Драмски театар - Скопје
Драмскиот театар - Скопје — една од најстарите театарски институции во Македонија.
![]() | |
Основана | 1946 |
---|---|
Тип | културна установа |
Место | Скопје |
Директор | Маја Вељковиќ-Пановска |
Мреж. место | dramskiteatar.com.mk |
ИсторијаУреди
Театрот започнал како куклен/детски театар во рамките на Македонскиот народен театар (МНТ), која во 1946 година ја основал својата Куклена сцена.[1][2] Во 1949 година, по неколку успешни куклени претстави, Куклената сцена при МНТ и официјално прераснала во Градски куклен театар, чиј прв директор бил Лазар Балабанов.[2] Во сезоната 1957/58, под раководство на Ристо Стефановски, театарот се реорганизирал во Младинско-детски театар, кој своите претстави ги играл на две сцени: младинска и детска.
Од 1960 година во театарот започнала да работи и вечерната сцена, со првата претстава „Доживувањата на Николетина Бурсаќ“ (драматизација Миња Дедиќ, режија Петре Прличко; премиера на 5 февруари 1960).
Од земјотресот во 1963 до 1965 година, театарот немал своја зграда. На 4 март 1965 година, Драмскиот младинско-детски театар се преселил во монтажниот објект (изграден како донација на Британската амбасада) на улицата „Шекспирова“ во населбата Карпош 2.[3] Првата претстава што била изведена во новиот објект на театарот била „Богомилска балада“.[2] Едновремено се формирал и постојан професионален ансамбл, чии членови-основачи биле: Нада Гешоска, Димитар Гешоски, Дарко Дамески, Вукан Диневски, Мара Исаја, Јон Исаја, Ацо Јовановски, Тодорка Кондова-Зафировска, Драги Крстевски, Крум Стојанов, Милица Стојанова, Димче Мешковски и Кирил Ќортошев. Истата година, театарот се преименувал во „Драмски театар“.
ПретставиУреди
До крајот на 2001 година, Драмски театар поставил 332 премиери и прикажал повеќе од 10.500 претстави. Најизведувани претстави во Драмскиот театар биле „Солунски патрдии“,[4] со 335 изведби во периодот 1979-2006, како и „Болва во уво“, со 333 изведби.Исто така, голема популарност имала претставата „Чија си“, која за само две години имала 181 изведба, како и претставите „Свадба“ на Васил Иљоски и во режија на Димитрие Османли и „Рибарски караници“ на Карло Голдони и во режија на Тодорка Кондова-Зафировска. Во 1963 година, претставите на Драмскиот театар ги гледале 142.465 гледачи, а таа година имало пет премиери и 259 одиграни претстави. Успешна година била и 1974 година, со 140.406 гледачи. Потоа, посетеноста на претставите започнала да се намалува и изнесувала: 80.000 гледачи во 1990 година, околу 50.000 во 2010 година (на 213 претстави) и 26.000 посетители во 2013 година (на 112 претстави). Првата Стериина награда, Драмски театар ја освоил за претставата „Покојник“ од Нушиќ, а во режија на Љубиша Георгиевски, додека најнаградувани претстави биле: „Јане Задрогаз“ од Горан Стефановски а во режија на Слободан Унковски, „Еригон“ од Јордан Плевнеш а во режија на Љубиша Георгиевски и „Диво месо“ на Горан Стефановски а во режија на Унковски.[2]
На сцената на Драмски театар биле поставени следниве претстави:
- Силјан штркот (адаптација и режија: Петре Прличко), 1946.[2]
- Богомилска балада, 1965.[2]
- Еврипид, Тројанки (режија: Љубиша Георгиевски), 1966. Улоги: Лилјана Баковиќ, Лиле Георгиева, Димитар Гешоски, Милица Стојанова, Нада Гешоска, Дарко Дамески, Видосава Грубач, Ленче Делова, Тодорка Кондова-Зафировска, Димче Мешковски, Снежана Михајловиќ, Славица Зафировска, Кирил Ќортошев.
- Леон Кручковски, Германци (режија: Кажимјес Браун), 1968. Улоги: Кирил Ќортошев, Нада Гешоска, Ацо Јовановски, Милица Стојанова, Мите Грозданов, Димитар Гешоски, Дарко Дамески, Снежана Михајловиќ, Тома Видов, Лилјана Велјанова, Самоил Дуковски, Благој Црвенков.
