Горно Водно

поранешно село во Општина Карпош

Горно Водно — историско село во околината на Скопје.

Горно Водно
Горно Водно во рамките на Македонија
Горно Водно
Местоположба на Горно Водно во Македонија
Горно Водно на карта

Карта

Координати 41°58′56″N 21°24′58″E / 41.98222° СГШ; 21.41611° ИГД / 41.98222; 21.41611
Регион  Скопски
Општина Карпош
Шифра на КО 25057
Надм. вис. 570 м

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓало југозападно од Скопје на северната падина на планината Водно. Се наоѓало на една тераса висока од 570 до 620 м.

Историја

уреди

Селото, кралот Милутин во 1300 година го приложил на манастирот Св. Ѓорѓи. Селото било регистрирано и во Турските пописни дефтери за Скопскиот санџак од 1568-69 година. Годишните давачки на селото кон спахијата во споменатата 1568-69 година изнесувале 10.000 акчиња.[1]

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Во 1954 година, тогашната власт жителите ги преселила во Скопје, по што населбата се распаѓа.

Раселувањето на Горно Водно е извршено како последица на катастрофалните буици кои често му „се заканувале“ на Скопје. Буиците настанувале како последица на исечените шуми во атарот на ова село. Затоа, скоро секоја година, освен стари, надоаѓале и нови буици со голема моќност. Тие во подножјето на планината Водно, каде се наоѓа еден дел на Скопје, уништувале се’ пред себе: куќи, улици, железничка пруга, болница и др.

Во селото постоела во минатото и црква Рождество на Пресвета Богородица, која била обновена околу средината на 19 век, на темелите на стара црква. Во селото постоело и училиште и една убава училишна зграда, а во селото некое време постоел и турски чифлик, кој подоцна полека преминал во рацете на селското население.

Подоцна, после раселувањето на Г. Водно, биле преземени мерки со цел да се стопираат ерозивните процеси. Затоа, на поголемиот број во нивите и пасиштата каде се наоѓало селото се вршело пошумување. Напуштените куќи на селиштето биле урнати, и материјалот, иселеното население го однеле за ѕидање на нови куќи.

Население

уреди

Како што е запишано во турските пописни дефтери за споменатата година, селото припаѓа кон Скопје, а населението кое живеело во 1568-69 година е следново: Ѓуро Бојо; Мите Борисав (?); Данко Рубец; Рале Пејо; Продан Никола; Јонко Недан; Недан Продан; Михаил Поменко; Петре Продан; Стојко Поменко; Стојан Стефан; Тодор Стефан; Михаил Тончо; Стојко Тончо; Торник Тодор; Гоне (или Коне – Кун) Тодор; Станко Тодор; Јовче Јон; Стојко Јовче; Павле Јовче; Стојко Димитри; Петко Јован; Стефан Петко; Јован Стојан; Пројо Стефан; Богдан Нетко; Пене Божидар; Нако Пене; Петрашин Пене; Стојко Пејо; Стојан Цветко; Петко Стојко; Дабижив Рајко; Стојан Петре, Хранчин ......(?); Петрашин Грчо; Рајко (или Ранко) Јован; Дабижив Рајко; Стојан Стојко; Марко Стојан; Богдан Стојко; Петре Јанко; Стојко Димитри; Станко Ѓурко; Димитри Богдан; Цветко Станко; Никола Станко; Мартин Станко; Мите Петко.

Неоженети во споменатото село во споменатата година се: Тодор Пене; Радосав Пене; Димитри Станко; Петко Николин; Стале Стефан; Васил Стале; Недан Стефан; Ѓуто Степан; Љубисав Ѓуро; Ѓуро, поп; Петрушин Ѓуро; Петко Богдан; Никола Пејо; Вељо Никола.[2]

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 15 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 51 мажи христијани, со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 108 жители.[3]

Г. Водно спаѓало во мала населба во Скопската котлина. Во 1897 година имало 44 куќи и биле поделени во пет маали: Николинско маало, Димишовско, Трпковчево, Крпузуво и Сливаровско. Не можело ни да се примети каде една маала завршувала, а каде друга почнувала. Најголема маала (1897 г.) била Димишковска со 8 куќи, а за најстара маала се сметала Сливаровска.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Водно живееле 120 жители, сите Македонци[4] христијани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Водно имало 160 Македонци[4], под врховенството на Бугарската егзархија.

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Долно Водно и има 255 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на СХС во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

Во 1951 година, имало 44 македонски домаќинства. Фамилииите се нарекувале: Велковци (6к), Штркулои (2к), Завирои (4к), Димишовци (6к), Николинчиња (6к), Трпковци (6к), Карпузовци (1к), Атанасковци (2к), Петревчиња (4к), Младенои (5к) и Ивановци (2к). Сите се разграниле од некогашни три фамилии.[7]

Наводи

уреди
  1. Васиљевић, Ј.Х. (1930). Скопље и његова околина : историска, етнографска и културно политичка излагања. Београд.
  2. Опширен пописен дефтер за Скопскиот санџак од 1568-69 година. Скопје: Архив на Македонија. 1988.
  3. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  4. 4,0 4,1 Македонците биле забележани како Бугари.
  5. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
  7. Trifunoski, J.F. (1967). Raseljena sela u Skopskoj kotlini. Zagreb: Jugoslavenska akademija znanosti i umjetnosti.