Милчо Манчевски
Милчо Манчевски — македонски кинорежисер, сценарист, писател, фотограф. „Њујорк тајмс“ го вклучил неговиот филм „Пред дождот“ (1994) во списокот 1.000 најдобри филмови во историјата.[1] Манчевски е автор на три изложби на фотографии, проза и поезија, како и книги, есеи и уметнички изведби. Неговите шест играни филмови се распределени во повеќе од 50 земји.
Милчо Манчевски | |
---|---|
Роден(а) | Милчо Манчевски Скопје, денешна Македонија |
Занимање | кинорежисер, сценарист, писател, фотограф |
Награди | Златен лав
1994 Пред дождот |
Страница http://www.manchevski.com/ |
Творештвото на Манчевски се изучува на студиските програми на бројни универзитети како и во средните училишта во Турција и во Италија, а исто така академски предмет е на две академски конференции (во Фиренца и Лајпциг). Манчевски има почесен докторат од московскиот ВГИК.[2] Тој предавал на постдипломските студии на Tisch School of the Arts at NYU, Feirstein Graduate School at Brooklyn Collegе, ВГИК во Москва, EICTV на Куба, Шангајскиот универзитет, итн.
Животопис
уредиМилчо Манчевски е роден во Скопје. Студирал историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Како американски стипендист во 1982 година дипломира на факултетот за филм и фотографија во Карбондејл, Илиноис. Од 1985 година, Манчевски живее во Њујорк и во Скопје. Како автор на шест играни филмови и над шеесет краткометражни форми кои доживуваат огромен меѓународен успех, Владата на Република Македонија му ја доделува титулата Амбасадор на културата на Република Македонија во 2007, а во 2012 година е прогласен за Национален уметник на Република Македонија.
Руската државна филмска школа ВГИК му доделува почесен докторат во 2013 година. Член е на Здружението на режисери на Америка, Европската филмска академија и PEN клубот. Член е на фестивалски жирија во Венеција, Шангај, Варшава, Локарно, Вилнус, Пула, Минхен, Ростов на Дон и др.
Творештво
уредиМанчевски е автор на повеќе од шеесет филмски дела: кратки, играни и документарни филмови, видеоспотови, рекламни и играни киносценарија.
Тој е сценарист и кинорежисер на играните филмови: Пред дождот (1994)[3], Прашина (2001)[4], Сенки (2007)[5], Мајки (2010)[6], Бикини Мун (2017)[7] и Врба (2019), краткиот филм Четврток (short film) (2013)[8], Крајот на времето (2017)[9] и на преку 50 кратки филмови, документарци, реклами и музички спотови. Исто така, Манчевски се појавува и како глумец во неколку кратки филмови, во два македонски играни филма и во една театарска претстава.
Летото 2015 година, Манчевски е претседател на жири-комисијата за доделување на наградата „Леопарди на утрешнината“, во категорија на кратки и средни филмови од млади автори во состав на фестивалот Локарно, еден од најстарите кинофестивали.[10]
Филмографија
уреди- Кајмак — Премиера на Кинофестивалот во Токио, 26 октомври 2022 година
- Врба (2019) — Премиера: Кинофестивал во Рим, 19 октомври 2019 година;[2]
- Бикини Мун (2017) — Премиера: Кинофестивал во Саун Пауло (Бразил), 21 октомври 2017;
- Мајки (2010) — Премиера: Меѓународен кинофестивал во Торонто, 12 септември 2010; Европска премиера: Берлински кинофестивал 2011;
- Сенки (2007) — Премиера: Меѓународен кинофестивал во Торонто (Канада), 9 септември 2001;
- Прашина (2001) — Премиера: Отворање на Кинофестивалот во Венеција, 29 август 2001;
- Пред дождот (1994) — Прв македонски филм што е предложен за угледната награда „Оскар“, премиерно прикажан на Венецијанскиот кинофестивал, 1 септември 1994;
Краток филм
уреди- Крајот на Времето (2017)
- Четврток (2013) На 28 август 2013 година, на отворањето на седумдесеттото издание на Кинофестивалот во Венеција, во рамки на специјалниот проект „Future Reloaded“ за првпат е прикажан краткиот филм на Манчевски под наслов „Четврток“, кој по премиерата е поставен на интернет-страницата на Манчевски, како и на „Јутјуб“, каде во првите три дена го видоа дури 15 000 гледачи. Исто така, по завршувањето на фестивалот во Венеција, филмот е поставен и на официјалното мрежно место на овoј фестивал. Најпосле, филмот е прикажан на италијанската радиотелевизија „РАИ“, на каналот посветен на кинематографијата, и тоа во рамки на емисијата за седумдесеттиот јубилеј на фестивалот во Венеција.[11] Инаку, филмот „Четврток“ е снимен според сценариото на Манчевски, а продуцент е Арон Левин. Во главната улога настапува Лора Ласи, директор на фотографијата е Уна Ли, монтажата е дело на Питер Мостерт, а музиката ја компонирал Игор Василев Новоградска. Филмот е снимен во Њујорк и претставува американска продукција.[12]
Рекламни спотови
уредиУметнички изложби
уреди"Dreaming a Wu Yan Poem", 2017]
„Улица“ Архивирано на 14 јуни 2022 г.