- Оливера Николова, Земја во која не се стигнува (режија: Душан Наумовски), 1968. Улоги: Владимир Ангеловски-Дади, Сабина Ајрула-Тозија, Димче Мешковски, Шишман Ангеловски, Лиле Георгиева, Мите Грозданов, Димитар Гешоски, Видосава Грубач, Самоил Дуковски, Симе Илиев, Благој Црвенков.
- Васил Иљоски, Бегалка (режија: Тодорка Кондова-Зафировска), 1968. Улоги: Стево Спасовски, Шишман Ангеловски, Самоил Дуковски, Александар Ѓорчев, Ацо Јовановски, Димче Мешковски, Снежана Михајловиќ, Крум Стојанов, Милица Стојанова, Кирил Ќортошев, Благој Црвенков.
- Стеван Таневски, Владимир и Косара (режија: Тодорка Кондова-Зафировска), 1971. Улоги: Сабина Ајрула-Тозија, Владимир Ангеловски-Дади, Шишман Ангеловски, Коле Ангеловски, Тома Видов, Лиле Георгиева, Димитар Гешоски, Мите Грозданов, Видосава Грубач, Дарко Дамевски, Самоил Дуковски, Димче Мешковски, Александар Ѓорчев, Ненад Милосављевиќ, Стево Спасовски, Снежана Михајловиќ, Снежана Стамеска.
- Питер Шефер, Црна Комедија (режија: Васил Ќортошев), 1971. Улоги: Драги Костовски, Снежана Стамеска, Димитар Гешоски, Милица Стојанова, Ацо Јовановски, Александар Ѓорчев, Кирил Ќортошев, Самоил Дуковски, Сабина Ајрула-Тозија.
- Васил Иљоски, Свадба (режија: Димитрие Османли), 1972. Улоги: Благоја Чоревски, Ненад Милосављевиќ, Милица Стојанова, Снежана Стамеска, Нада Гешоска, Димитар Гешоски, Марин Бабиќ, Лиле Георгиева, Шишман Ангеловски, Славица Зафировска, Самоил Дуковски, Димче Мешковски, Симе Илиев, Благој Црвенков.[2]
- Ристо Давчевски Мустаките на Генералот Рококајко, (режија: Коле Ангеловски), 1972. Улоги: Владимир Ангеловски-Дади, Димче Мешковски, Петре Арсовски, Гоце Влахов, Кире Печијаревски, Стево Спасовски, Симе Илиев, Славица Зафировска.
- Антон Чехов Вишновата градина, (режија: Тодорка Кондова-Зафировска), 1973. Улоги: Коле Ангеловски, Сабина Ајрула-Тозија, Марин Бабиќ, Лиле Георгиева, Нада Гешоска, Димитар Гешоски, Видосава Грувач, Ленче Делова, Самоил Дуковски, Александар Ѓорчев, Тодорка Кондова-Зафировска, Драги Костовски, Димче Мешковски, Снежана Михајловиќ, Тодор Николовски, Славица Зафировска, Славчо Тасевски.
- Жорж Фејдо Болва во уво, (режија: Коле Ангеловски) 1974. Глумци: Ацо Јовановски, Лиле Георгиева, Благоја Чоревски, Стево Спасовски, Мите Грозданов, Мајда Тушар, Сабина Ајрула-Тозија, Димче Мешковски, Коле Ангеловски, Симе Илиев, Лилјана Велјанова, Видосава Грубач.[2]
- Оливера Николова, Чук Чук Стојанче, (режија: Коле Ангеловски), 1975. Глумци: Владимир Ангеловски-Дади, Лилјана Велјанова, Димитар Зози, Димче Мешковски, Диме Илиев, Снежана Михајловиќ, Снежана Стамеска, Виолета Шапковска.
- Коле Чашуле, Достага на самиот врв на највисоката власт, (режија: Љубиша Георгиевски). Глумци: Крум Стојанов, Благоја Чоревски, Лиле Георгиева, Тодорка Кондова-Зафировска, Стево Спасовски, Снежана Стамеска, Диме Илиев, Виолета Шапковска, Симе Илиев, Ванчо Петрушевски, Димитар Зози, Гоце Тодоровски.
- Чарлс и Мери Лемб, Шекспир во приказна, (режија: Коле Ангеловски), 1978. Глумци: Мите Грозданов, Лилјана Велјанова, Снежана Михајловиќ, Снежана Стамеска, Славица Зафировска, Владимир Ангеловски-Дади, Димче Мешковски, Гоце Тодоровски, Симе Илиев, Марин Бабиќ, Ванчо Петрушевски, Благоја Чоревски, Ацо Дуковски.
