Столе Попов
Столе Попов (р. 20 август 1950 во Скопје[1]) — еден од најзначајните македонски филмски режисери. Во 1973 година дипломира филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград,[1] во класата на професорот Радош Новаковиќ. Во текот на студирањето има снимено 10 краткометражни студентски филмови.
Столе Попов | ||
Роден | 20 август 1950[1] Скопје, НР Македонија[1] | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по режијата на: Црвениот коњ Среќна Нова ’49 Тетовирање Џипси меџик До балчак | |
Занимање | режисер | |
Татко | Трајче Попов |
Кариера
уредиВо периодот од 1974 до 1978 година, Попов имал статус на слободен филмски работник. Од 1978 до 1988 година работел како режисер во Вардар филм, а од 1985 до 1986 година ја вршел должноста на директор на филмска куќа. Од 1989 година, Попов работи како професор по филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Исто така, тој бил еден од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови „Триангл“. Од 1999 година, Попов е член на Европската филмска академија.[1]
Својата филмска кариера, Столе Попов ја започнал со документарниот филм. По своите најзначајни документарни филмови (Оган, Австралија, Австралија и ДАЕ), тој го снимил својот прв игран филм Црвениот коњ (1980), работен според истоимениот роман на современиот македонски писател Ташко Георгиевски. Покрај бројните документарни филмови, вклучувајќи и неколку интересни музички и рекламни спотови, Столе Попов досега има снимено неколку играни филмови, од кои секој го привлекол вниманието како како на стручната филмска критика, така и на публиката воопшто. За своите филмови, тој бил добитник на повеќе релевантни светски и југословенски филмски награди. Наедно, за неколку свои филмови, како документарни така и играни, Попов бил номиниран и за најпрстижната светска филмска награда „Оскар“.
Поважни филмски награди
уреди- Прва награда за документарниот филм Оган на Фестивалот на документарен и краткометражен филм во Белград (1974).
- Grand Prix (Gold Medal) за целовечерниот документарен филм за животoт на македoнските иселеници во Австралија Австралија, Австралија на Југословенскиот филмски фестивал, Белград (1976).
- Grand Prix за документарниот филм ДАЕ на Светскиот филмски фестивал (World Film Festival), во Оберхаузен, Германија, (1979).
- Grand Prix (Златна Арена) за играниот филм Среќна Нова ’49 на Југословенскиот филмски фестивал, во Пула, Хрватска, (1986) .
- Филмот Gipsy Magic влегол во најдобриот избор (Best Selection) на престижната Европска филмска академија (European Film Academy), Берлин, (1997).
Поважни филмски номинации
уреди- Номинација за Оскар на Американска филмска академија за филмот ДАЕ (1979)
- Југословенски кандидат за наградата „Оскар“ со филмот Среќна Нова ’49
- Македонски кандидат за наградата „Оскар“ со филмот Џипси меџик
- Македонски кандидат за наградата „Оскар“ со филмот До Балчак[2]
Филмографија
уреди- Оган - 1974
- Австралија, Австралија - 1977
- ДАЕ - 1979
- Црвениот коњ - 1981
- Среќна Нова ’49 - 1986
- Тетовирање - 1991
- Џипси меџик - 1997
- До балчак - 2014
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Кратка Биографија - Столе Попов
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-11. Посетено на 2014-10-06.
Надворешни врски
уреди„Столе Попов“ на Ризницата ? |
- За филмот Џипси меџик (англиски)
- Столе Попов на Семрежната филмска база на податоци (англиски)