Бранимир Штулиќ - Џони
Бранимир Штулиќ Џони (роден на 11 април 1953 во Скопје) е рок-музичар, основач и некогашен пејач на загрепската група Азра. Претставник на таканаречениот Нов Бран на југословенската рок музика од периодот на залезот на 1970-тите и 1980-тите години на 20. век. Овој исклучително харизматичен човек има извршено енормно влијание на цела генерација луѓе кои израснаа со неговите ноти и стихови. Од почетокот на 1990-те години се сели во Утрехт, Холандија, каде живее повлечен живот до ден денешен, и не се занимава со ништо на професионален план, и останува глув на разните повици да се врати на Балканот и во рок музиката. И покрај едноиполдецениската неактивност неговото музичко влијание е сѐ уште огромно, дури и кај младите луѓе кои израснаа по распадот на заедничката држава. Во негова чест се одржуваат рок-настани под име Tribute to Azra. Познат е како единствен музичар на балканските простори кој објавил тројни и четворни албуми. На почетокот на 1980-тите години сам си нанесе најголема штета со хиперпродукција - за само три години издаде еден обичен, два дупли и еден троен албум, вкупно 8 плочи. И покрај впечатливиот музички израз, за негова најсилна доблест се сметаат стиховите. Своевиден куриозитет кој недвосмислено ја потврдува неговата големина, е правењето бисти со неговиот лик:ниту еден друг музичар, ниту уметник воопшто, не дочекал соработниците и обожавателите да му прават (ненарачани) бисти за време на животот. Неговиот култ опстојува сам од себе - култот на неговата личност сѐ уште живее, и покрај дводецениската неактивност, и покрај тоа што нема организација која би се грижела за одржување на култниот статус.
Бранимир "Џони" Штулиќ | |
---|---|
![]() | |
Биографски податоци | |
Родено име | Бранимир Штулиќ |
Познат(а) и како | Џони |
Роден(а) | 11 април 1953 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
Потекло | Загреб, НР Хрватска, ФНРЈ |
Жанрови | Рок, Фолк рок, Фолк Алтернативен рок |
Занимања | музичар |
Инструменти | вокал, гитара |
Период на активност | 1977—1991, 1998 |
Издавачи | Југотон |
Соработници | Азра |
Емигрантските години во Холандија ги поминува во рекреативно играње мал фудбал, и има освоено повеќе први, втори и трети места на турнири, со различни состави на соиграчи.
Надворешни врскиУреди
- Една од хрватските веб страни посветена на Азра и Џони. (хрватски) (српски)
- Една од српските веб страни посветена на Азра и Џони. (хрватски) (српски)
- Уште една од веб страниците посветени на Азра и Џони. (хрватски) (српски)