- Душан Јовановиќ, Ослободување на Скопје, (режија: Слободан Унковски), 1978. Глумци: Снежана Стамеска, Мајда Тушар, Ацо Јовановски, Марин Бабиќ, Нада Гешоска, Ванчо Петрушевски, Стево Спасовски, Димитар Зози, Дарко Дамески, Мето Јовановски, Крум Стојанов, Ненад Милосављевиќ, Ацо Дуковски, Ацо Ѓорчев, Славчо Тасевски, Симе Илиев, Кирчо Божиновски, Видосава Грубач, Благој Црвенков.
- Миле Попоски, Солунски патрдии (режија: Коле Ангеловски), 1979. Глумци: Димче Мешковски, Владимир Ангеловски-Дади, Мите Грозданов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Сабина Ајрула-Тозија, Марин Бабиќ, Ленче Делова. Снежана Михајловиќ, Снежана Стамеска, Димитар Зози, Диме Илиев, Ацо Дуковски, Лилјана Велјанова, Стево Спасовски, Симе Илиев.[2]
- Бранислав Нушиќ, Покојник (режија: Љубиша Георгиевски).[4]
- Горан Стефановски, Јане Задрогаз (режија: Слободан Унковски), 1974. Улоги: Тодорка Кондова-Зафировска, Мето Јовановски, Александар Ѓорчев, Владимир Ангеловски-Дади, Коле Ангеловски, Ацо Дуковски, Димче Мешковски, Мајда Тушар, Мите Грозданов, Ленче Делова, Петар Темелковски, Лиле Георгиева, Шишман Ангеловски, Сабина Ајрула-Тозија, Стево Спасовски, Снежана Стамеска, Крум Стојанов.[4]
- Јордан Плевнеш, Еригон (режија: Љубиша Георгиевски), 1982. Улоги: Мето Јовановски, Мери Бошкова, Петар Темелковски, Милица Стојанова, Тони Несторов, Самоил Стојановски, Лилјана Велјанова, Крум Стојанов, Мите Грозданов, Ненад Милосављевиќ, Лиле Георгиева, Димитар Гешоски, Ѓорѓи Тодоровски, Снежана Михајловиќ, Ѓокица Лукаревски, Сабина Ајрула-Тозија, Љупчо Тодоровски, Јовица Михајловски, Самоил Дуковски, Силвија Стојановска, Катерина Коцевска, Виолета Шапковска, Крсте Јовановски.[4]
- Горан Стефановски, Диво месо (режија: Слободан Унковски) 1979. Глумци: Ненад Стојановски, Мето Јовановски, Стево Спасовски, Петар Темелковски, Димче Мешковски, Ленче Делова, Крум Стојанов, Александар Ѓорчев, Милица Стојанова, Снежана Стамеска, Благоја Чоревски, Лилјана Велјанова, Видосава Грубач, Ванчо Петрушевски, Шишман Ангеловски.[4]
- Мирослав Беловиќ Капетанот Џон Пиплфокс, (режија: Коле Ангеловски) 1981. Глумци: Димче Мешковски, Јовица Михајловски, Лилјана Велјанова, Владимир Ангеловски-Дади, Стево Спасовски, Диме Илиев, Ацо Дуковски, Ѓокица Лукаревски, Виолета Шапковска, Димитар Зози, Владимир Талески, Марин Бабиќ, Гоце Тодоровски, Лазе Манасковски, Благој Црвенков, Викторија Анѓушева.[2]
- Карло Голдони, Рибарски караници (режија: Тодорка Кондова-Зафировска) 1979. Глумци Димитар Гешоски, Лиле Георгиева, Снежана Михајловиќ, Драгиша Димитриевски, Диме Илиев, Мите Грозданов, Сабина Ајрула-Тозија, Мајда Тушар, Ленче Делова, Самоил Дуковски, Владимир Ангеловски-Дади, Димче Мешковски, Стево Спасовски, Ѓорѓи Тодоровски, Ѓокица Лукаревски.[2]
- Жан Батист Поклен Молиер Дон Жуан (режија: Љубиша Георгиевски) 1980. Улоги: Петар Темелковски, Ѓокица Лукаревски, Ленче Делова, Мите Грозданов, Мајда Тушар, Душица Стојановска, Владимир Ангеловски-Дади, Славчо Тасевски, Гоце Тодоровски, Младен Крстевски, Беким Нуредини.
- Весна Парун Мачорот Џингискан и Мими Траси, (режија: Звездана Ладика), Улоги: Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Милица Стојанова, Димче Мешковски, Димитар Гешоски, Виолета Шапковска, Лилјана Велјанова, Лазе Манасковски, Викторија Анѓушева, Симе Илиев, Катерина Коцевска.
