Театар Комедијамакедонска театарска установа која е формирана во 2012 година во Скопје, Македонија.

Театар Комедија
Основана2012
Видкултурна установа
МестоСкопје
ДиректорДарко Спасов
Мреж. местоteatarkomedija.mk

Историја

уреди

Театар Конедија како национална институција е формиран во ноември 2011 година, а своето официјално отворање го означи со премиерното прикажување на претставата "Ах, љубов моја" во режија на Коле Ангеловски, и тоа на светскиот ден на театарот - 27 март, 2012 година. Од основањето па до 2014 година, кога се всели во зградата во некогашниот Театар Центар, ја користеше сцената на Драмски театар - Скопје.

Театар Комедија е жанровски определен театар, кој ги негува сите подвидуви на комедијата и на својот репертоар вбројува праизведби од македонски автори, комедии од класиците на светската книжевност и современи комедии од светската драматургија. Иако станува збор за најмладата театарска институција во Македонија, Театар Комедија многу брзо успеа да се постави, како сериозна и успешна театарска институција, која се издвојува од останатите по бројот на премиери и изиграни претстави, по бројот на гостувања и учество на фестивали во земјава и во странство, како и по бројот на освоени награди на националните интернационални фестивали.

Надворешни врски

уреди