Попис на населението во Македонија (2021)

попис на населението во Македонија


Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија во 2021 година — статистичка операција која започнала на 5 септември и завршила на 30 септември 2021 година.[2]

Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија

← 2011 5 септември 2021 следен →

Општи информации
ДржаваМакедонија Македонија
УправаДржавен завод за статистика
Мрежно местоПопис 2021 — ДЗС
Резултати
Вкупно население1.836.713[1] ( 9,18 %)
Статусзавршен

Спроведување на пописот

уреди

Пописот првично требал да се оствари во април 2020 година, но потоа бил презакажан за април 2021 година, па повторно презакажан за септември. Пандемијата на КОВИД-19 во Македонија и нејзиниот непредвидлив тек на развој спречила успешен попис на почетокот на годината. Сепак, пописот бил успешно спроведен и завршен до крајот на септември 2021 година.[3]

Од 1 март 2021 година започнало самопопишување на дијаспората преку мрежното место на Државниот завод за статистика.[4] Самопопишувањето на дијаспората завршило со нерамномерен попис, така што најголем дел од самопопишаните биле од западноевропските земји, а помал број од прекуокеанските земји.

Првиот сет на податоци од пописот бил објавен на 30 март 2022 година, опфаќајќи податоци за вкупното резидентно и вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства. Во месеците што следат треба да бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските одлики на населението, за становите, за домаќинствата и така натаму.[5]

Резултати

уреди

Население по општини

уреди
 
Промена на населението во % во периодот 2002-2021.

Возраст

уреди

Во однос на старосната структура, општини со најголем процент на младо население (0-14 год.) биле: Студеничани (29.76%), Арачиново (27.16%) и Шуто Оризари (26.24%), додека општини со најмал процент на младо население биле: Демир Хисар (10.83%), Кратово (10.18%) и Ново Село (9.72%).

Старото население (над 65 години) процентуално било најмногу застапено во: Ново Село (28.86%), Дебарца (27.29%) и Чешиново-Облешево (24.97%). 51 жител на Македонија имале 100 и повеќе години.

