Владимир Ангеловски
Владимир Ангеловски, или уште познат како Дади (22 мај 1946, Скопје - 15 ноември 2012, Скопје[1]), бил еден од најголемите македонски глумечки имиња. Многу добро го познаваат како постарите, така и помладите генерации. Роден глумец, но сосема нетипичен глумец. Цел живот во Драмски театар - Скопје, со излети на “осмиот колосек” наречен естрада. За себе велел дека е глумец уште од своето раѓање.
Владимир Ангеловски - Дади | ||
![]() | ||
Роден | 22 мај 1946 Скопје | |
---|---|---|
Починал | 15 ноември 2012 Скопје | |
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Трст виа Скопје Викенд на мртовци Солунски патрдии Македонски народни приказни Хихирику Каца Пусто турско Училиште за кловнови | |
Занимање | глумец |
Животопис уреди
Владимир Ангеловски - Дади е роден на 22 мај 1946 год. во Скопје како втор син во семејството на Борис и Костадинка Ангеловски. Татко му попот Борис имал свој црковен хор и прв ја направил комплетната црковна богослужба со ноти и на македонски јазик, а мајка му била учителка во основното училиште „Кирил и Методиј“. Неговиот постар брат Коле Ангеловски на македонската јавност и е познат како извонреден режисер и актер со кој В.А.-Дади има соработувано многупати.
Првите почетоци уреди
Првите чекори кон својата идна професија Дади ги имал во Радио драмата, додека пак за првпат на сцената стапнал во 1962 година, кога го играл Оливер Твист кај режисерот Димитрие Османли во тогашниот Младинско-детски театар, денес Драмски театар - Скопје. И тука се раѓа неговата голема љубов кон театарот. Како гимназијалец во “Цветан Димов “ одел на голем број натпреварувања низ Југославија што всушност биле и неговите први естрадни почетоци. По гимназијата се подготвувал да оди на Академија во Белград, но тоа не се случило. Имено на Драмскиот театар во тоа време му биле потребни глумци па така Дади бил ангажиран во претставата „Принцот и просјакот“ и истата 1966 година станува и член на драмскиот театар.
Некои позначајни улоги уреди
Огромен е бројот на улогите во кои се појавува Дади, почнувајќи од детските серии и драми, па сè до сериозните улоги во некои од најзначајните македонски филмови, драми и серии. Секако дека не постои дете кое ја нема гледано познатата детска трилогија „Чук, чук Стојанче”, „Баш челик” и „Шекспир во приказни” која постигнува огромни успеси и тука и на сцените низ Југославија. Незаборавни се и ликовите Диди и Дади кои ги играат Дади и неговиот брат Коле Ангеловски во тв серијата „Да видам, да видам што да бидам”. Исто така Дади се појавува и во операта на МНТ во оперите „Шеќерна приказна” и „Деспина и мистер Докс”. Во 1967 година игра во психолошкиот филм „Мементо” во режија на Османли Димитрие, а во 1988 игра една од главните улоги во филмот „Викенд на мртовци”.
Понатаму следуваат улогите во филмовите „Солунски патрдии”, во режија на Коле Ангеловски, „Калигула” во режија на Миле Гроздановски, „Рибарски караници”, серијата „Лото, лото” исто така во режија на Коле Ангеловски, во претставите „Мефисто”, и „Дунек” со кои заработува и некои од неговите награди. Тука се и сериите: „Агенција осамени срца”, „Училиште за кловнови”, „Трст виа Скопје“, „Битолски лакрдии” и многу дриги.
Неизбежно е а да не се спомене радио-телевизиската програма “Хихирику” со која што заедно со своите колеги Димче Мешковски, Катерина Крстева, Благоја Чоревски, Гоце Тодоровски и Катерина Коцевска во 2004-тата година го прославија јубилејот од 25 години од нејзиното постоење. Со некои од своите колеги има настапувано и неколкупати во Австралија изведувајки познати македонски драми за тамошните Македонци. Значајни се секако и улогите на Дади во голем број од Македонските народни приказни, а интересен е и фактот дека тој е единствениот глумец кој 9 години по ред настапува на манифестацијата Глумците пеат, колку што и постои самата манифестација.
