Славка Арсова
Славка Арсова — македонски поет, писател за деца. Родена е во Скопје на 3 јули 1934 година. Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како гимназиски професор[1]. Член на ДПМ од 1993 година. Била членка на Претседателството на ДПМ во два наврата, претседателка на Здружението на просветните работници на РМ и претседателка и основачка на детскиот републички литературен фестивал „Ракатки“.
Славка Арсова | |
---|---|
Роден(а) | 3 јули 1934 Скопје, Македонија |
Починал(а) | 5 ноември 2024 Скопје, Македонија | (возр. 90)
Занимање | Писателка |
Добитничка е на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, награда на манифестацијата „Месец на липите“, награда за животно дело на Здружението на просветните работници – литературни творци и други признанија.
Автор е на книгите:
- Вечно постоење (поезија, 1991),
- Именијада (поезија за деца, 1992),
- Да полетаме со птиците (поезија за деца, 1993),
- Пораки на разумот и душата (поезија, 1994),
- Те имаме земјо вековијо (поезија, 1996),
- Детски лажго смешки (поезија за деца, 1997),
- Трепетот на интимата (поезија, 1998),
- Срцевина си на се (поема, 1998),
- Дом на месечината (роман за деца, 1999),
- „Зелениот брод“(роман за деца, 2001)
- „Мобилките пред пештерата“,
- „Детски ѓаволштини“ (2002)
- „Волшебниот свет на децата“,
- „Разни имиња -без презимиња“( 2005),
- Бисерчиња од детски главчиња ( 2009)
- Песни за мали и големи (2011),
- „Бисерчиња од детски главчиња 2“ (2017),
- романот „Солзите на Роска“ (2019),
- збирката „Лажготека“(2022),
- „Крај изворот на Вардар“ (2023).