Тихомир Бачовски
Тихомир Бачовски (Скопје, 16 февруари 1960 - Скопје, 3 септември 2018) — македонски режисер.
Тихомир Бачовски | |
---|---|
Роден(а) | 16 февруари 1960 Скопје, СР Македонија |
Починал(а) | 3 септември 2018 Скопје, Македонија |
Националност | Македонец |
Занимање | режисер |
Животопис
уредиБачовски е роден во Скопје на 16 февруари 1960 година. Првите контакти на Бачовски со филмот датирале од 1966 година. Како познат кино-аматер веќе во 1967 и 1968 година, во рамките на тогашна Југославија освојувал повеќе награди за режија на фестивали за аматерски филм во Љубљана, Загреб и Белград. Од 1997 година почнал професионално да се занимава со режија во МРТ, чиј творечки опус траел повеќе од три децении. Режирал различни програми од забавно-музички карактер, реклами, документарни филмови, играна програма, како ТВ драми и ТВ серии, фестивали, манифестации. Бачовски важел за еден од доaјeните и пионерите на снимањето на македонските музички спотови уште во почетокот на 80тите години на XX век и на еден начин важел за зачетник на овој жанр во Македонија. Ги режирал ТВ сериите: „На наш начин“, „Салон Хармони“, „Ѓоре Шнајдерот“, "Цимери". Починал во Скопје на 3 септември [2018] година.[1]