22 мај
датум
<< | мај | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
2024 |
22 мај — 142-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (143-и во престапна година). Остануваат 223 денови до крајот на годината.
Настани:
1819 | Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Ова е првиот пароброд кој за само 25 дена го препловил Атлантикот. |
1918 | Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град. |
1947 | Хари Труман потпишал акт со кој на Грција и се дава воена и економска помош за борбата против комунизмот. Оваа помош овозможила пресврт во Граѓанската војна во Грција, и како резултат на тоа — Егзодусот на Македонците. |
1967 | Повеќе од 320 луѓе загинале во стоковната куќа „Иновасион“ во Брисел. |
1972 | Претседателот на САД, Ричард Никсон го посетил Советскиот Сојуз. Тоа било првата посета на американски претседател на СССР. |
1972 | Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка. |
2004 | Во Мадрид, шпанскиот престолонаследник, принцот од Астурија, Фелипе Бурбонски, се венчал со поранешната телевизиска водителка Летисија Ортис. Тоа било првото кралско венчавање на територијата на Шпанија по пауза од 98 години. |
2012 | Отворена за јавноста радиодифузната кула „Токиско небесно дрво“, втората највисока градба во светот. |
Родени:
1813 | Рихард Вагнер — германски композитор, реформатор на операта. |
1907 | Лоренс Оливие — англиски театарски и филмски глумец, режисер и продуцент. |
1913 | Рафаел Хил — шпански режисер. |
1937 | Виктор Понеделник — руски и советски фудбалер. |
1946 | Владимир Ангеловски — македонски глумец. |
1946 | Петар Божовиќ — српски глумец. |
1946 | Џорџ Бест — северноирски фудбалер. |
1953 | Пол Маринер — англиски фудбалер. |
1959 | Мориси — англиски пејач, член на групата „Смитс“ (The Smiths). |
1965 | Фанис Христодулу — грчки кошаркар. |
1977 | Жан Кристоф Перо — француски велосипедист. |
1987 | Артуро Видал — чилеански фудбалер. |
1987 | Новак Ѓоковиќ — српски тенисер. |
1991 | Кентан Мае — француски ракометар. |
1992 | Николај Пенчев — бугарски одбојкар. |
Починале:
1564 | Жан Калвин — верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква. |
1885 | Виктор Иго — француски писател, основач на францускиот романтизам во XIX век. |
1939 | Јиржи Махен — чешки писател. |
1942 | Раде Кончар — хрватски комунист и партизан, Народен херој на Југославија. |
1972 | Бернабе Ферејра — аргентински фудбалер. |
2010 | Гане Тодоровски — македонски поет и книжевен критичар. |
Празници:
* | Меѓународен ден на биолошката разновидност. |
* | Ден на аболицијата (Мартиник). |
* | Национален празник на Шри Ланка. |