18 септември

датум
<< септември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30
2024

18 септември — 261-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (262-и во престапна година). Остануваат 104 денови до крајот на годината.

Настани:

1820  Францускиот математичар и физичар Андре Мари Ампер ја објавил теоријата електромагнетното поле.
1851  Во Њујорк, излезегол првиот број на дневниот весник „Њујорк дејли тајмс“, еден од најтиражните весници во светот.
1931  Откако го предизвикале инцидентот кај Мукден, Јапонците го започнале нападот врз североисточна Кина (Манџурија) и ја окупирале оваа азиска област. Окупацијата траела сè до 1945 година кога советските трупи ги протерале Јапонците.
1944  Германските единици повлекувајќи се од Грција упаднале во Струмица, но не успеале да воспостават окупаторска власт, ниту да ги оневозможат органите на народната власт да ја извршуваат својата должност.
1962  Во Бејрут фалангата и десничарите на мајор Саад Хадат во палестинските логори според зборовите на Јасер Арафат убиле околу 3.000 луѓе.
1973  Генералното собрание на ООН во своето членство ги прими СР Германија, ДР Германија и Бахамските Острови.
2014  Одржан Референдумот за независност на Шкотска

Родени:

1535  Хенри Брендон — втор војвода од Сафолк.
1765  Грегориј XVIримски папа.
1849  Леон Фуко — француски физичар.
1905  Грета Гарбо — шведска глумица.
1912  Густав Влахов — македонски револуционер.
1938  Бошко Смаќоски — македонски поет.
1948  Винко Јеловац — словенечки и југословенски кошаркар.
1949  Питер Шилтон — англиски фудбалер.
1952  Никола Јовановиќ — црногорски и југословенски фудбалер.
1959  Јовица Цветковиќ — српски и југословенски ракометар и тренер.
1968  Тони Кукоч —хрватски и југословенски кошаркар.
1971  Ана Нетребко — руско-австриска оперска пејачка.
1976  Роналдо — бразилски фудбалер.
1978  Миле Јанакиески — министер за транспорт на Македонија.
1986  Рено Лавилени — француски скокач со стап, светски првак и рекордер.
1988  Фатљум Жута — македонски боксер.
1989  Серж Ибака — конгоанско-шпански кошаркар.
1998  Кристијан Пулишиќ — хрватско-американски фудбалер.

Починале:

1180  Луј VII Младиоткрал на Франција.
1535  Хајнрих Корнелиус Агрипа — германски писател.
1753  Христофор Жефарович — македонски сликар и хералдичар, еден од првите панслависти.
1783  Леонард Ојлер — швајцарски математичар и физичар.
1978  Панчо Владигеров — бугарски композитор.
1996  Ристо Ничевски — македонски шахист.
1996  Даг Хамаршелд — шведски дипломат.
2002  Маргита Стефановиќ — српска и југословенска рок-музичарка, членка на групата Екатарина Велика.
2013  Кен Нортон — американски боксер.
2014  Кени Вилер — канадско-британски џез-музичар.