Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Ченто
црква во населбата Ченто
Свети Кирил и Методиј — македонска православна црква во скопската населба Ченто, Општина Гази Баба.[1] Се наоѓа во централниот дел на населбата. Црквата е новоградба, чии темели биле поставени во 1973 година, а била осветена во 1975 година. На ова место во 1938 година бил поставен крст од исклесан камен. Местото имало големо верско значење и е собиралиште за одбележување и прославување на верскиот празник Ѓурѓовден. Поради тоа често кај мештаните оваа црква е позната како „Св. Ѓорѓи“. Црквата честопати била цел на вандалски напади.[2]
Свети Кирил и Методиј
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Северноскопско |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°0′58″N 21°30′39″E / 42.01611° СГШ; 21.51083° ИГД |
Место | Ченто, Скопје |
Општина | Гази Баба |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Кирил и Методиј |
Изградба | 1973 |
Завршено | 1975 |
Осветување | 1975 |
Архитектонски опис |
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „„Смрт за каури" и пенис на црква во населбата Ченто“. Архивирано од изворникот на 2015-03-17. Посетено на 2016-05-24.
Поврзано
уреди- Ченто;
- Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Ченто;
- Црква „Св. Лидија Македонска“ - Ченто - црква во изградба. Се наоѓа на старите гробишта до Домот на културата. Камен-темелник поставен на 22 ноември 2014 година;[1]
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |