Александар Џамбазов
Александар Џамбазов (Стапар, 3 февруари 1936 — Скопје, 25 јануари 2022) — македонски диригент и композитор, великан на современата македонска музика.
Александар Џамбазов | |
---|---|
![]() | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 3 февруари 1936 Стапар, Југославија (денес Србија) |
Починал(а) | 25 јануари 2022 (возр. 85) Скопје, Македонија |
Занимања | композитор, диригент |
Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Има реализирано безброј снимки и концерти во живо, Настапувал во земјава и во странство (Раденци во Словенија итн.). Добитник е на голем број (педесетина) стручни награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.
Творештво Уреди
Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.
Награди Уреди
Добитник е на повеќе од 40 награди и признанија во Македонија и Југославија, меѓу кои и државната награда „11 Октомври“ и наградата на Град Скопје „13 Ноември”.[1]
Личен живот Уреди
Во брак бил со познатата македонска глумица Анче Џамбазова. Негов син е познатиот глумец и шумен Игор Џамбазов, а има и ќерка Тања Џамбазова.
Извори Уреди
- Бунтевска, Сузана (2005). ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Британика:С-Ф (Скопје:Топер). ISBN 9989-165-15-7.
Наводи Уреди
- ↑ „Почина композиторот и диригент Александар Џамбазов“. Сакам да кажам. 25 јануари 2022.