Симон Трпчески
Симон Трпчески (18 септември 1979, Скопје) — меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња. За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот. Во 2011, Трпчески станува прв носител на титулата Национален уметник на Република Македонија.[1]
Настапи
уредиБританија
уредиДекември 2005 имал мини-настап во Саут Бенк што е и неговиот прв настап во Лондон во International Piano Series исто така и два настапи со London Philharmonic Orchestra и Владимир Јуровски. Јуни 2005 повторно настапува во холот на кралицата Елизабета со Philharmonic Orchestra кое полека станува негова традиција. Во 2006 декември има повторно настап во холот на кралицата со London Symphony Orchestra со диригенција на Антонио Паппано.
САД
уредиСимон Трпчески е еден од ретките кои добил повторна покана назад по неговиот деби настап во Њујорк во ноември со New York Philharmonic Orchestra и е повторно поканет да настапи во 2007 година со Мазел. Неговото деби во Сан Франциско е исто така со San Francisco Symphony Orchestra и резултирало со покана за повторен настап да свири Rachmaninov’s Paganini Variations со Ашкенази. Неговото деби во Лос Анџелес било во Холивуд Бол каде има 5 настапи после тоа со Colorado, Seattle and Indianapolis Symphony Orchestras and the Los Angeles Chamber Orchestra.
Kaнада
уредиВо Канада првиот настап му е во Торонто со Toronto Symphony Orchestra во мај 2005 каде доблил доста понуди за да остане и да работи таму перманентно. Исто така има настапувано и во Ванкувер и Отава и неколкупати на приватни елитни забави.
Јапонија и Австралија
уредиТрпчески имал цела турнеја во Јапонија по името “Royal Concertgebouw Orchestra and Simon’s” (Кралскиот концертен дом и Симон). Настапувал во Сендај со Sendai Philharmonic Orchestra исто така и во Токио со токиската филхармонија. По патот на настапот о во Јапонија исто така има и краток настап во Сингапур со тамошната филхармонија и во Хонгконг со резидентната филхармонија. Воодушевената публика во тие краеви во неколку наврати на случајни интервјуа вели дека никогаш нема да го заборави концертот на Симон Трпчески.
Европа
уредиНа својата турнеја низ скандинавските земји свирел во Стокхолм, Берген, Голденбург и Хелсинки на сите места во придружба од Шведската филхармонија. Од сите настапи добил громогласни аплаузи и покана за повторни настапи на таа сцена. Од скандинавските држави продолжил накај Данска каде настапувал со Данската филхармонија. Од таму има настапи во Германија во Берлин со домашната филхармонија. Потоа, во Холандија исто така со домашната филхармонија. За следно одредиште е одбрана Франција и нивниот славен дворец на културата Рок Дантерон во Париз во средината на април 2005 и бидејќи публиката била одушевена на нивно барање одржал уште еден концерт во Лувр.
Дискографија
уредиСимон Трпчески има снимено 4 албуми, сите за продукциската куќа ЕМИ Класикс (EMI Classics). Сите тие имаат преработки од познатите композитори како Чајковски, Бетовен.
Награди
уредиНекои од позначајните награди и признанија кои ги добил Симон Трпчески се:
- декември 1998 - Прво место на меѓународниот натпревар „Yamaha Music Foundation of Europe“ во Скопје
- април 2000 - Милениумски Светски натпревар во пијано,,Millenium World Piano Competition London" - Второ место
- мај 2003 - Young Artist Award од Кралското Филхармониско Друштво (Royal Philharmonic Society)
- април 2005 - Диск на месецот (Април) - во Музичкиот магазин на БиБиСи (BBC Music Magazine)
- 23 септември 2011 - Национален уметник на Македонија - прв добитник на оваа почесна титула[1].
- октомври 2011 — Национален уметник на Република Македонија
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Иванов ќе му ја додели титулата "Национален уметник на РМ" на Трпчески“. Нетпрес. 23 септември 2011. Архивирано од изворникот на 2011-09-24. Посетено на 23 септември 2011.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на пијанистот Симон Трпчески (англиски)
- Изданија на Симот Трпчески Архивирано на 13 август 2021 г. евидентирани од ВБУ Музички Регистар.
„Симон Трпчески“ на Ризницата ? |
Културни функции | ||
---|---|---|
Претходник новосоздадена |
Национален уметник на Македонија 2011 |
Наследник Милчо Манчевски |