Данило Коцевски (23 април 1947, Куманово - 13 септември 2020)[1]македонски книжевен критичар, раскажувач, романописец, драматург и поет. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел во весникот „Млад борец“ и Македонската радио-телевизија. Бил главен уредник на списанието „Разгледи“ - Скопје. Членувал е на Друштвото на независните писатели на Македонија и во Македонскиот ПЕН центар. Познат е како хроничар на градот Скопје поради своите статии објавувани во „Нова Македонија“ и емисиите на Македонската телевизија. Бил директор на Струшките вечери на поезијата.

Книжевно творештво

уреди
Критики и есеи
  • „Да и не“ (1981)
  • „За новите тенденции“ (1984)
  • „Сепак се движи“ (1985)
  • „Критиката како заблуда“ (1988)
  • „Поетиката на постмодернизмот“ (1989)
  • „Антиномиите на критиката“ (1989)
  • „Модерно и постмодерно“ (1993)
  • „Постмодерни текови“ (1996)
  • „Нови есеи“ (2001)
  • „Побуна на интелектуалците“ (2007)
Романи
Проза
Поезија
  • „Каде се раѓа песната“ (1992)
  • „Поетовата смрт“ (1995)

Одделни текстови му се објавени на англиски, француски, руски, романски и португалски.

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]

Награди

уреди
  • „Рациново признание“
  • „13 Ноември“
  • „Млад борец“

Наводи

уреди
  1. Почина писателот Данило Коцевски, хроничарот на Скопје
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 89-92.