Мајк Зафировски (роден 14 ноември 1953[1]) е познат светски стопанственик, со македонско етничко потекло кој живее и работи во САД.[2][3]

Зафировски на конференција во Лас Вегас

Роден е во Скопје во 1954 година, а заедно со своето семејство во САД се преселил во 1969 година, во сојузната американска држава Охајо. Високото образование го стекнал на универзитетот „Единборо“ во Пенсилванија, каде и докторирал. Кариерата ја започнал во американската компанија „Џенерал Електрик“. Извршувал високи менаџерски функции во повеќе големи светски компании како „Боинг“, „Моторола“, „Нортел“, а од 2007 година е советник на американскиот претседател Џорџ Буш за безбедност во телекомуникациите и технологијата.[4][5]

Добитник е на „медалот на честа“ во 2004 година. Мајк Зафировски заедно со повеќе други македонски стопанственици од дијаспората е носител на проектот „Македонија 2025“ кој има за цел да го поттикнува економскиот развој и привлекувањето на странските инвеститори во Република Македонија. Мајк Зафировски е женет и е татко на три сина.

Наводи

уреди
  1. Pitts, Gordon (July 30, 2007). 'These things do not happen overnight'. theglobeandmail.com.
  2. „UMD interview“. Архивирано од изворникот на 2008-08-20. Посетено на 2012-07-21.
  3. „Nortel Bio of Mike which the statements "Native of Macedonia" and "Zafirovski serves on (...) the Macedonian Arts Council“. Архивирано од изворникот на 2008-10-22. Посетено на 2012-07-21.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-05-06. Посетено на 2012-07-21.
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2012-07-21.