- Миле Неделковски Преспански круг со црвена боја, (режија: Владимир Милчин), 1983. Улоги: Петар Темелковски, Илија Милчин, Димитар Гешоски, Снежана Стамеска, Диме Илиев, Ванчо Петрушевски, Ацо Јовановски, Ѓокица Лукаревски, Милица Стојанова, Шишман Ангеловски, Симе Илиев, Лиле Георгиева, Видосава Грубач.
- Горан Стефановски Хај - Фај (режија: Љубиша Георгиевски), 1983. Улоги: Александар Ѓорчев, Ненад Стојановски, Лилјана Велјанова, Мими Таневска, Лазе Манасковски, Катерина Коцевска, Димитар Бошков
- Горан Стефановски Дупло дно (режија: Слободан Унковски), 1984. Улоги: Ванчо Петрушевски, Јовица Михајловски, Ненад Стојановски, Александар Ѓорчев, Милица Стојанова, Благоја Чоревски, Силвија Стојановска.
- Миле Поповски Викенд на мртовци, (режија: Коле Ангеловски), 1985. Улоги: Димче Мешковски, Ѓорѓи Јолевски, Јовица Михајловски, Тодорка Кондова-Зафировска, Благоја Чоревски, Гоце Тодоровски, Снежана Стамеска, Душица Стојановска, Владимир Ангеловски-Дади, Снежана Михајловиќ, Видосава Грубач, Марин Бабиќ, Ленче Делова, Диме Илиев, Игор Џамбазов, Лилјана Велјанова, Виолета Шапковска, Катерина Коцевска.
- Горан Стефановски Тетовирани души, (режија: Паоло Маџели), 1985. Улоги: Ненад Стојановски, Мето Јовановски, Стево Спасовски, Милица Стојанова, Александар Ѓорчев, Силвија Стојановска, Катерина Коцевска, Мајда Тушар, Димитар Зози, Викторија Анѓушева, Ѓокица Лукаревски, Софија Куновска, Самоил Дуковски, Благоја Чоревски, Димитар Станковски, Марин Бабиќ, Диме Илиев, Гоце Тодоровски, Ѓорѓи Тодоровски, Јовица Михајловски, Игор Џамбазов, Ана Костовска, Дубравка Киселички, Марија Вртева, Рујиш Беговска, Љупчо Бојковски, Нино Леви, Мустафа Јашар.
- Михаил Афанасиевиќ Булгаков Зојкиниот стан, (режија: Стојан Стојановски), 1986. Улоги: Снежана Стамеска, Димче Мешковски, Лиле Георгиева, Ѓокица Лукаревски, Ацо Јовановски, Мите Грозданов, Ѓорѓи Тодоровски, Виолета Шапковска, Јовица Михајловски, Викторија Анѓушева, Анастас Тановски, Симе Илиев, Самоил Дуковски.
- Вилијам Шекспир Ноќ спроти водици, (режија: Димитар Станковски), 1986. Улоги: Стево Спасовски, Анастас Тановски, Силвија Стојановска, Катерина Коцевска, Ѓорѓи Тодоровски, Игор Џамбазов, Марин Бабиќ, Лилјана Велјанова, Ленче Делова, Гоце Тодоровски, Владимир Ангеловски-Дади, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Диме Илиев, Ванчо Петрушевски.
- Август Стринберг Татко, (режија: Тодорка Кондова-Зафировска), 1989. Улоги: Мите Грозданов, Мајда Тушар, Сабина Ајрула-Тозија, Марија Кондовска, Стево Спасовски, Анастас Тановски, Милица Стојанова, Бранко Ѓорчев, Видосава Грубач, Душица Стојановска.
- Душан Ковачевиќ Собирен центар (режија: Коле Ангеловски), 1989. Улоги: Мите Грозданов, Владимир Ангеловски-Дади, Гоце Тодоровски, Лиле Георгиева, Анастас Тановски, Диме Илиев, Трајче Иваноски, Снежана Михајловиќ, Виолета Шапковска, Димче Мешковски, Катерина Коцевска, Лазе Манасковски, Лилјана Велјанова, Ванчо Петрушевски, Марин Бабиќ, Ѓокица Лукаревски.
- Жан Ајун Женски оркестар, (режија: Димитар Станковски), 1991. Улоги: Димче Мешковски, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Јовица Михајловски, Ѓокица Лукаревски, Благоја Чоревски, Игор Џамбазов.
