Саво Климовски
Д-р Саво Климовски (роден на 13 јуни 1947 година во Скопје) — македонски правник, професор по уставно право и политички систем на Правниот факултет во Скопје[1].
Саво Климовски | |
---|---|
Пратеник во Собрание на Република Македонија | |
На должноста 1998 – 2002 | |
Претседател | Борис Трајковски |
Премиер | Љупчо Георгиевски |
III Претседател на Собранието | |
На должноста | |
Стапил 19 ноември 1998 | |
Претседател | Киро Глигоров Борис Трајковски |
Претходник | Тито Петковски |
Наследник | Стојан Андов |
Претседател на Република Македонија (В.Д.) | |
На должноста 19 ноември 1999 – 15 декември 1999 | |
Претходник | Киро Глигоров |
Наследник | Борис Трајковски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 13 јуни 1947 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | Демократска Алтернатива |
Професија | професор, правник, политичар |
Вероисповед | Православен христијанин |
Научна кариера
уредиПравните студии со одличен успех ги завршува во јуни 1970 год. на Правниот Факултет во Скопје, каде што во 1974 год. се стекнува со степен на магистер од областа на правно-политичките науки. Со докторат на правни науки се стекнува во мај 1978 год. на Правниот Факултет во Љубљана. За асистент на Правниот факултет е избран во април 1971 г. Првпат за редовен професор на научната област уставно право и политички систем и политичка филозофија. Од октомври 1992 год. во два мандати е декан на Правниот Факултет во Скопје. Во периодот 1996 до 1998 година е претседател на Универзитетскиот сенат при Универзитетот „Кирил и Методиј“ - Скопје.
Има објавено повеќе монографии, средношколски и универзитетски учебници, како и бројни прилози во научни и стручни публикации.
Политичка кариера
уредиСаво Климовски во периодот од април 1986 год. до март 1991 год. е член на македонската влада и одговорен за ресорите на образованието, културата и физичката култура.
Од 1992 до 2000 година во Собранието на Република Македонија ги имаше следниве активности:
- Претседател на комисијата за уставни прашања и политички систем
- Претседател на комисијата за европски и евро-атлантски интеграции
- Претседател на советот за меѓунационални односи
На изборите во 1998 година Климовски е избран за пратеник како претставник на Демократската Алтернатива, по што од 1998 до 2000 година ја врши функцијата претседател на Собранието на Република Македонија[2].
Проф. д-р Саво Климовски е основач и претседател на LIONS CLUB - Скопје. Претседател е на невладината организација за научна комуникација и зближување на народите од земјите во кинескиот теснец и останатиот дел од светот.
Наводи
уреди- ↑ „www.pf.ukim.edu.mk“. Архивирано од изворникот на 2011-11-25. Посетено на 2010-12-07.
- ↑ www.sobranie.mk
Надворешни врски
уреди- Официјална страница на Саво Климовски Архивирано на 2 јуни 2008 г.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Тито Петковски |
Претседател на Собранието на Македонија 1998–2000 |
Наследник Стојан Андов |