Дарко Панчев
Дарко Панчев (роден на 7 септември 1965 година во Скопје, Југославија) — поранешен југословенски и македонски фудбалер кој се смета за еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња. Своите фудбалски почетоци ги бележи во ФК Вардар Скопје во младинската школа на истоимениот клуб. Уште на самиот почеток од својата фудбалска кариера ги изразил своите напаѓачки атрибути. Од 1982 до 1988 година играл за својот матичен клуб. Со прикажувањето на одлични голгетерски способности му се отворил нов хоризонт кон неговата кариера и тоа во гигантот Црвена звезда каде што настапил четири години. Добил златна копачка за најдобар напаѓач во Европа со 34 постигнати гола и на црвено-белите, а воедно дал голем придонес за освојување на лигата на европските шампиони во 1991 година. Во тие моменти доживеал светска слава и имал одлични понуди од неколку светски гиганти но тој се одлучува да стане нов член на Интер Милано. Но за жал во миланскиот гигант повеќе ќе добие репутација на личност за која се интересираат папараците и комерцијалните компании. Тука била ставена кочница во неговата кариера. По неуспешната одисеја во Интер Милано преминал во уште неколку европски клубови како Локомотив Лајпциг, Фортуна Диселдорф и ФК Сион кога во 1997 година на само 32 години ја завршил невпечатливо својата кариера.
Дарко Панчев | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 7 септември 1965 | ||
Роден во | Скопје, Југославија | ||
Висина | 1.75 | ||
Позиција | напад | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1983–1988 | ФК Вардар | 151 | (84) |
1988–1992 | ФК Црвена Звезда | 91 | (84) |
1992–1995 | ФК Интер | 19 | (3) |
1994 | → ФК Локомотив Лајпциг (п) | 10 | (2) |
1995–1996 | ФК Фортуна Диселдорф | 14 | (2) |
1996–1997 | ФК Сион | 5 | (0) |
Вкупно | 290 | (175) | |
Репрезентација | |||
1984–1991 | Југославија | 27 | (17) |
1993–1995 | Македонија | 6 | (1) |
Денес тој живее во Скопје и води мирен живот. Влезе во брачните води со познатата пејачка Маја Гроздановска-Панчева и со неа има две ќерки, Надица и Марија. Сопственик е на кафе-бар „Деветка“ во Трговски центар Беверли Хилс, во којшто на љубителите на фудбалот им се пружи одлична прилика за забава во слободното време . По завршувањето на фудбалската кариера определен период се повлекол од активности поврзани со фудбалот, а неколку години подоцна се јавил како функционер во Македонија Ѓорче Петров а подоцна и во ФК Вардар но на тој план не забележал некој позначаен успех.
Фудбалска кариера
уредиСвојата кариера како професионален фудбалер ја започнал во 1982 година во ФК Вардар каде што играл 6 години до 1988. Во сезоната 1983/84 станал најмладиот европски стрелец во едно првенство со постигнати 19 гола.Благодарение на неговите блескави игри како и на неговиот соиграч Илија Најдовски во дресот на црвеноцрните, Вардар во сезоната 1986/87 година успеал да стане шампион во престижното првенство во тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, во конкуренција на врвните екипи како ФК Црвена звезда, ФК Партизан, Динамо Загреб, Хајдук и други познати екипи кои ја сочинувале најквалитетната југословенска лига. Со тоа ФК Вардар за првпат станал шампион во југословенската прва лига. Тоа секако не било случајно. Од тој момент настанал пресврт во кариерата на Дарко Панчев.
Во 1988 година најдобрата понуда за афирмација на неговиот талент му ја понудил најголемиот тим во тогашната СРЈ, Црвена звезда за која што потпишал договор. Истата 1988 година најпрвин ја извршил граѓанската должност во југословенската армија попозната како ЈНА.
По излегувањето од армијата во 1989 година по само неколку одиграни натпревари за својот нов клуб покажал дека се работи за напаѓач од највисоката класа. Како изминувало времето, тој во својот нов клуб уште на почетокот му влеал страв и трепет на противничките голмани, со неговота ладно-икрвност и со неговото неверојатно чувство додека се наоѓа пред противничкиот шеснаесетник. За четири години поминати во белградска ФК Црвена звезда успеал да постигне многу значајни погодоци. За време на неговиот четиригодишен претстој во дресот на Звездашите успеал да ги донесе до три шампионски титули и тоа во 1989/90, 1990/91 и 1991/92. Во финалето на националниот куп во 1989/90 година успеал да го постигне одлучувачкиот гол за црвено-белите а со тоа и да им ја донесе титулата во националниот куп. Дарко Панчев за четири поминати сезони во Црвена звезда, три години бил најдобар стрелец во Југословенското првенство и тоа во сезоните 1988/89,1899/90 и во сезоната 1990/91, или вкупно четирикратно најдобар стрелец во југословенското првенство вклучувајќи ја сезоната 1983/84 во ФК Вардар. Во сезоната 1990/91 година го доживувеал врвот на својата кариера, и постигнал рекордни 34 гола во најелитното југословенско првенство и ја добил престижната „Златна копачка“ за најдобар европски стрелец која веднаш не му била доделена поради распадот на Југославија.
Во тој период Дарко Панчев го добил прекарот „Кобра“ како истоимената змија бидејќи претставувал смртоносна опасност за противничкиот гол секогаш кога ќе се најдел во таква ситуација. Во истата сезона во лигата на шампионите Црвено-белите имале одличен потенцијал и стигнале во финалето на Лигата на шампионите биле предводени во нападот со одличниот Дарко Панчев којшто успеал да постигне неколку важни одлучувачки погодоци до патот кон финалето, како што е одличниот погодок против Глазгов Ренџерс, така и против грчкиот Панатенаикос, кој можеби е најубавиот гол во неговата фудбалска кариера. Токму пред натпреварот против грчкиот Панатенаикос, Дарко не бил пуштен да ја помине грчката граница поради спорот за името, бидејќи тој се пријавил како Македонец, но случајот веднаш бил пријавен во УЕФА и Дарко настапил и го постигнал неверојатниот погодок. На финалниот натпревар во Бари, Италија на 29 мај 1991 година против францускиот Олимпик Марсеј, Дарко одиграл одличен натпревар иако не постигнал гол. По регуларните 90 минути а и по продолженијата резултатот останал 0:0. По изведувањето на пенали Дарко го реализирал одлучувачкиот пенал и на Звезда успеал да и ја донесе првата европска титула. По натпреварот за Дарко се слушало насекаде низ Европа. Но тоа не било се од него.
Голем удел имал и во освојувањето на титулата светски клупски првак кога тој постигнал гол во натпреварот со Јужноамериканскиот тим Коло-Коло кога Звезда победила со 3:0. Во тие моменти Дарко се наоѓал на крилјата на славата. Во 1992 година имал повеќе понуди од многу фудбалски гиганти но тој се одлучил да премине во Интер Милано, со кој потпишал договор во истата година. Во Интер Дарко наводно имал многу несогласувања со тренерот на клубот, па така се почесто останувал на клупата. Одиграл само 12 натпревари во сите конкуренции и постигнал еден единствен гол, што било премалку за стрелец од негов калибар. Во јануари 1992 година бил позајмен во германскиот клуб ВФП Лајпциг за кој одиграл само десет натпревари и постигнал два гола. По позајмицата повторно се вратил во Интер и одиграл само 7 натпревари и постигнал два гола а по една година поминати низ фрустрации преминал во Фортуна Диселдорф во 1995/96 за која во 14 натпревари постигнал 2 гола. Својата фудбалска кариера како активен фудбалер ја завршил во швајцарскиот прволигаш Сион во 1997.
Дарко бележи настапи и на репрезентативен план. Најпрвин настапил за елитната Југословенска репрезентација во друштво на Савиќевиќ, Шукер, Јарни, Просинечки, Катанец и други познати фудбалери. Во квалификациите за Европското првенство 1992, Панчев бил најдобар европски стрелец со вкупно 10 постигнати гола. Постигнал и 2 гола на натпреварот против Емиратите на Светско првенство во Италија 1990 година кога Југославија завршила како петта.
Вкупно на 30 натпревари за Југославија постигнал 17 гола.За Македонската фудбалска репрезентација бил повикан на првиот натпревар против Словенија кога Македонија победи со 4:1. Дарко тогаш бил асистент и стрелец на еден погодок. За Македонија вкупно одиграл 6 натпревари и постигнал 1 гол.
Во 1990/1991 го има освоено трофејот на Лига на Шампиони со Црвена Ѕвезда со постигнување на завршниот пенал со кој победија Црвена Ѕвезда. Исто така дале голови Просинечки, Биниќ и други играчи на Црвена Ѕвезда.
Тимови
уреди- 1982-1988 ФК Вардар
- 1988-1992 Црвена звезда
- 1992-1994 Интер Милано
- 1994 Локомотив Лајпциг
- 1995 Интер Милано
- 1995-1996 Фортуна Диселдорф
- 1997 ФК Сион
- 1996 Фортуна Диселдорф
Постфудбалски период
уредиПо завршувањето на фудбалската кариера Дарко Панчев одреден период се повлекува од активности поврзани со фудбалот. Но по некое време се јавува како функционер во Македонија Ѓорче Петров а подоцна и во неговиот матичен клуб ФК Вардар. Во Вардар работи како спортски менаџер и се среќава со огромен број на проблеми во клубот и има големи несогласувања во текот на работењето. На тој план не бележи некој поголем успех. Наводно имал понуда да биде на директорската функција во Црвена звезда но тој ја одбил таа функција.
Златната копачка на престижниот француски весник „Л“екип“ наменета за најдобрите стрелци на Европа, конечно стигнала до Дарко. Ја заслужил во 1991 година кога во Југословенското првенство постигнал 34 гола. Ја примил на 4 август 2006 во Скопје, лично од Мишел Платини.
“Оваа сатисфакција е голема.Прекрасно чувство е да се наоѓаш со вакви големини и драго ми е што овој трофеј најпосле се донесе во нашата држава, затоа што никој никогаш не го негирал неговото освојување. Проблемот е само што не ми беше предаден заради икс причини, поради распадот на Југославија, војната итн. Но, ете таа неправда се исправи. “На свечениот чин, покрај легендарниот Платини, учествувале високи претставници на „Л’екип“, претседателот на ФК Црвена звезда, Драган Стојковиќ, раководството на фудбалската федерација на Македонија, која бил и иницијатор за Дарко да го добие назад она што му припаѓа.
Надворешни врски
уреди- Дарко Панчев на MacedonianFootball (англиски)