Темјанушки
Темјанушки | |
---|---|
![]() | |
Viola banksii | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносемени |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Малпигиовидни |
Семејство: | Темјанушки Batsch |
Темјанушките[1][2], темјануги[3][4], синолички[5][6] или љубичици[7][8] (науч. Violaceae) — фамилија на скриеносемени растенија која се состои од околу 800 вида распоредени во 21 род. Името доаѓа од родот темјанушка или љубичица (Viola).
Постарите системи, како Кронквистовиот, ја сместуваа оваа фамилија во ред кој бил именуван по неа - Violales. Но, поновите класификациски системи ја сместуваат во редот Malpighiales
ОписУреди
Темјанушките се повеќегодишни растенија, но мал дел се годишни, најчесто грмушки. Простите листови може да алтернираат или да се наспрамни, често со лиснати или поретко со редуцирани прилисници. Некои видови имаат палмовидни оформени листови или длабоко всечени листови. Многу видови се бесстеблени (акаулесцентни). Соцветијата се со единечни цветови. Тие се хермафродитни, обично зигоморфни или актиноморфни, со чашка од пет чашкини ливчиња кои остануваат и по цветањето. Венчето е со 5 најчесто нееднакви венечни ливчиња, при што најантериорното венечно ливче е поголемо. Андрецеумот е претставен со пет прашници, од кои абаксијалниот е често насечен во основата. Гинецеумот се состои од три споени плодни ливчиња со една локула. Столпчето е просто, плодникот натцветен, со многу семенови зачетоци. Плодовите се капсули.
СистематикаУреди
Потсемејство FusispermoideaeУреди
Потсемејство LeonioideaeУреди
Потсемејство VioloideaeУреди
Племе RinoreeaeУреди
Потплеме HymenantherinaeУреди
Потплеме IsodendriinaeУреди
Потплеме PaypayrolinaeУреди
Потплеме RinoreinaeУреди
- Allexis Pierre
- Decorsella A.Chev. (вклучувајќи го и Gymnorinorea Keay)
- Gloeospermum Triana & Planch.
- Rinorea Aubl. (including Alsodeia Thouars, Phyllanoa Croizat, Scyphellandra Thwaites)
- Rinoreocarpus Ducke
Племе VioleaeУреди
- Agatea A.Gray (вклучувајќи го и Agation Brongn.)
- Anchietea A.St.-Hil.
- Corynostylis Mart.
- Hybanthopsis Paula-Souza
- Hybanthus Jacq. (вклучувајќи ги и Acentra Phil., Clelandia J.M.Black, Cubelium Raf. ex Britton & A.Br., Ionidium Vent., Pigea DC.)
- Mayanaea Lundell
- Noisettia Kunth
- Orthion Standl. & Steyerm.
- Schweiggeria Spreng.
- Viola L. (вклучувајќи ги и Erpetion Sweet, Mnemion Spach)
Синоличките како мотив во уметностаУреди
- „Синолички“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[9]
Надворешни врскиУреди
- Violaceae Архивирано на 15 март 2005 г. in L. Watson and M.J. Dallwitz (1992 onwards). The families of flowering plants: descriptions, illustrations, identification, information retrieval. Архивирано на 3 јануари 2007 г. http://delta-intkey.com Архивирано на 3 јануари 2007 г.
- GRIN Database for the Violaceae Архивирано на 18 ноември 2004 г.
- Chilean Violaceae, by Chileflora Архивирано на 7 јануари 2009 г.
НаводиУреди
- ↑ „темјанушка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „темјанушка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „темјануга“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „темјануга“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „синоличка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „синоличка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „љубичица“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „љубичица“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 24.