Светска метеоролошка организација
Светска метеоролошка организација или СМО (анг. World Meteorological Organization, WMO) — меѓувладина организација во која членуваат 188 држави членки и територии. Организацијата произлегува од поранешната Меѓународна организација за метеорологија, основана во 1873. Светската организација за метеорологија, основана во 1950 година, е специјализирана агенција на ООН за метеорологија (време и клима), оперативна хидрологија и поврзани геофизички науки. Седиштето на организацијата се наоѓа во Женева, Швајцарија. Сегашен претседател е Александар Бедрицки, а Генерален секретар Мишел Жаро. Во јуни 1976г. СМО предупреди дека постои можност од значајно глобално затоплување, како резултат на шпекулациите од страна на репортерите за појавување на Мало ледено доба.
| |||||
Знамето на СМО | |||||
Тип | Агенција на ООН | ||||
Акроними | WMO OMM | ||||
Челник | Герхард Адријан[1] | ||||
Статус | активна | ||||
Основана | 1950 | ||||
Штаб | Женева, Швајцарија | ||||
Мрежно место | www.wmo.int | ||||
Портал | ООН Портал |
---|
Улога
уредиСветската организација за метеорологија е специјализирана агенција на Обединетите нации. СМО игра главна улога во известување за состојбата и однесувањето на Земјината атмосфера, нејзината интеракција со океаните, климатските промени и дистрибуција на ресурси на вода. Од 24 јануари 2007г. во СМО членуваат 188 држави членки и територии. Основана во 1950г. СМО стана специјализирана агенција на Обединетите нации, а во 1951г. за метеорологија ( време и клима ), оперативна хидрологија и поврзани геофизички науки. Произлегува од поранешната Меѓународна организација за метеорологија ( на англиски:(International Meteorological Organization (IMO)), којашто била основана во 1873г.
Бидејќи времето, климата и водениот циклус не познаваат национални граници, меѓународната соработка во светски рамки е суштествена за развојот и успешната примена на метеорологијата и оперативната хидрологија. СМО ја обезбедува рамката за таква меѓународна соработка. Од нејзиното основање, СМО играше единствена и моќна улога во придонесувањето за безбедноста и благосостојбата на човештвото. Под водство на СМО и во рамките на нејзините програми, Националните Метеоролошки и Хидролошки служби, значително придонесуваат за заштита на животот и материјалните добра од природни катастрофи, за заштита на животната средина и унапредување на економскиот и социјален развој на сите делови од општеството во области како обезбедување на храна, водни ресурси и транспорт. СМО ја промовира соработката за воспоставување на мрежи за метеоролошки, климатски, хидролошки и геофизички опсервации, непречена размена, обработка и стандардизација на податоци како и за технолошки трансфер, обука и истражување. СМО ја поттикнува соработката меѓу Националните Метеоролошки и Хидрометеоролошки служби на своите членки како и примената на метеорологијата во јавните временски служби, земјоделието, воздухопловството, патниот сообраќај, заштита на животната средина прашања поврзани со водата и ублажување на последиците од природните катастрофи. СМО ја олеснува слободната и непречена размена на податоци и информации, производи и услуги во реално или приближно реално време во однос на прашањата поврзани со бебедноста на општеството, економски развој и заштита на животната средина. Придонесува и за создавањето на политикта во овие области на национално и меѓународно ниво. Во одредени случаи на временски или климатски непогоди, коишто сочинуваат приближно 90% од сите природни катастрофи, програмите на СМО обезбедуваат значајни информации за предвремено предупредување со што се намалуваат човечки жртви, материјални штети и се заштитува животната средина. СМО исто така придонесува и за ублажување на последиците од катастрофи предизвикани од страна на човекот, како што се хемиските и јадрени несреќи, палење на шуми и вулкански пепел. СМО игра главна улога во надгледување и заштита на животната средина преку своите програми, во светски рамки. Во соработка со агенциите на Обединетите нации и Националните Метеоролошки и Хидролошки служби, СМО ја поддржува имплементацијата на бројни конвенции за заштита на животната средина и е надлежна за давање совети и мислења на владите за одредени прашања. Овие активности придонесуваат за обезбедување на одржлив развој и благосостојба за нациите. СМО и Програмата за заштита на животната средина на ООН ( на англиски: United Nations Environment Programme -UNEP) го создадоа Меѓувладиниот панел за климатски промени ( на англиски: Intergovernmental Panel on Climate Change -IPCC). Исто така СМО е директно одговорен за создавање на Глобален надзор на атмосферата ( на англиски: Global Atmosphere Watch -GAW).
Метеоролошки кодови
уредиСо цел извршување на задачите за промовирање на стандардизацијата на метеоролошките опсервации, СМО располага со многубројни видови на кодови за репрезентација и размена на метеоролошки, океанографски и хидролошки податоци.
Светскиот ден на метеорологијата
уреди• Светскиот ден на метеорологијата се одбележува секоја година на 23 март.
Светска конференција за климата
уредиСветската конференција за климата- ( на англиски: World Climate Conference- WCC ) ќе се одржи во периодот од 31 август до 4 септември 2009г. во Женева, Швајцарија под покровителство на СМО. Нејзината цел е да го следи напредокот во сезонските и годишните климатски прогнозирања и да ја поттикне нивната примена при донесување на одлуки во социо-економските сектори, како ште се: храната, водата, енергијата, здравството, туризмот и др. сектори за развој. Конференцијата се стреми да даде свој придонес во достигнувањата на Милениумските развојни целина ООН, а и во пошироките климатски цели преку давање поддршка за климатска адаптација.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Official Website
- Founding charter Архивирано на 17 март 2005 г.
- WMO country codes
- [1]
Литература
уреди- Игор Јанев, Statutary order of International Organizations, Institute of Political Studies, Belgrade, 2009, ISBN 978-86-7419-191-0