- Реј Куни Не сега драга (режија: Коле Ангеловски), 1991. Улоги: Силвија Стојановска, Видосава Грубач, Трајче Иваноски, Ѓокица Лукаревски, Драган Спасов-Дац, Душица Стојановска, Марин Бабиќ, Сабина Ајрула-Тозија, Катерина Коцевска, Анастас Тановски.
- Горан Стефановски Чернодрински се враќа дома (режија: Слободан Унковски), 1992. Улоги: Димче Мешковски, Ненад Стојановски, Снежана Стамеска, Благоја Чоревски, Стево Спасовски, Катерина Коцевска, Драган Спасов-Дац, Марија Кондовска, Јовица Михајловски, Сенко Велинов, Софија Куновска.
- Вилијам Шекспир Бура е (режија: Коле Ангеловски). Глумци: Кирил Ристоски, Диме Илиев, Бранко Ѓорчев, Драган Спасов-Дац, Сенко Велинов, Марин Бабиќ, Димитар Зози, Лазе Манасковски, Владимир Ангеловски-Дади, Анастас Тановски, Виолета Шапковска, Ѓорѓи Јолевски, Душица Стојановска, Викторија Анѓушева.
- Небојша Ромчевиќ Сили во воздухот (режија: Ацо Алексов), 1992. Улоги: Ненад Стојановски, Мајда Тушар, Снежана Стамеска, Милица Стојанова, Ѓорѓи Тодоровски, Ацо Јовановски, Благоја Чоревски, Марин Бабиќ, Анастас Тановски, Димитар Моловски.
- Педро Калдерон Животот е сон (режија: Слободан Унковски), 1993. Улоги: Ненад Стојановски, Благоја Чоревски, Јовица Михајловски, Драган Спасов-Дац, Софија Куновска, Марија Кондовска, Роберт Вељановски, Јелена Жугиќ, Васил Шишков, Тони Михајловски.
- Жан Батист Поклен Молиер Дон Жаун (режија: Ненад Стојановски), 1994. Улоги: Сенко Велинов, Драган Спасов-Дац, Силвија Стојановска, Ана Костовска, Диме Илиев, Лазе Манасковски, Снежана Стамеска, Шишман Ангеловски, Стево Спасовски, Ацо Јовановски, Тони Михајловски, Звездана Ангеловска.
- Душан Ковачевиќ Маратонците го трчаат почесниот круг (режија: Коле Ангеловски), 1994. Улоги: Димче Мешковски, Стево Спасовски, Тодорка Кондова-Зафировска, Владимир Ангеловски-Дади, Ванчо Петрушевски, Драган Спасов-Дац, Звездана Ангеловска, Лазе Манасковски, Марија Кондовска, Бранко Ѓорчев, Зоран Митровски.
- Сашко Насев Харем (режија: Димитар Станковски). Глумци: Ѓокица Лукаревски, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Драган Спасов-Дац, Силвија Стојановска, Сенко Велинов, Марија Кондовска, Ацо Јовановски, Димитар Зози, Јовица Михајловски, Никола Груевски.
- Никола Василевиќ Гогољ Ревизор, (режија: Љубиша Георгиевски), 1995. Улоги: Благоја Чоревски, Снежана Михајловиќ, Звездана Ангеловска, Лазе Манасковски, Јелена Жугиќ, Диме Илиев, Анастас Тановски, Бранко Ѓорчев, Сашо Тасевски, Димитар Зози, Роберт Вељановски, Симе Илиев, Драган Спасов-Дац.
- Коле Ангеловски Кумови, (режија: Коле Ангеловски), 1995. Улоги: Мирале Зупчевиќ, Сенко Велинов, Бранко Ѓорчев, Душица Стојановска, Звездана Ангеловска, Васил Шишков, Снежана Стамеска, Гоце Тодоровски, Анастас Тановски, Владимир Ангеловски-Дади, Димче Мешковски, Лазе Манасковски, Диме Илиев, Роберт Вељановски.
- Антон Чехов Вујко Вања (режија: Димитар Станковски), 1997. Улоги: Димче Мешковски, Марија Кондовска, Мето Јовановски, Милица Стојанова, Звезда Ангеловска, Бајруш Мјаку, Ванчо Петрушевски, Ленче Делова.
- Венко Андоновски Словенски ковчег, (Режија: Димитар Станковски), 1998. Улоги: Марија Кондовска, Марин Бабиќ, Ванчо Петрушевски, Сабина Ајрула-Тозија, Билјана Беличанец, Јовица Михајловски, Лилјана Велјанова, Рефет Абази, Драган Довлев.
