Јоргован
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Јоргован (науч. Syringa) — род од околу 20 видови цветови кои припаѓаат на семејството на маслинките (Oleaceae). Јоргованот е распространет во југоисточна Европа и Мала Азија. Цвета од април до мај.[2][3][4][5]
Јоргован | |
---|---|
Обичен јоргован (Syringa vulgaris) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Маслинки |
Род: | Јоргован L. |
Синоними[1] | |
|
Опис
уредиЈоргованот е мало дрво, со височина до 10 метри. Гранчињата му сè до 30 сантиметари во пречник. Лисјата главно му се во форма на срце. Цветовите обично цветаат на пролет, а секој цвет е голем од 5 до 10 милиметри. Вообичаено бојата на цветот е виолетова, а исто така го има и во розова, бела и жолта, дури го има и во боја на презреана вишна. Цветот му е како чаура.
Користење
уредиПоради својот убав и миризлив цвет, јоргованот се сади во парковите ширум Европа и Северна Америка. Дрвото на јоргованот може да се користи за правење музички инструменти, но е многу незгоден, затоа што кога се суши, се криви и разлистува.
Јоргованот како тема во уметноста
уреди- „Јоргован-гранка Москва-Варшава“ — песна на рускиот поет Андреј Вознесенски од 1957 година.[6]
- „Јоргованот на Пенсилванија“ — песна на полскиот поет Јан Лехоњ.[7]
- „Јоргован“ — песна во проза на македонскиот поет Блаже Конески.[8]
- „Турски јоргован“ — песна на полската поетеса Марија Павликовска-Јасножевска.[9]
- „Две јоргованчиња“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.[10]
- „Црниот јоргован“ — песна на полскиот поет Јежи Харасимович.[11]
Наводи
уреди- ↑ „Syringa L. Sp. Pl. : 9 (1753)“. World Flora Online. World Flora Consortium. 2022. Посетено на 10 декември 2022.
- ↑ Flora Europaea: Syringa
- ↑ Flora of China: 丁香属 ding xiang shu Syringa
- ↑ Flora of Pakistan: Syringa
- ↑ Germplasm Resources Information Network: Syringa
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 46.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 29-30.
- ↑ Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 46.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 68.
- ↑ Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 45-46.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 235-236.