008-07-30.
- ↑ „Климатски податоци за 1981-2010 г.“ (PDF). ARSO. Посетено на 2 December 2014.
- ↑ „Крајни вредности по години, месеци и денови на избрани метеоролошки параметри за 1948−2011 г.“. ARSO. Посетено на 2 December 2014.
- ↑ „Registered unemployment rates (%) by regional offices in 2006 and 2007“. Архивирано од изворникот на 2008-09-05. Посетено на 2008-07-31.
- ↑ „Austrians Buy Ljubljana Stock Exchange“. Архивирано од изворникот на 2009-01-11. Посетено на 2008-07-31.
- ↑ „Ljubljanska borza d.d.“. Архивирано од изворникот на 2009-04-18. Посетено на 2008-07-31.
- ↑ „Ljubljana: economic center of Slovenia“. Архивирано од изворникот на 2008-06-08. Посетено на 2008-07-31.
- ↑ 16,0 16,1 „Официјална стрница на Љубљанскиот маратон“. Архивирано од изворникот 2006-12-09. Посетено на 2006-12-09.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 Michelin, Slovénie, Croatie, Bosnie-Herzégovine, Serbie, Monténégro, Macédoine, Cartes et guides n°736, Michelin, Zellik, Belgium, 2007, ISBN 978-2-06-712627-5
- ↑ „Taxi“. Посетено на 2008-07-31.
- ↑ „Ljubljana Bike“. Архивирано од изворникот 2007-12-30. Посетено на 2008-07-31.
- ↑ 20,0 20,1 „Aerodrom Ljubljana, d.d.“. Архивирано од изворникот на 2008-09-16. Посетено на 2008-07-31.
- ↑ „Hokejske Selekcije Olimpija“ (словенечки). Архивирано од изворникот на 2008-09-13. Посетено на 2008-07-31.
- ↑ „Union Olimpija“ (словенечки). Архивирано од изворникот на 2008-10-11. Посетено на 2008-07-31.
- ↑ 23,0 23,1 „NK Interblock“. Посетено на 2008-07-31.
- ↑ „Thousands Join Ljubljana Hike“. Архивирано од изворникот на 2008-07-25. Посетено на 2008-11-01.
- ↑ Novi val osamdesetih, City records, CD 000 395, 2005.
Надворешни врски
уреди- Портал на градот Љубљана (словенечки) (англиски)
- Туристички портал на Љубљана (словенечки) (англиски) (германски) (италијански) (француски)