- Венко Андоновски Кандид во земјата на чудата, (Режија: Сашо Миленковски), 2000. Улоги: Драган Спасов-Дац, Бранко Ѓорчев, Сузан Акбелге, Стево Спасовски, Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ, Сашо Тасевски, Ирена Ристиќ, Калина Наумовска, Рубенс Муратовски, Билјана Драгичевиќ-Пројковска.
- Едвард Олби Брачна игра (режија: Љупчо Тозија), 2003. Улоги: Благоја Чоревски, Катерина Коцевска.
- Коле Ангеловски Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид, (Режија: Коле Ангеловски), 2004. Улоги: Димче Мешковски, Сашо Тасевски, Роберт Вељановски, Игор Стојчевски, Јелена Жугиќ, Марија Кондовска, Лазе Манасковски, Диме Илиев, Билјана Беличанец, Ирена Ристиќ, Димитар Зози, Калина Наумовска.
- Горан Стефановски, Лет во место (Режија Слободан Унковски) 2005. Улоги: Бранко Ѓорчев, Јовица Михајловски, Дејан Лилиќ, Мето Јовановски, Снежана Стамеска, Драган Спасов-Дац, Владимир Ангеловски-Дади, Ѓокица Лукаревски, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Ѓорѓи Тодоровски, Благоја Чоревски, Рубенс Муратовски, Сашо Тасевски, Софија Куновска, Роберт Вељановски.
- Вилијам Шекспир, Сон на летната ноќ (Режија: Коле Ангеловски) 2008. Улоги: Рубенс Муратовски, Гордана Ендровска, Ѓорѓи Тодоровски, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Диме Илиев, Трајанка Илиева, Владимир Ангеловски-Дади, Јелена Жугиќ, Калина Наумовска, Лазе Манасковски, Ѓокица Лукаревски, Гоце Тодоровски, Ивана Здравкова, Анастас Тановски, Оливера Ѓоргоска, Симона Јовчевска.
- Венко Андоновски, Генетика на кучињата (Режија: Дејан Пројковски]]) 2012. Улоги: Драган Спасов-Дац, Јелена Жугиќ, Филип Трајковиќ, Билјана Беличанеќ, Дејан Лилиќ, Драгана Левенска, Роберт Вељановски, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков, Никола Ацески, Игор Ангелов, Гордана Ендровска, Крсте Јовановски, Жарко Димоски.
- Војдан Чернодрински, Македонска крвава свадба (Режија: Сташа Зуровац), 2012. Улоги: Јана Стојановска, Жарко Димоски, Игор Ангелов, Ѓокица Лукаревски, Ана Костовска, Димче Мешковски, Гоце Тодоровски, Роберт Вељановски, Софија Куновска, Игор Стојчевски, Ѓорѓи Тодоровски, Филип Трајковиќ, Калина Наумовска, Катерина Шехтанска, Маја Вељковиќ-Пановска, Гордана Ендровска, Диме Илиев, Анастас Тановски, Душица Стојановска, Марија Кондовска, Александра Павлова, Викторија Анѓушева.
- Горан Стефановски Демонот од дебармаало (режија: Слободан Унковски) 2012. Глумци: Јовица Михајловски, Билјана Беличанец, Јелена Јованова, Марин Бабиќ, Драган Спасов-Дац, Трајанка Илиева, Дејан Лилиќ, Сашо Тасевски, Јелена Жугиќ, Диме Илиев.
- Реј Куни Фани Мани (режија: Коле Ангеловски) 2012. Глумци: Благоја Чоревски, Владимир Ангеловски-Дади, Ванчо Петрушевски, Димче Мешковски, Катерина Коцевска, Лазе Манасковски, Марија Кондовска.
- Горан Стефановски Огнени јазици (режија: Слободан Унковски 2013. Глумци: Драган Спасов - Дац, Благој Веселинов, Сања Арсовска, Зоран Љутков, Филип Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Диме Илиев, Игор Ангелов, Билјана Драгичевиќ-Пројковска
- Миле Попоски Солунски патрдии (режија: Коле Ангеловски) 2013. Глумци: Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Маја Вељковиќ-Пановска, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Зоран Љутков, Јелена Жугиќ, Трајанка Илиева, Златко Митрески, Катерина Шехтанска, Калина Наумовска, Гордана Ендровска, Марија Кондовска, Душица Стојановска, Викторија Анѓушева, Катерина Коцевска, Марија Спиркоска Илијеска, Александра Павлова, Валдета Исмаили.