"The Manifesto of Conceptualists"
"How to Explain to a Live Rabbit the Joseph Beuys’ Work How to Explain Pictures to a Dead Hare"
Награди и признанија
уредиМанчевски е добитник на повеќе награди и признанија, и тоа: за филмот Пред дождот наградата „Златен лав“ за најдобар филм на Фестивалот во Венеција (1994), номинација за наградата „Оскар“ за најдобар филм од странско говорно подрачје (1995), наградата „Сребрен кондор“ за најдобар филм од странско говорно подрачје во Аргентина (1996); за 1.73 награда за најдобар експериментален филм; спотот Тенеси прогласен е за најдобар видео запис според американската музичка телевизија и вброен меѓу стоте најдобри видео записи од магазинот „Ролинг Стоун“.
Манчевски е добитник и на неколку државни признанија: награда „11 Октомври“ (1995), награда „Мајка Тереза“ за хуманитарна работа и Амбасадор на културата на Република Македонија (2007), што ја доделува Владата на Република Македонија.
На 11 март 2014 година, на универзитетот „Браун“ во Род Ајленд, САД, започна ретроспектива на филмското творештво на Манчевски, под наслов: „Денови на Манчевски: Мајчин дожд“. Во рамките на ретроспективата се прикажани филмовите: „Прашина“, „Мајки“ и „Пред дождот.“[13]
Надворешни врски
уреди- Официјална веб-страница
- IMDB, Манчевски
- YouTube Channel
- Vimeo, Manchevski
- Instagram, Manchevski
- The New York Times Guide to the Best 1000 Movies Ever Made
- Facebook, Manchevski
- Essays on Before the Rain
- Essays on Dust
- Essays on Shadows
- Essays on Willow
- Essays on Street
- Essays on Five Drops of Dream
- Reviews on IMBD
- Aporias of the war story
- Balkan Homecoming "Before the Rain" and "The Quick and the Dead" by Anthony Lane
- Before the Rain - Stunning Tale Of Macedonia
- "Before the Rain" never ending story by Ian Christie
- "Biography" [by Iris Kronauer] in "Monograph MANCHEVSKI" [Ed. Marina Kostova] (2015)
- "CLOSE UP: Milcho Manchevsky" - a conversation with Nancy Keefe Rhodes in DOSSIER (2005)
- "Compelling 'Mothers' Mixes Truth And Fiction"- Article in Arab Times (2011)
- "Director Makes Dazzling Debut in Rain" - Article in Miami Herald [Rene Rodriguez] (1995)
- "Film Review: Shadows" in Spirituality & Practice [Frederic and Mary Ann Brussat] (2009)
- "Living/Reliving Before the Rain" - Essay -Thomas Woodard
- "Montage and the Semiotics of Credibility: An Analysis of Before the Rain" - Ann Kibbey
- "Mothers" - Article in Eye Weekly [Chris Bilton] (2010)
- "Odgovornost je kljucno pitanje" - Interview for Slobodna Dalmacija [Vesna Lausic] (2008)
- "On Milcho Manchevski's Mothers" - Article in Script [Andrew Horton] (2011)
- "SJENE: U carstvu (sestog) cula" - Article in Slobodna Dalmacija [Marko Njegic] (2008)
- "Sex, Death, Eroticism And Psychological Horror..."-Article in Popcorn Reel [Omar P.L. Moore] (2009)
