Црква „Св. Спас“ - Скопје

црква во Скопје, Македонија
(Пренасочено од Црква Св. Спас)

Црква „Св. Спас“ — еден од најзначајните споменици на културата во Скопје, источно од тврдината Кале. Црквата е споменик на културата заштитен со закон, а во нејзе се врши богослужба и верски обреди само за нејзиниот патронен празник Спасовден.

Свети Спас

Поглед на црквата Свети Спас

македонска православна црква
Епархија Скопска
Местоположба

Карта

Место Скопје
Општина Центар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Исус Христос
Изградба XVIII век - XIX век (возобновена)
Архитектонски опис

Градба

уреди
 
Поглед на источниот ѕид на црквата

Во дворот се влегува низ тешката и окована дабова порта и во него доминира едноставниот камен саркофаг во кого се сместени посмртните остатоци на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев (1872-1903). Црквата е тробродна, средниот брод е засводен, страничните се рамни и покриени со штици во коцки, додека во западниот дел е подигната галерија за жени. На јужниот ѕид, повисоко од денешното ниво на подот, во текот на поправката на црквата 1963-64 година е откриен живопис од XVI-XVII век. И токму овој ѕид зборува за дел од историјата на оваа црква подигната во XVI век. Во текот на XIX век црквата го добила својот конечен изглед. Во 1824 бил довршен иконостасот, а во 1867 бил изработен дел од престолните икони. За изведување на иконостасот и иконите, свој придонес дале занаетчиските еснафи и трговци од Скопје.

Иконостас

уреди

Црквата Св. Спас е особено значајна поради својата мошне убава уметничка резба во која е изработен иконостасот, владичкиот престол, проповедниците, певниците и постолјето за целивање на икони.

Во архитектонски поглед иконостасот на „Св. Спас“ му припаѓа на иконостаси на еден кат. Овој иконостас според своите уметнички квалитети спаѓа во редот на најубавите мијачки копаничарски дела воопшто. Иконостасот е долг 10 метри и одговара на трите брода на црквата. Висок е 4,50 метри, додека во средниот дел каде што е поставен крстот со распетието височината му изнесува 7 метри. Средниот дел е мапку вовлечен кон олтарот, а со тоа се нарушува рамнобразноста на иконостасот. На северниот и јужниот дел иконостасот се прекршува и продолжува по еден метар во должина од секоја страна, но со многу помала височина.

Според својата конструкција иконостасот се дели на пет хоризонтални појаси: постолје, галерија на престолни икони, архитрав, атика и акротерија. Резбата на конструкцијата е поинаква од оние делови што треба да ги исполнуваат рамните површини и празниот простор. Но, сите овие делови се поврзани со надолжни и попречни врски во дрворез и на тој начин се добива една конструктивна целина.

 
Внатрешноста на црквата

Мотивите на иконостасот, според сликарските прирачници, се позајмени од Светото писмо. Но, декоративниот елемент на разни сцени од Светото писмо не останал никогаш осамен, сето тоа е поврзано со лисја, цвеќиња, животни, и понекогаш со мотиви на геометриски орнаменти. Така, во сплетот на лисјата, цвеќињата, животните и геометриските орнаменти, е извајана светата легенда со ликови од народот, понекогаш во мијачка народна облека. Такав е случајот со Соломеа во сцената Иродовата гозба, или пак случајот со Аврамовата жртва во лозјето Господово. Богатството од разновидните мотиви и композиции од билниот и животинскиот свет, проткаено со геометриски орнаменти, работени во длабок релјеф и вплетени во композициите по текстот на Светото писмо, дава на показ богатство коешто сосема личи на кујунџиските изработки. Оттука, сето тоа прилега на огромна арабеска од тантела, каде што ни еден дел од ореовината не останал необработен; се трепери, и оддалеку делува мошне пријатно, извонредно.

Престолните икони, во најголем број, се работени заедно со иконостасот, и тоа го дознаваме од натписите што се наоѓаат на некои од нив. Две престолни икони се изработени 1867 година и на нив стои записот со името на дарителот и сликарот. Под престолните икони се наоѓа еден тенок корниз завиткан како јаже, кој ги разделува престолните икони од релјефно орнаментираниот долен фриз; тука се малите поли, малите „китабиња“. Нив ги има колку и престолните икони (десет). На нив ажурно се извајани разни сцени од Стариот и Новиот завет, богато преплетени со лисја, цвеќиња и животни. Овој дел покрај ажурираните столбови и лунетите (архивилите) е најизрезбарениот дел на иконостасот.

Во годините кога тајфата на Петре Гарката го изработила иконостасот, таа ги изработила владичкиот престол, проповедницата, проскиниторот - постолјето за целивање на икони и двата аналоја - певниците. И на иконостасот и на погоре споменатите предмети главно владее барокниот стил. Но низ него помалку или повеќе се преплетуваат и други стилови. Со старите дрворезбарски творби на средновековната уметност, со позајмување на мотиви од готиката и ренесансната уметност, а потоа со натуралистички мотиви, композиции од рококо стилот и со мноштво мотиви од источната, Исламска уметност.

Така со спојувањето и преплетувањето на разните стилови, Мијаците создале единствен стил кој во првите години на својот развиток достигнал врв во копаничарската уметност. Иако релативно скромен по димензии, иконостасот импресионира со мајсторството на изведбата, со високиот уметнички квалитет и богатство на содржината, нешто што го става во редот на врвните достигнувања на копаничарската уметност.

Панорама на дворот на црквата „Св. Спас“

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Координати:   42°00′02.85″N, 21°26′08.63″E