- Сашко Насев Чија си (режија: Љупчо Ѓорѓиевски) 2013. Глумци: Анастас Тановски, Благоја Чоревски, Силвија Стојановска, Ванчо Петрушевски, Ленче Делова, Ѓокица Лукаревски, Марија Кондовска, Ѓорѓи Тодоровски, Душица Стојановска.
- Душан Ковачевиќ Живот во тесни чевли (режија: Ненад Витанов 2014. Глумци: Драган Спасов-Дац, Марија Кондовска, Ѓокица Лукаревски, Душица Стојановска, Ванчо Петрушевски, Зоран Љутков, Билјана Драгичевиќ-Пројковска.
- Љубиша Георгиевски, Евангелие на глупоста, (режија: Љубиша Георгиевски) 2014. Улоги: Милица Стојанова, Благоја Чоревски, Ирена Ристиќ, Петар Мирчевски, Диме Илиев, Ана Костовска, Игор Ангелов, Катерина Шехтанска, Трајанка Илиева-Таци, Филип Трајковиќ, Валдета Исмаили
- Душан Радовиќ, Капетанот Џон Пиплфокс, (режија: Коле Ангеловски) 2014. Улоги: Игор Ангелов, Трајанка Илиева, Маја Вељковиќ-Пановска, Ѓокица Лукаревски, Ѓорѓи Тодоровски, Зоран Љутков, Филип Трајковиќ, Душица Стојановска, Златко Митрески, Анастас Тановски, Диме Илиев, Александра Павлова, Валдета Иманили.[2]
- Нис-Моме Штокман, Човекот што го изеде светот (режија: Билјана Радиноска), 2014. Глумци: Игор Стојчевски, Диме Илиев, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Димитрија Доксевски, Стефан Вујисиќ.[5]
- Катерина Коцевска, Љубовници (режија: Катерина Коцевска), 2015. Улоги: Билјана Беличанец, Зоран Љутков, Маја Вељковиќ-Пановска, Драган Спасов-Дац.[6][7]
- Јордан Плевнеш, Еригон (режија: Јани Бојаџи), 2015. Глумци: Игор Стојчевски, Роберт Вељановски, Марина Поп Панкова, Гордана Ендровска, Ѓорѓи Тодоровски, Миа Кантарџиева, Анастас Тановски, Александар Степанулески, Благица Димитровска, Соња Стамболџиоска, Петар Темелковски, Милица Стојанова, Едмонд Сотир, Кристијан Светиев, Дритон Вејсели, Ирена Илиевска, Александра Павлова.
- Дејан Дуковски, Буре барут (режија: Сашо Миленковски), 2016. Глумци: Лазе Манасковски, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Благица Димитровска, Јовица Михајловски, Благоја Чоревски, Александра Павлова, Игор Стојчевски, Виолета Шапковска, Емилија Мицевска, Сашо Тасевски, Симон Манасковски, Александар Степанулески, Рубенс Муратовски, Димитрија Доксевски, Филип Трајковиќ, Јана Стојановска.
- Кејл Васерман, Лет над кукавичјото гнездо (режија: Ристо Алексовски), 2017. Глумци: Сашо Тасевски, Благоја Чоревски, Емилија Мицевска, Диме Илиев, Ѓорѓи Тодоровски, Игор Ангелов, Соња Стамболџиоска, Златко Митрески, Ненад Нацев, Предраг Павловски, Мелита Софрониоска, Игор Георгиев, Александра Павлова.
- Вилијам Шекспир, Венецијанскиот трговец (режија: Наташа Поплавска), 2017. Глумци: Јана Стојановска, Диме Илиев, Јовица Михајловски, Анастас Тановски, Златко Митревски, Зоран Иваноски, Дамјан Цветановски, Стефан Вујисиќ, Григор Јовановски.[8]
- Паоло Геновезе, Странци (режија: Нела Витошевиќ), 2018. Улоги: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Зоран Љутков, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Предраг Павловски, Анастас Тановски, Маја Вељковиќ-Пановска, Емилија Мицевска.
- Доналд Ли Кобурн, Партија реми (режија: Виолета Џолева), 2018. Глумци: Ѓокица Лукаревски, Маја Вељковиќ-Пановска.
- Томас Винтерберг, Фестен (режија: Зоја Бузалковска), 2018. Глумци: Диме Илиев, Лилјана Велјанова, Александар Степанулески, Дејан Лилиќ, Соња Стамболџиоска, Емилија Мицевска, Дениз Абдула, Лазе Манасковски, Димитрија Доксевски, Ѓорѓи Тодоровски, Предраг Павловски, Златко Митрески, Тамара Ристоска, Анастасија Аневска.