 
Старосна група Мажи Жени Вкупно %
Вкупно 911.087 925.626 1.836.713 100
0–4 49.747 46.774 96.521 5.26
5–9 56.603 52.715 109.318 5.95
10–14 54.397 51.111 105.508 5.74
15–19 53.405 50.630 104.035 5.66
20–24 54.525 52.028 106.553 5.80
25–29 59.354 56.791 116.145 6.32
30–34 62.688 60.413 123.101 6.70
35–39 64.193 63.188 127.381 6.94
40–44 64.558 63.628 128.186 6.98
45–49 62.383 64.061 126.444 6.88
50–54 62.068 63.575 125.643 6.84
55–59 62.928 64.824 127.752 6.96
60–64 61.019 63.776 124.795 6.79
65–69 54.852 59.335 114.187 6.22
70–74 40.767 49.037 89.804 4.89
75–79 24.180 31.076 55.256 3.01
80–84 14.918 20.165 35.083 1.91
85-89 6.778 9.818 16.596 0.90
90-94 1.507 2.349 3.856 0.21
95-99 199 299 498 0.03
100+ 18 33 51 0.00
Старосна група Мажи Жени Вкупно Процент
0–14 160.747 150.600 311.347 16.95
15–64 607.121 602.914 1.210.035 65.88
65+ 143.219 172.112 315.331 17.17
Општина % од населението по возраст[7]
0 до 14 15 до 64 65+
Општина Аеродром 16.11% 63.62% 20.27%
Општина Бутел 18.56% 65.21% 16.23%
Општина Гази Баба 16.97% 65.07% 17.96%
Општина Ѓорче Петров 14.94% 65.44% 19.62%
Општина Карпош 15.58% 64.23% 20.19%
Општина Кисела Вода 15.09% 65.38% 19.53%
Општина Сарај 25.03% 66.36% 8.61%
Општина Центар 15.04% 61.92% 23.04%
Општина Чаир 22.64% 65.65% 11.71%
Општина Шуто Оризари 26.24% 65.84% 7.91%
Општина Арачиново 27.16% 66.01% 6.83%
Општина Берово 11.52% 64.89% 23.59%
Општина Битола 14.58% 65.24% 20.17%
Општина Богданци 12.86% 68.51% 18.63%
Општина Боговиње 19.29% 69.32% 11.39%
Општина Босилово 14.85% 65.62% 19.53%
Општина Брвеница 17.09% 69.72% 13.19%
Општина Валандово 14.37% 66.70% 18.93%
Општина Василево 18.64% 65.62% 15.74%
Општина Вевчани 12.72% 68.12% 19.16%
Општина Велес 15.29% 65.77% 18.94%
Општина Виница 14.46% 64.24% 21.30%
Општина Врапчиште 19.01% 68.60% 12.39%
Општина Гевгелија 14.55% 66.10% 19.35%
Општина Гостивар 16.95% 68.46% 14.58%
Општина Градско 17.01% 64.99% 18.00%
Општина Дебар 19.80% 66.44% 13.76%
Општина Дебарца 11.86% 60.85% 27.29%
Општина Делчево 12.53% 64.61% 22.86%
Општина Демир Капија 14.32% 65.77% 19.91%
Општина Демир Хисар 10.83% 65.73% 23.44%
Општина Дојран 14.07% 63.91% 22.02%
Општина Долнени 21.55% 65.69% 12.76%
Општина Желино 23.61% 66.73% 9.65%
Општина Зелениково 17.08% 65.78% 17.14%
Општина Зрновци 12.32% 63.81% 23.87%
Општина Илинден 16.48% 65.46% 18.06%
Општина Јегуновце 15.99% 66.97% 17.04%
Општина Кавадарци 15.04% 66.88% 18.08%
Општина Карбинци 18.16% 65.06% 16.78%
Општина Кичево 14.95% 68.64% 16.41%
Општина Конче 15.78% 65.76% 18.46%
Општина Кочани 13.92% 64.75% 21.33%
Општина Кратово 10.18% 65.96% 23.86%
Општина Крива Паланка 12.53% 66.76% 20.71%
Општина Кривогаштани 14.07% 65.63% 20.30%
Општина Крушево 16.96% 63.57% 19.48%
Општина Куманово 17.48% 66.60% 15.92%
Општина Липково 21.35% 69.19% 9.46%
Општина Лозово 15.95% 66.17% 17.89%
Општина Маврово и Ростуша 15.59% 63.69% 20.73%
Општина Македонска Каменица 12.89% 68.19% 18.92%
Општина Македонски Брод 13.65% 67.46% 18.88%
Општина Могила 14.92% 67.03% 18.06%
Општина Неготино 15.05% 67.26% 17.69%
Општина Новаци 14.31% 64.05% 21.64%
Општина Ново Село 9.72% 61.42% 28.86%
Општина Охрид 14.43% 64.89% 20.68%
Општина Петровец 20.44% 63.13% 16.44%
Општина Пехчево 11.98% 64.35% 23.68%
Општина Пласница 17.84% 72.43% 9.73%
Општина Прилеп 14.91% 65.56% 19.53%
Општина Пробиштип 12.39% 65.70% 21.91%
Општина Радовиш 17.30% 65.05% 17.64%
Општина Ранковце 16.08% 65.40% 18.53%
Општина Ресен 12.86% 65.50% 21.64%
Општина Росоман 14.96% 67.52% 17.52%
Општина Свети Николе 13.36% 65.93% 20.72%
Општина Сопиште 20.41% 63.58% 16.01%
Општина Старо Нагоричане 13.65% 62.30% 24.05%
Општина Струга 17.46% 68.59% 13.95%
Општина Струмица 16.90% 64.80% 18.29%
Општина Студеничани 29.76% 63.32% 6.91%
Општина Теарце 17.58% 69.09% 13.34%
Општина Тетово 19.37% 68.33% 12.30%
Општина Центар Жупа 20.67% 64.30% 15.03%
Општина Чашка 25.77% 59.38% 14.85%
Општина Чешиново-Облешево 11.48% 63.55% 24.97%
Општина Чучер Сандево 18.02% 64.35% 17.63%
Општина Штип 15.17% 65.79% 19.05%
Македонија 16.95% 65.88% 17.17%

Галерија

уреди

Белешки

уреди
  1. Податоците се дадени според територијалната организација на Република Македонија од 2004 година. Податокот за Општина Кичево се однесува на вкупното население заедно со општините: Зајас, Другово, Вранештица и Осломеј кои во 2013 година биле припоени кон Општина Кичево.

Наводи

уреди
  1. „Попис 2021: Во С. Македонија живеат 1.836.713 граѓани или 185 илјади помалку од последниот попис“. Радио МОФ. 30 март 2022. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Започна Пописот 2021!“. Попис 2021 — Државен завод за статистика. 5 септември 2021. Посетено на 5 септември 2021.
  3. „Попис 2021“. popis2021.stat.gov.mk. Посетено на 2021-11-24.
  4. „Од понеделник почнува самопопишувањето во странство преку веб-апликација“. Радио МОФ. 27 февруари 2021. Посетено на 5 септември 2021.
  5. „Државниот завод за статистика ќе ги објави првите резултати од пописот“. Радио слободна Европа. 30 март 2022. Посетено на 1 април 2022.
  6. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 — прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  7. „Вкупно резидентно население по 5 годишни возрасни групи и пол, според типот на населеното место, по општини, Попис 2021“.

Надворешни врски

уреди