Јахја-пашина џамија

џамија во Скопје, Македонија

Јахја-пашина џамија е муслимански храм кој се наоѓа во Скопје, Македонија. Врз основа на сочувани документи џамијата била изградена во 1504 година од Јахја-паша во Скопје.

Јахја-пашина џамија
Основни податоци
МестоСкопје, Македонија
Припадностислам
Осветен1504
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Особености
Минариња1

Историја

уреди
 
Земјотресот во Скопје од 1963 година

Во периодот на своето постоење таа била на неколкупати реновирена и реконструирена. Кон крајот на 19 век и 20 век, џамијата на двапати била погодена од гром, кој предизвикал оштетување кај објектот. Во 1915 година, за време на Првата светска војна, Германците просторот на џамијата го користеле за артилериска работилница, така што по завршувањето на Првата светска војна повторно била приспособена за вршење на верски обреди.

Опис

уреди

Над едноставната внатрешна квадратна форма, се издига висока калота разделена ребресто. Ѕидовите се обложени со мермерни плочи, а внатрешниот естетски впечаток е збогатен со мермерната украсна оплата на мимбарот и михработ, со прецизно изработенитее сталактитни украси. Порталот е украсен со полирани мермерни плочи, а над вратата се наоѓаат сталактитни висулки, симетрично распоредени. Влезната врата изработена од ореово дрво, копаничарски е обработена. Лево и десно од порталот, вѕидани се два михраба, кои во летните месеци биле користени за вршење на верски обреди. Елегантниот трем на западната страна се држи на високи мермерни столбови, кои во својот горен дел завршуваат со капители и шилести лакови што помага да се добие впечаток на монументалност на оваа џамија.

Минарето на Јахја-пашината џамија е високо 50 метри, и се смета за највисоко меѓу скопските минариња на другите џамии. На врвот на минарето се наоѓа, од злато изработена полумесечина и ѕвезда, а Шерифетот е изработен со декоративни елементи и сталактити поставени во неговото подножје.