- "Sexuality and Melancholy" [Katerina Kolozova]
- "The 'Rain' Maker" - Article in Variety [Max Alexander]
- "The 'Rain' maker" - Interview [Roger Ebert] (1995) (rogerebert.com)
- "The Worst Can Happen, And It Does" - Film Review in The New York Times [Janet Maslin] (1995)
- 'Willow' Review - Cineuropa
- 'Willow' Review - Variety
- 'Willow': Film Review - The Hollywood Reporter
- A high-class surreal western - Stopklatka (In Polish)
- Article in IndieWire [Meredith Brody] (2010)
- AsburyMovies.it (In Italian)
- Before the Rain review by Roger Ebert
- Before the Rain review, Washington Post
- Cine Clandestino (In Italian)
- CineFile.biz [Alberto Cassani] (Italian)
- Cinema Without Borders
- Cinematographe (In Italian)
- Cleveland.com
- Criterion Collection film essay [Ian Christie]
- Cubist of the silver screen - The Globe and Mail
- Democrat and Chronicle
- Feral Tribune (In Croatian)
- FilmoviPreporuke.com (In Serbian)
- Frankfurter Rundschau (In German)
- Goodtalking (Nada Vukovic) (In Croatian)
- Hollywood Today (Michelle Foody)
- Los Angeles Times
- Moving Pictures Magazine
- On unhappy endings, politics and storytelling - P.O.V.
- Once Upon a Time in Macedonia - TV Guide Online
- Paying the price of motherhood in flash, blood and grief, by Katerina Kolozova Архивирано на 15 јули 2022 г.
- Roger Ebert's Video Companion - Article: "Before the Rain" (1997)
- Script
- Slant Magazine [Andrew Schenker]
- Stylus Magazine Архивирано на 14 јуни 2022 г.
- The Movie Gourmet
- The Popcorn Reel
- The Village Voice [Aaron Hillis]
- Variety
- jbspins.blogspot.com
- ↑ https://books.google.mk/booksid=WvPdZwPyXQC&q=The+New+York+times+guide+to+the+best+1000+movies+ever+made&dq=The+New+York+times+guide+to+the+best+1000+movies+ever+made&hl=en&sa=X&ved=0ahUKEwio1ODQrMrgAhXNl4sKHcNaDzYQ6AEIPjAE[мртва врска]
- ↑ 2,0 2,1 „Новиот филм на Манчевски премиерно ќе биде прикажан во Рим“, Слободен печат, година VII, број 1783, стр. 16.
- ↑ http://manchevski.com/filmography/before-the-rain/before-the-rain-synopsis/
- ↑ http://manchevski.com/filmography/dust/dust-synopsis/
- ↑ http://manchevski.com/filmography/shadows/shadows-synopsis/
- ↑ http://manchevski.com/filmography/mothers/mothers-synopsis/
- ↑ http://manchevski.com/filmography/bikini-moon/synopsis/
- ↑ https://vimeo.com/182772599
- ↑ http://manchevski.com/filmography/short-forms/the-end-of-time/synopsis/
- ↑ „Милчо Манчевски претседател на жирито на фестивалот во Локарно“, Дневник, година XIX, број 5834, петок, 7 август 2015, стр. 19.
- ↑ Краткиот "Четврток" од Милчо Манчевски на телевизија РАИ, Дневник, петок, 6 септември 2013, стр. 25.
- ↑ Краткиот „Четврток“ од Милчо Манчевски на телевизија РАИ, Дневник, петок, 6 септември 2013, стр. 25.
- ↑ „Денови на Манчевски во САД“, Дневник, година XVIII, број 5415, петок, 14 март 2014, стр. 22.