Босилек
Босилек | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Усноцветни |
Род: | Босилек |
Вид: | Сладок босилек |
Научен назив | |
Ocimum basilicum L. |
Босилек или босилок, поточно сладок босилек (науч. Ocimum basilicum) — растение од семејството на усноцветните (Lamiaceae). Босилекот е мека нискорастечка билка која се одгледува во топли клими. Потекнува од Иран, Индија и други тропски региони на Азија, и се култивира барем 5.000 години. Постојат многу видови босилек: оној што се употребува во италијанската кујна се нарекува „сладок босилек“, за разлика од „тајландскиот“ или „светиот“ кои се употребуваат во Азија.
Најчесто се користи во националните кујни на Италија, Тајланд, Виетнам и Лаос.
Зборот „босилек“ веројатно доаѓа од грчкиот збор за крал (βασιλεύς - „василеос“) бидејќи според легендите босилек никнал на местото кај што светите Константин и Елена го откриле светиот крст. Се верува и дека можеби босилекот се употребувал во некое обредно кралско капење или лековита смеса.
Здравствени дејства
уредиВо последно време има многу истражувања за дејството на есенцијалните масла во босилекот. Научните студии утврдиле дека состојките на маслото од босилек имаат силно антиоксидансно својство, според тоа делува против стареење, против рак, вируси и микроби.[1][2][3][4]
Покрај тоа, босилекот го намалува таложењето на плочкасти клетки кај глувците, што значи дека можеби делува и против артериосклерозата.[5] Во Индија, босилекот традиционално се користи како дополнителен лек против стрес, астма и дијабетес.[6]
Од друга страна, познато е дека босилекот содржи естрагол кој е познат канцероген кај глувците, но дејството кај човекот сѐ уште не е познато.[7]
Босилокот во народното творештво, уметноста и популарната култура
уредиБосилокот е присутен како тема во народното творештво, во литературата и во популарната култура:
Поврзано
уреди- Босилек (род) (Ocimum)
Наводи
уреди- ↑ Bozin B, Mimica-Dukic N, Simin N, Anackov G (2006). „Characterization of the volatile composition of essential oils of some lamiaceae spices and the antimicrobial and antioxidant activities of the entire oils“. J. Agric. Food Chem. 54 (5): 1822–8. doi:10.1021/jf051922u. PMID 16506839.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Chiang LC, Ng LT, Cheng PW, Chiang W, Lin CC (2005). „Antiviral activities of extracts and selected pure constituents of Ocimum basilicum“. Clin. Exp. Pharmacol. Physiol. 32 (10): 811–6. doi:10.1111/j.1440-1681.2005.04270.x. PMID 16173941.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ de Almeida I, Alviano DS, Vieira DP; и др. (2007). „Antigiardial activity of Ocimum basilicum essential oil“. Parasitol. Res. 101 (2): 443–52. doi:10.1007/s00436-007-0502-2. PMID 17342533.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Manosroi J, Dhumtanom P, Manosroi A (2006). „Anti-proliferative activity of essential oil extracted from Thai medicinal plants on KB and P388 cell lines“. Cancer Lett. 235 (1): 114–20. doi:10.1016/j.canlet.2005.04.021. PMID 15979235.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Tohti I, Tursun M, Umar A, Turdi S, Imin H, Moore N (2006). „Aqueous extracts of Ocimum basilicum L. (sweet basil) decrease platelet aggregation induced by ADP and thrombin in vitro and rats arterio--venous shunt thrombosis in vivo“. Thromb. Res. 118 (6): 733–9. doi:10.1016/j.thromres.2005.12.011. PMID 16469363.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Duke, James A. „Basil as the Holy Hindu Highness“. doi:10.1089/act.2008.14101. Посетено на 2008. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|access-date=
(help) - ↑ EMEA (2004-03-03). „Position Paper on the use of HMP containing estragole“ (PDF). стр. 5. Посетено на 2006-11-17.
- ↑ YouTube, PETRANKA KOSTADINOVA - Sadila Jana ran bel bosilok (пристапено на 5 ноември 2019)
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 21.
- ↑ Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 78.
- ↑ „Босилокот на Изабета“, во: Џовани Бокачо, Декамерон. Скопје: Македонска книга и Мисла, 1988, стр. 101-104.
Надворешни врски
уреди„Босилек“ на Ризницата ? |
- Како да се одгледува босилек Архивирано на 21 август 2008 г. — информации околу садењето и огледувањето на босилек (англиски)
- Gernot Katzer's Spice Pages — кулинарската употреба на босилекот во европските и азиските кујни (англиски)
- Болести на босилекот и борба против нив (англиски)