Занает — занимање кое бара конкретни работни вештини. Историски ова би било неиндустриско производство во мал број или количество. Човекот кој се занимава со занает се нарекува занаетчија.

Самарџија како прави самари
Копаничар со својата резба

Домаќинствата на занаетчиите не биле толку самоиздржувачки колку оние кои се занимавале со земјоделство и, како такви, директно зависеле од трговска размена.

Занаетчиите особено се концентрирале во урбаните места и формирале еснафи. Бидејќи занаетчиите постојано работеле со размена на добра (покрај нивната изработка), и тоа барало извесно ниво на образованост, во општествената хиерархија тие имале повисоко место од селанството.

Занаетчиството бил главен облик на производство пред индустриската револуција. Исклучок од ова е помасовната организираната поделба на трудот наречена мануфактурно производство, која може да се претстави како преод од поединечниот занаетчија кон индустрискиот период.

Занаетот како тема во уметноста и во популарната култураУреди

  • „Сè, сè, ама занает“ (Све, све, али занат) - српска народна приказна.[1] [2]
  • „Тајите на занаетите“ - песна на руската поетеса Ана Ахматова.[3]
  • „Запис за ковачот“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[4]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 112-113.
  2. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 245-247.
  3. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 56-59.
  4. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 9.