321
|
Римскиот цар Константин I, првиот римски владетел со христијанска вера, ја прогласува неделата за ден за одмор и верски обреди.
|
1583
|
Рускиот цар Иван Грозни го убива, во настап на гнев, својот син и престолонаследник Димитриј.
|
1881
|
Под притисок на Велика Британија, Турција потпишува договор со Грција, со кој Грција ги добива Тесалија како и делови на Епир.
|
1900
|
Полета првиот дирижабл конструиран од Фердинанд Цепелин.
|
1908
|
Командантот на турскиот гарнизон во Ресен, Нијази-беј, со неговите единици излегол во илегала, со што започнала Младотурската револуција.
|
1944
|
Црвената армија го ослободила Минск, заробувајќи 100.000 германски војници.
|
1949
|
Во Скопје, во Македонскиот народен театар била изведена премиерата на операта „Продадената невеста“ од Беджих Сметана, а диригент бил Трајко Прокопиев.
|
1962
|
По 132 години поминати како француска колонија, Алжир се стекнал со независност.
|
1973
|
Во Хелсинки бил отворен министерскиот состанок за подготовка на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа (КЕБС).
|
1984
|
Завршил најголемиот штрајк во историјата на СР Германија, во кој учествувале 550.000 металски работници.
|
1995
|
Југославија станала европски кошаркарски шампион.
|