15 јули
датум
<< | јули | >> | ||||
---|---|---|---|---|---|---|
П | В | С | Ч | П | С | Н |
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 |
15 јули — 196-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (197-и во престапна година). Остануваат 169 денови до крајот на годината.
Настани:
1099 | Во Првата крстоносна војна, Крстоносците го зазеле Ерусалим кој бил 461 година под власта на Фатимидите. Градот останал во христијански раце сè до 2 октомври 1187 година кога бил освоен од страна на Саладин и никогаш повторно не бил безусловно во христијански раце. |
1556 | Во Рим свечено е осветена грандиозната купола на црквата Свети Петар, што ја изгради прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум е земен како ден на раѓањето на барокот. |
1869 | Французинот Иполит Меж Морис го патентира маргаринот, прехранбен производ кој ќе треба да се обиде да го спречи масовниот глад меѓу сиромашните слоеви на населението. |
1965 | Американскиот вселенски брод Маринер 4 ги испрати првите снимки од планетата Марс. |
1968 | На линијата Москва-Њујорк воспоставена е првата директна авио-врска меѓу СССР и САД. Летовите почнуваат да ги изведуваат компаниите Аерофлот и Пан Америкен. |
1990 | Во Охрид е извршено осветување на новоизградената „Света Троица“. |
Родени:
Починале:
1291 | Рудолф I Хабсбуршки — германски цар и оснoвач на династијата на Хабсбурговците. |
1890 | Готфрид Келер — швајцарско-германски писател. |
1904 | Антон Павлович Чехов — руски раскажувач и драмски писател. |
1929 | Хуго фон Хофманштал — австриски писател. |
1939 | Зинаида Рајх - руска и советска глумица, сопруга на Сергеј Есенин и на Всеволд Меерхолд. |
1941 | Валтер Рутман — германски експериментален режисер. |
1941 | Аугуст Цесарец — хрватски писател. |
1944 | Вера Циривири - Трена — македонска партизанка, учесничка во напредното работничко движење и во НОБ. |
1997 | Џани Версаче — италијански моден творец. |