- Алфред Жари, Крал Иби (режија: Васил Христов), 2018. Глумци: Игор Ангелов, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Софија Куновска, Предраг Павловски, Катерина Шехтанска, Јана Стојановска, Маја Вељковиќ-Пановска, Емилија Мицевска, Игор Георгиев, Тамара Ристовска, Долорес Поповиќ.
- Коле Ангеловски, Како да се ограби банка (режија: Иван Манасковски), 2018. Улоги: Гоце Тодоровски, Лазе Манасковски, Марија Кондовска, Катерина Шехтанска, Симон Манасковски, Калина Наумовска, Игор Георгиев.
- Мишел Де Гелдерод, Пантаглез (режија:: Владимир Милчин), 2019. Улоги: Зоран Љутков, Соња Стамболџиоска, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески, Александар Степанулески, Димитрија Доксевски, Лазе Манасковски, Предраг Павловски, Игор Георгиев, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Симон Манасковски.
- Блаже Конески, Драмски за Конески, 2021. Глумци: Анастас Тановски, Лилјана Велјанова, Драган Спасов-Дац, Јелена Жугиќ, Катерина Коцевска, Игор Ангелов, Маја Вељковиќ-Пановска, Зоран Љутков, Дејан Лилиќ, Дамјан Цветановски.
- Коле Ангеловски, Птица со главата меѓу нозе (режија: Коле Ангеловски), 2021. Улоги: Стефан Вујисиќ, Маја Вељковиќ-Пановска, Благоја Чоревски, Марија Кондовска, Анастас Тановски, Ѓокица Лукаревски, Калина Наумовска, Симон Манасковски, Благица Димитровска.
- Горан Стефановски, Моето име е Горан Стефановски, (режија: Бранислав Миќуновиќ), 2022. Улоги: Мето Јовановски, Јелена Жугиќ, Стефан Вујисиќ, Драган Спасов-Дац, Игор Ангелов, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Дамјан Цветановски, Ана Димитрова, Благоја Чоревски, Златко Митрески, Сања Димитриевска.
- Вацлав Хавел, Вернисаж (режија: Теа Беговска), 2022. Улоги: Роберт Вељановски, Гордана Ендровска, Предраг Павловски
- Миа Николоска Така зборуваше Гертруда (режија: Ангелчо Илиевски, 2022. Улоги: Анастас Тановски, Душица Стојановска, Лазе Манасковски, Ѓорѓи Тодоровски, Јовица Михајловски, Стефан Вујисиќ, Рубенс Муратовски, Соња Стамболџиоска, Александар Степанулески, Емилија Мицевска, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски, Ана Димитрова, Трајанка Илиева Велиќ.
- Ѓерѓ Шпиро За нас почнува живот (режија: Дејан Пројковски, 2022. Улоги: Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Нино Леви.
- Жан Пауре Кафез кај Кокони (режија: Димче Николовски), 2023. Улоги: Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Стефан Вујисиќ, Предраг Павловски, Димитрија Доксевски, Маја Вељковиќ-Пановска, Дамјан Цветановски, Соња Стамболџиоска, Златко Митрески, Нела Павловска, Емилија Мицевска, Бранко Атанасов.
НаводиУреди
- ↑ Прва претстава Силјан Штркот; драматизација и режија на Петре Прличко; изработка на кукли Светлана Малахова; премиера на 21 април 1946
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Милена Атанасоска Манасиева, „Драмски имал најмногу гледачи веднаш по скопскиот земјотрес“, Дневник, година XX, број 5995, понеделник, 22 февруари 2016, стр. 22.
- ↑ „Драмски театар одбележа 50 години живот на улицата Шекспирова“, Утрински весник, година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 15.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „Сомнително лице најизведувана во МНТ, Последните Македонци - во Драмски“, Дневник, година XIX, број 5697, петок, 20 февруари 2015, стр. 19.
- ↑ „Чиста и природна играбазирана на чувствителен текст“, Дневник, година XIX, број 5657, петок, 2 јануари 2015, стр. 19.
- ↑ „Премиера на „Љубовници“ во Драмски театар“, Утрински весник, година XVI, број 4721, петок, 27 февруари 2015, стр. 14.
- ↑ „Љубовници е непредвидлива и забавна претстава“, Утрински весник, година XVI, број 4723, понеделник, 2 март 2015, стр. 16.
- ↑ Вилијам Шекспир, Венецијански трговец. Скопје: НУ Драмски театар - Скопје, 2017.