Порта Македонија

триумфална арка во Скопје
(Пренасочено од Порта „Македонија“)

Порта „Македонија“ — споменик во облик на славолак (триумфална арка) кој се наоѓа на плоштадот Пела во Скопје. Прогласена е за културно наследство на Македонија со цел да се заштити. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект „Скопје 2014“ и свечено отворен на 6 јануари 2012 со говор на премиерот Никола Груевски каде тој се искажал како идеен творец на проектот.[1] Портата е пуштена во употреба со неколку месеци задоцнување по првичниот рок на 8 септември 2011 г. по повод 20 години од независноста на Македонија поради непредвидено продолжување на градежните работи.[2]

Порта Македонија
Портата Македонија од јужната страна
Карта
Триумфална порта
Општи податоци
Видпорта
Стилкласицизам
МестоПлоштад Пела
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Почната2010
Завршена2011
Отворена6 јануари 2012
Трошок за изградба4,4 млн евра
СопственикМинистерство за култура на РМ
Проектирање и изградба
АрхитектВалентина Стефановска
Архит. биро„Неимар инженеринг“

Портата е висока 21 м. Однадвор има релјефи на површина од 193 м2 што претставуваат разни настани и обележја од историјата на Македонија и нејзината култура, а во внатрешноста има галериски простор на две нивоа и продавница за сувенири. На горниот дел од Порта Македонија има платформа за набљудување со три дурбина, а до таму водат два лифта и две скалишта.[3]

Позната и како „Триумфална капија“, ова е дело на вајарката Валентина Стефановска, авторката на споменикот „Воин на коњ“. Објектот го извело градежното претпријатие „Гранит” по проект на „Неимар инженеринг“ со вкупен трошок од 4,4 милиони евра.[4]

Илуминација на Портата Македонија за време на манифестацијата „Бела ноќ“ (30.9.2023)

Тематика

уреди
 
Илуминација на Портата Македонија за време на манифестацијата „Бела ноќ“ (30.9.2023)

Споменикот има 32 релјефа врз прилепски мермерСивец“ во длабока резба на кои се прикажани сцени од праисторијата преку наколната населба во Заливот на Коските, антиката со Александар Македонски, средниот век со сесловенските просветители Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, Цар Самоил и подоцнежните периоди со Крале Марко и Карпош, а XX век е претставен со Илинден, АСНОМ, Егзодусот од Егејска Македонија, па сè до прогласувањето на независноста на Македонија во 1991 г. Покрај историските сцени, страничните ѕидови се украсени со артефакти од народната материјална култура, како и четири бронзени статуи на аглите врз первазот.

Наводи

уреди
  1. Денеска промоција на „Порта Македонија“ - Канал 5 посет. 6 јануари 2012 г
  2. Македонија, Казахстан: Триумфални капии за прослава на 20 години независност - Global Voices на македонски посет. 1 април 2012 г
  3. „Порта Македонија за македонскиот триумф“. Архивирано од изворникот на 2012-09-05. Посетено на 21 септември 2011.
  4. „Финишира изградбата на Порта Македонија“. Посетено на 21 септември 2011.

Надворешни врски

уреди

41°59′40″N 21°25′56.4″E / 41.99444° СГШ; 21.432333° ИГД / 41.99444; 21.432333