15 септември
датум
<< | септември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | |||||
2024 |
15 септември — 258-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (259-и во престапна година). Остануваат 107 денови до крајот на годината.
Настани:
1786 | Италијанскиот лекар и природонаучник Лујџи Галвани ја открил струјата, која според неговото име подоцна е наречена — галванска. |
1812 | Француската армија предводена од Наполеон дошла до Кремљ во Москва. |
1821 | Дотогашните шпански колонии Костарика, Никарагва, Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас прогласиле независност. |
1822 | Францускиот ориенталист Жан Франсоа Шамполион успеал прв да ги дешифрира хиероглифите на Каменот од Розета најден во египетското место Решид, во 1799 година. Тој утврдил дека хиероглифите не се симболично, туку фонетско писмо. Шамполион е основач на египтологијата. |
1830 | Отворањето на железничката линија Ливерпул – Манчестер на која е употребена парната локомотива. „Ракета“ е проследена и со првата железничка несреќа со случајна смрт на англискиот државник Вилијам Хускисон. |
1835 | Бродот „Бигл“ со Чарлс Дарвин пристигнал на островите Галапагос. |
1916 | Тенкот е за првпат употребен во борбени дејства во Битката на Сома во Франција. |
1993 | Во Скопје е регистрирана Асоцијацијата на европските студентски структури при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. |
1995 | Во Скопје, пред влезот на канцеларијата за врски на САД е поставен нов амблем чиј натпис гласи „Амбасада на САД“, со што формално мисијата на САД во Македонија го означи подигањето на нивото на дипломатските односи на релацијата Вашингтон - Скопје. |
2002 | Парламентарни избори во Република Македонија, на кои ќе победи коалицијата За Македонија Заедно предводена од СДСМ и Бранко Црвенковски. |
Родени:
1254 | Марко Поло — венецијански морепловец. |
1878 | Јон Драгумис — грчки дипломат и пропагандист. |
1890 | Агата Кристи — британска писателка. |
1894 | Жан Реноар — француски филмски режисер. |
1908 | Мишко Крањец — словенечки писател. |
1913 | Ристо Кордалов — македонски револуционер. |
1919 | Николај Хајтов — бугарски писател. |
1925 | Кирил Лавров — советски и руски филмски глумец. |
1928 | Кенонбол Адерли — американски џез-музичар. |
1937 | Роберт Лукас — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1995 година. |
1941 | Јуриј Норштејн — руски аниматор. |
1941 | Флоријан Алберт — унгарски фудбалер. |
1941 | Виктор Зубков — руски премиер. |
1942 | Бисера Велетанлиќ — југословенска џез-пејачка. |
1945 | Џеси Норман — американска оперска пејачка. |
1946 | Томи Ли Џонс — американски глумец. |
1946 | Оливер Стоун — американски режисер. |
1951 | Јохан Нескенс — холандски фудбалер. |
1957 | Слободан Качар — српски и југословенски боксер. |
1959 | Драги Митревски — македонски археолог. |
1961 | Соња Савиќ — српска и југословенска глумица. |
1966 | Дејан Савичевиќ — црногорски и југословенски фудбалер. |
1977 | Том Харди — англиски глумец. |
1978 | Марко Пантелиќ — српски фудбалер. |
1978 | Ненад Трповски — македонски кајакар. |
1985 | Мирко Алиловиќ — хрватски ракометар. |
1995 | Давид Раја — шпански фудбалски голман. |
2004 | Давид Поповичи — романски пливач. |
Починале:
668 | Констанс II Ираклиј — цар на Византија. |
885 | Адријан III — римски папа. |
1852 | Артур Велсли Велингтон — Војвода од Велингтон и војсководец од Наполеоновите војни. |
1896 | Димитар Матов — македонски фолклорист. |
1936 | Александрос Зајмис — премиер на Грција. |
1938 | Томас Вулф — американски писател. |
1945 | Антон Веберн - австриски композитор и диригент. |
1980 | Бил Еванс — американски џез-пијанист и композитор. |
1985 | Кути Вилијамс — американски блуз и џез-музичар. |
1995 | Гунар Нордал — шведски фудбалер. |
2008 | Ричард Рајт — англиски рок-музичар, член на групата Пинк флојд. |
2019 | Рик Окасек — американски рок-музичар. |
2022 | Радко Полич — словенечки глумец. |