Македонски Црногорци

Македонските Црногорци се уставно признато малцинство во Македонија. Според пописот од 2002ра година на територијата на Македонија живеат околу 2,003 Црногорци или околу 0.1% од вкупното население во државата[1]. Од социјална гледна точка, во 2006 Црногорците формираа своја заедница, додека од културна секоја година Црногорците го прославуваат 21ви Мај - Денот на независноста на Црна Гора. Целта на оваа заедница е приближување на црногорските традиции воедно и застапување на интересите на Црногорците и нивното пријателство со македонскиот народ. Прв претседател на ова здружение е Мирољуб Орландиќ, додека потпретседатели се Медо Балиќ и Милорад Милановиќ.[2]

Историја

уреди

Црногорците се доселени на територијата на Република Македонија. Првите населувања на Црногорците од Црна Гора се забележуваат за време на Турското ропство.

Според пописот во Република Македонија од 1948 година, имало 2,348 Црногорци или 0.2 од вкупното население во Македонија. Пописот во 1953 забележува повеќе Црногорци, вкупно 2,526 се изјасниле дека се Црногорци. Во следните години бројот на Црногорци се зголемува сè до најголемиот број на Црногорци да биде забележан во 1981 година каде имало 3,940 Црногорци.

Најмногу Црногорци има во Скопје, Битола, Охрид и Куманово.

По вероисповед, Македонските Црногорци се православни христијани.

Познати Македонски Црногорци

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението во Македонија од 2002 година“. Архивирано од изворникот на 2004-06-21. Посетено на 2011-04-21.
  2. Црногорците во Македонија формираа заедница

Поврзано

уреди