Оливера Ќорвезироска

Оливера Ќорвезироска (родена во Куманово, на 29 ноември 1965) — македонска писателка, поетеса, есеистка и критичарка.

Оливера Ќорвезироска
Оливера Ќорвезироска на првиот Фестивал на проза, Куманово, мај 2022
Роден/аМарковиќ
29.11.1965
Куманово, СФРЈ

Животопис уреди

Оливера Ќорвезироска (родена Марковиќ) е родена во Куманово на 29 ноември 1965 година. Основно и средно училиште завршила во Куманово, а Филолошки факултет во Скопје, каде живее и работи. По дипломирањето, таа се вработила во НИП „Нова Македонија“ како лектор. Во 1985 година станала членка на Друштвото на писатели на Македонија.[1][2][3]

Творештво уреди

Делата на Ќорвезироска се преведени на: албански, српски, англиски, француски, турски, чешки, словенечки, полски, руски, унгарски и бугарски јазик. Исто така, таа е застапена во дваесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени во Македонија и во странство.[3]

Библиографија уреди

Ќорвезироска е автор на следниве дела:[3]

  • „Трети кат“ (поезија)
  • „Високите бели“ (поезија)
  • Кифличката Мирна“ (роман за деца)
  • „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (роман за деца)
  • „Дедо Миле“ (сликовница, со Глигор Костовски-Гишо)
  • „Отвораат ли сништата работа“ (критика и есеистика)
  • „Еден Текст и една жена“ (критика и есеистика)
  • „Заклученото тело на Лу“ (роман)
  • „Страдањата на младиот лектор“ (раскази)
  • „(С)плетени раскази“ (раскази)
  • Две перници“ (раскази)
  • „Новелички без шеќер“ (раскази)
  • „(Со)шиени раскази“ (раскази)
  • „Улиците што ги нема“ (раскази)
  • „Аб'т“ (роман)
  • „Дедо Миле“ (сликовница, со Владимир Лукаш)
  • Престапни години (раскази, 2021)

Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4]

Награди и признанија уреди

Во 2003 година, за книгата „(С)плетени раскази“, Ќорвезироска ја добила наградата за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија - „Стале Попов“.

Наводи уреди

  1. okno.mk
  2. www.radiomof.mk
  3. 3,0 3,1 3,2 Оливера Ќорвезироска, Две перници. Скопје: Три, 2010, стр. 183.
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 175-179.