Ружа Анѓел
Ружа Анѓел или Ружа Анџел ( 1920 во Скопје — 1943 во Треблинка, Полска) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите во Холокаустот.[1]
Животопис
уредиБидејќи целото нејзино семејство учествувало во заднината на НОД од првите денови на вооруженото востание, таа била вклучена во сите акции на илегалното движење во градот.[1] Во 1942 година била член на симпатизерска група и собирала народна помош.[2] Во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци. Во март 1943 година од страна на бугарскиот фашистички окупатор, била депортирана во концентрациониот логор Треблинка (Полска), каде била задушена во гасна комора.[1] Нејзиното име и членовите на нејзиното семејство се наоѓале на Список на листата број 25, депортирани од Скопје.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 979.
- ↑ „ЕВРЕЈКИТЕ ОД СКОПЈЕ“. holocaustfund.org.mk (англиски). Посетено на 2024-08-13.
- ↑ Кралевски и други, Боро (1969). Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. стр. 331–383.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |