Драган Спасов - Дац
македонски театарски и телевизиски глумец
Драган Спасов-Дац (роден на 20 април 1963 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Драган Спасов-Дац | ||
Роден | 20 април 1963 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Крик на немиот индијанец Грев или шприцер До Балчак Фамилија Марковски | |
Занимање | глумец | |
Татко | Стево Спасовски | |
Деца | Стефан Спасов Јаков Спасов |
Животопис
уредиРоден е во Скопје.[1] Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на проф. Слободан Унковски.[1] Од 1992 до 2016 г. работел како глумец во Драмски театар - Скопје.[1] До сега има остварено бројни и значајни улоги во театарски претстави, филмски и телевизиски проекти.[1] Во 2016 г. преминал во ансамблот на Македонскиот народен театар како директор.[2] Во 2018 година повторно се враќа во Драмски театар - Скопје.
Дац во 2019 година, ја започнува својата музичка кариера, формирајќи го дуото "Дац и Александар" со Александар Митески.
Филмографија
уредиГодина | Филм | Улога |
1985 | Бушава азбука ТВ-серија | |
1987 | Случки од животот ТВ-серија | |
1987 | Трето доба ТВ-серија | |
1987 | За трошка среќа ТВ-филм | Данчо |
1987 | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | |
1991 | Македонија може ТВ-серија | Кирца |
1992 | Време живот ТВ-филм | |
1993 | Крик на немиот индијанец ТВ-филм | Оливер |
1993 | Грев или шприцер ТВ-филм | Тони Џанго |
1998 | Салон Хармони ТВ-серија | Здравко |
1999 | Хихирику ТВ-серија | |
2000 | Северо, источно од југозапад ТВ-филм | |
2002 | Наше маало ТВ-серија | Доктор |
2003 | Време за плачење ТВ-филм | Тино |
2004 | Хихирику ТВ-серија | |
2005 | Обични луѓе ТВ-серија | Ванчо |
2007 | Цимери ТВ-серија | |
2009 | Тркало на среќата ТВ-серија | |
2009 | Народни приказни ТВ-серија | |
2013 | Тврдокорни ТВ-серија | |
2014 | До балчак ТВ-филм | Шиле |
2017 | Инсајдер ТВ-серија | Пеачот |
2017-2019 | Фамилија Марковски ТВ-серија | проф. Горан |
Награди и признанија
уреди- 1993 - Награда за најдобро актерско остварување на МТФ "Војдан Чернодрински" - Прилеп за улогата на "Тони Џанго" во претставата "Грев или шприцер"
- 1994 - Награда од уметничкиот совет на ДТС која гласи: Награда за најдобар актер на Драмски театар - Скопје во 1994 година
- 1995 - Награда за најдобро актерско остварување на МТФ "Војдан Чернодрински" - Прилеп за улогата на Розенкранц во "Розенкрец и Гилденстерн се мртви"
- 1996 - Награда "Димче Трајковски" за улогата на "Тимчо" во "Ни ќар - ни зијан на МТФ Војдан Чернодрински - Прилеп
- 1996 - "Златна маска" од весникот "Вечер" за улогата на "Моцарт" во "Амадеус" на фестивалот "Охридско лето"
- 1996 - Награда 13-ти ноември
- 2001 - Награда за најдобро актерско остварување на МТФ "Војдан Чернодрински" - Прилеп за улогата на "Симон" во претставата "Диво месо"
- 2013 - Златна бубамара на популарноста за актер на годината
- 2013 - награда „Петре Прличко“[3]
- 2022 - Награда св. "Јоаким Осоговски"
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Драган Спасов - www.dramskiteatar.com.mk
- ↑ „Драган Спасов – Дац си замина од Драмски“. Република Online. 8 април 2016. Архивирано од изворникот на 2016-04-20. Посетено на 2 мај 2016.
- ↑ Награда „Петре Прличко“ за Дац[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Драган Спасов - Дац на Семрежната филмска база на податоци (англиски)