Тодор Бојаџиев (Скопје, 25 ноември 1948 - Скопје, 30 декември 2009) — македонски композитор, аранжер и пијанист[1].

Животопис уреди

Бојаџиев е роден во Скопје на 25 ноември 1948 година. Своето композиторско деби го имал на фестивалот во Суботица, Младина ‘72, со песната „Спомен мој далечен“. Како автор учествувал и на повеќе изданија на Скопскиот забавен фестивал, на кој добивал и награди (1975, со песната „Бакни ме“; 1976, „Те љубам“; 1977, „Кажи ми“). Учествувал и на други македонски фестивали. Напишал музика за неколку театарски претстави. На полето на класичната музика создал десетина композиции, главно, во периодот 19972006 година. Во 2005 го издал авторскиот албум „Ѕвездени ноќи“, со 15 инструментални композиции содадени во изминатиот период. По кусо и тешко боледување Бојаџиев починал на 30 декември 2009 во Скопје[2].

Наводи уреди

  1. Марко Коловски (уред.). Македонска енциклопедија. I (прво. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 186. ISBN 978-608-203-024-1.
  2. „Последен збор Тодор Бојаџиев“. Утрински Весник. 31 декември 2009. Посетено на 2009-12-31.