Агората во Атина
Плоштад Свети Марко во Венеција
Плоштад Св. Петар во Рим

Дефиниција уреди

Плоштад е отворен јавен простор кој се користи за собири и интеракција помеѓу луѓето. Плоштадот најчесто се наоѓа во центарот на градот и претставува пешачка зона ограничена со улици, објекти или зелени простори. Често во центарот на плоштадот се наоѓа фонтана, споменик или скулптура. Плоштадот е еден од најважните елементи во урбанистичкото планирање, и воопшто во градовите.

Употреба уреди

Плоштадите секојдневно ги користат луѓето како места за сретнување, и како засолниште од сообраќајниот метеж. Честопати плоштадите се користат за разни настани, музички концерти, отворени пазари, политички и граѓански собири.

Видови на плоштади уреди

Плоштадите се категоризираат според нивната форма и функција. Според формата, постојат плоштади со правилна и неправилна форма. Плоштадите со правилна форма (кружна, правоаголна, триаголна) претставуваат јасна урбана слика за набљудувачот.

Историја уреди

Во првите урбани формации – градови, плоштадите најчесто се создавале на крстосниците помеѓу важните трговски патишта. Во Стара Грција, централно место во или плоштад градовите е агората. Агората претставувала центар на политичкиот, уметничкиот, атлетскиот и спиритуалниот живот на градот, а самиот поим значи „место на собир“. Во римско време, јавен плоштад претставува форумот.

Примери уреди

 
Кралскиот плоштад во Касел

Примери на плоштади кои воспоставуваат уникатна врска со објектите кои ги ограничуваат и создаваат впечатливи простори се плоштадите Свети Петар во Рим и Свети Марко во Венеција.

Плоштадот како тема во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Плоштадот на единството“ (Union Square) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[1]

Наводи уреди