Филмографија уреди
Година | Филм | Улога | |
---|---|---|---|
1960-ти▲ | |||
1967 | Мементо ТВ-филм | ||
1967 | Да видам, да видам што да бидам ТВ-серија | Дади | |
1969 | Волшебниот воз ТВ-серија | ||
1969 | Републиката во пламен ТВ-филм | ||
1970-ти▲ | |||
1970 | Детективи ТВ-серија | ||
1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | ||
1973 | Илустриран ТВ Речник ТВ-серија | Димо | |
1975 | Сребрено јаболко ТВ-филм | ||
1977 | Итар Пејо ТВ-серија | Итар Пејо | |
1978 | Сеќерна приказна ТВ-филм | ||
1979 | Наши години ТВ-серија | ||
1979 | Хихирику Радио-емисија | ||
1980-ти▲ | |||
1980 | Учителот ТВ-филм | ||
1982 | Црвено, жолто, зелено ТВ-серија | ||
1984 | Хихирику - 5 години (1984) | ||
1984 | Камчевци ТВ-серија | ||
1985 | На наш начин ТВ-филм | ||
1985 | Ајде да се дружиме ТВ-серија | ||
1986 | Солунски патрдии ТВ-серија | Цветан | |
1986-1988 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1987 | Трст виа Скопје ТВ-серија | Попот | |
1987 | Театарче лево ќоше ТВ-филм | ||
1987 | Училиште за кловнови ТВ-серија | Дади | |
1987 | Претежно ведро ТВ-серија | ||
1988 | Чук, чук, Стојанче ТВ-серија | ||
1988 | Викенд на мртовци ТВ-серија | Климе Глупчев | |
1989 | Цвеќе на карпата ТВ-филм | ||
1989-1993 | Еурека ТВ-серија | ||
1990-ти▲ | |||
1990 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1990 | Алф од Ново Лисиче ТВ-филм | Дедото | |
1990 | Викенд на мртовци ТВ-филм | ||
1991 | Македонија може ТВ-филм | Владимир | |
1991 | Во кафулето кај Гане ТВ-филм | Ангеле | |
1992 | Тврдокорни ТВ-серија | ||
1992 | Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија | Гази | |
1992-1995 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1994 | Прекалени ТВ-серија | ||
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | ||
1997 | Калигула ТВ-филм | ||
1996-1999 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1999 | Време живот ТВ-филм | ||
1999 | Хихирику - 20 години | ||
1999 | Каца ТВ-филм | Полицаец 1 | |
2000-ти▲ | |||
2000 | Мајка Тереза ТВ-филм | ||
2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | / | |
2000-2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | ||
2000-2003 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
2001 | Агенција осамени срца ТВ-серија | Злате Динго | |
2003 | Битолски лакрдии ТВ-серија | ||
2003 | Лото, лото ТВ-серија | ||
2004 | Неверство во зимска ноќ ТВ-филм | ||
2004 | Хихирику | ||
2004 | Сакам да бидам кошаркар ТВ-филм | Судијата | |
2006 | Пусто турско ТВ-филм | Димче | |
2008 | Кукен совет ТВ-серија | ||
2009 | Ветар низ тополите ТВ-серија | ||
2009 | Седумка, љубов или смрт ТВ-филм | Кумот | |
2009 | Балкан бенд ТВ-серија | Дада | |
2010-ти▲ | |||
2012 | Скопје ремикс ТВ-филм | Човек од спот |
„Викенд на мртовци“ уреди
Филмот е снимен во 1988 година, во стандард техника, со звук, во боја, 35 мм и е во времетраење од 94 минути. Филмот разработува една апсурдна ситуација кога поради невнимание во една болница се заменуваат умрените пациенти, па така две семејства добиваат туѓи мртовции кои треба да ги погребаат, па доаѓа до сплет на настаните. Филмот е во режија на Никола Коле Ангеловски, сценариото е на Миле Попоски а во главните улоги покрај Владимир Ангеловски се јавуваат и Ѓорѓи Јолевски, Димче Мешковски, Гоце Тодоровски и Благоја Чоревски.
Филмот е награден на филмскиот фестивал „Голубац“ во 1988 година, и тоа прва награда „Златна рипка“ за режија и трета награда од публиката.
„Солунски патрдии“ уреди
Оваа тв серија е снимена во 1985 година, во три епизоди со времетраење од по 55 минути. Жанрот е комедија, а режисер е братот на Дади - Коле Ангеловски. Покрај Дади ,кој се јавува во улогата на Цветан, во другите улоги се јавуваат и Благоја Спиркоски - Џумерко, Трајче Иваноски, Гоце Тодоровски, Димче Мешковски, Ванчо Петрушевски, Снежана Стамеска, Салаетин Билал, Стево Спасовски, Тодорка Кондова, Јовица Михајловски, Марин Бабиќ, Мите Грозданов и други.
„Лото, лото” уреди
Оваа комична тв серија е едно од поновите телевизиски остварувања. Снимена е 2003 година во режија на Никола Ангеловски. Серијата се состои од 5 епизоди со времетраење од 40 минути. Главните улоги ги толкуваат Владимир Ангеловски, Благоја Спиркоски Џумерко, Бранко Бенинов, Владимир Талески, Андон Јовановски и др.
„Калигула” уреди
Овиј филм е снимен 1997 година во режија на Миле Гроздановски, а во главните улоги се јавуваат Димче Мешковски, Владимир Ангеловски, Димитар Зози, Ѕвезда Ангеловска и Ѓорѓи Јолевски.
Награди уреди
Владимир Ангеловски-Дади е наградуван уште од самите почетоци на својата кариера уште како дете бил трикратен првак на Југославија во детска радио драма. Некои од позначајните награди: 13-та Ноемвриска, Климент Охридски и на фестивалот Ристо Шишков, ги добива во последните 2-3 години.
Наводи уреди
- ↑ Почина глумецот Владимир Дади Ангеловски, Сител, 16 ноември 2012.
Надворешни врски уреди
- Владимир Ангеловски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)