Воин на коњ (Скопје)

Воин на коњ — споменик со фонтана на кралот Александар Македонски кој се наоѓа на плоштадот Македонија, во Скопје. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и официјално бил отворен на 8 септември 2011 година, по повод дваесет години од прогласувањето на независноста на Република Македонија.

Споменик „Воин на коњ“
Warrior on a horse.jpg
Карта
Споменик на Александар Македонски
Општи податоци
Типспоменик, фонтана
МестоПлоштад Македонија
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Темелот удрен2010
Почната2010
Завршена2011
Отворена8 септември 2011
Трошок за изградба7,5 мил. евра
СопственикМинистерство за култура
Проектирање и изградба
АрхитектВалентина Каранфилова-Стевановска
Архит. бироФрединандо Маринели

ОписУреди

Скулптурата е висока 14,5 метри, изработена од бронза и поставена на бетонски постамент висок 10 метри[1]. Под споменикот се наоѓа фонтана. Околу фонтаната се поставени осум војници од бронза кои се високи по три метри, како и осум лавови, високи по два и пол метри, од кои четири се свртени кон фонтаната. Од нивните усни тече вода. Останатите четири лавови се поставени на скалите и се во седечка, односно во чуварска положба. На столбот, постаментот на коњаникот, има три прстени со монтирани плочи на кои се претставени три битки. Меѓу нив има три прстени од бронза, со декорација и релјефни фигури. Од најгорниот прстен паѓа водена завеса, а нагоре се крева магла. Од фонтаната свири музика.

Техничките процедури и активности околу поставувањето ги извршил стручен и професионален тим од Фрединандо Маринели од Фиренца, Италија, каде била изработена скулптурата.

Автор на делото е вајарката Валентина Стефановска.

Трошоци за изградбаУреди

За изградба на објектот неофицијално биле потрошени околу 7,5 милиони евра[2].

КритикиУреди

Веста за поставувањето на споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија наишла на критики од страна на македонската опозиција[3][4] и некои светски медиуми[5]. Сепак, најголем дел од критиките биле упатени од страна на Грција, за која поставувањето на споменикот претставувала провокација и крадење на грчката историја[6].

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. Фонтаната „Воин на коњ“ пуштена во употреба
  2. „ПОСТАВЕН СПОМЕНИКОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НАРЕЧЕН „ВОИН НА КОЊ" ВО СКОПЈЕ“. www.trtmacedonian.com. Архивирано од изворникот на 2014-02-19. Посетено на 20 септември 2011.
  3. „daily.mk“. Посетено на 20 септември 2011. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. „Беспредметни беа критиките на опозицијата за спомениците“. Посетено на 20 септември 2011. На |first= му недостасува |last= (help)
  5. „„Воинот на коњ" во светските медиуми“. Посетено на 20 септември 2011.[мртва врска]
  6. „Грција испровоцирана од „Воинот на коњ". Посетено на 20 септември 2011.

Надворешни врскиУреди