<< ноември >>
Н П В С Ч П С
01 02
03 04 05 06 07 08 09
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
2024

11 ноември — 315-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (316-и во престапна година). Остануваат 50 денови до крајот на годината.

Настани:

1675  Готфрид Лајбниц за првпат применил интегрално сметање за да ја пресмета површината под кривата y = x. Но бидејќи не ги објавил своите идеи сѐ до 1684, некои сметаат дека ги присвоил од Њутн.
1855  Токио го зафатил катастрофален земјотрес во кој загинале 106.000 луѓе.
1887  Погубени се анархистите наречени „Хејмаркетски маченици“: Огаст Спајс, Алберт Парсонс, Адолф Фишер и Џорџ Енгел.
1889  Вашингтон е примен како 42. сојузна држава на САД.
1918  Јозеф Пилсудски влегува во Варшава и Полска повторно станува независна држава.
1943  Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска ударна бригада. Таа била формирана од баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон „Рамиз Садику“, Вториот косовски баталјон „Борис Вукмировиќ“ и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето, бригадата имала 700 борци и го добила називот ударна.
1944  Втора светска војна: Ослободено е Куманово.
1944  Во центарот на Гостивар албанските балисти стрелале шестмина македонски приврзаници на народно-ослободителното движење: Киро Ристовски - Дрнц, Васил Пејчиновски, Баренко Георгиевски, Изре Зафировски, Сократ Павловски и Павле Петрески.
1963  Во Скопје излегол првиот број на дневниот весник „Вечер“.
1965  Белото малцинство ја прогласило Родезија за независна држава.
1973  На 101-от километар на патот Каиро - Суец, потпишана е спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Египет. На тој начин официјално завршиле воените операции во „Октомвриската војна“ на Блискиот Исток.
1990  Во Социјалистичка Република Македонија се одржале првите слободни повеќепартиски избори.
1995  Во Брисел, шеснаесетте земји членки на НАТО му дадоа „зелено светло“ на предлогот на Политичкиот комитет Република Македонија да биде 27. потписничка на програмата „Партнерство за мир“.
2006  Во Малме, Шведска, е устоличен Владиката Пимен, осми по ред член на Синодот на МПЦ, на кого му е доделена Европската епархија.

Родени:

1821  Фјодор Михајлович Достоевски — руски писател.
1855  Стеван Сремац — српски писател.
1869  Виторио Емануеле III — последниот италијански крал.
1898  Рене Клер — француски филмски режисер.
1915  Ана Шварц — американска економистка.
1919  Ѓоце Стојчевски - Амбарче — народен херој на Македонија.
1922  Курт Вонегат — американски писател.
1928  Неџати Зекерија — македонски писател.
1935  Биби Андерсон — шведска глумица.
1939  Милка Зафирова — македонски градежен инженер.
1945  Даниел Ортега — претседател на Никарагва.
1962  Деми Мур — американска глумица.
1974  Леонардо ди Каприо — американски глумец.
1980  Раде Врчаковски-Врчак — македонски пејач.
1981  Јадранка Барјактаровиќ — црногорска пејачка.
1982  Асафа Пауел — јамајски атлетичар.
1983  Филип Лам — германски фудбалер.
1986  Милена Вучиќ — црногорска пејачка.
1990  Том Димулен — холандски велосипедист.
1990  Џорџињо Вајналдум — холандски фудбалер.

Починале:

405  Арзакиј Цариградскицариградски партијарх.
1331  Стефан Дечански — крал на Србија.
1855  Серен Кјеркегор — дански филозоф.
1884  Алфред Брем — германски природонаучник и зоолог.
1972  Бери Оуклиамерикански блуз-музичар.
1990  Јанис Рицос — грчки поет.
2004  Јасер Арафат — палестински политичар.
2005  Питер Дракер — американски експерт по менаџмент.
2015  Фил Тејлор — англиски рок-музичар, гитарист на групата „Моторхед“.

Празници:

Ден на независноста на Полска
Ден на независноста на Ангола