Скопската каза била каза во Македонија во состав на Отоманското Царство, третостепена административно-управна единица, која постоела во 19 и почеток на 20 век. Скопската каза била дел од Скопскиот санџак, кој пак бил дел од Косовскиот вилает). Центар на казата бил градот Скопје, и оттука со казата управувал османлиски чиновник кајмакам. Бидејќи Скопје било центар и на Скопскиот санџак, во градот престојувал и управникот на санџакот, мутесарифот, а од 1888 година, кога Скопје станало центар на Косовскиот вилаета, тука живеел и косовскиот валија.

Населените места во Скопска каза, состојба 1910 година.

Географија

уреди

Казата зафаќала површина од 1.850км². На север граничела со Качаничката и Гниланската каза, на исток со Кумановската каза, на југо-исток со Штипската каза, на југ со Велешката каза, на југо-запад со Прилепската каза и на запад со Тетовската каза.

Во средишниот дел била Скопската Котлина, а околу нејзе биле планините: Китка, Караџица, Голешница, Жеден, Градиштанска планина и Црна Гора. Низ казата протекувале реките: Треска (Голема), Вардар, Лепенец, Пчиња, Маркова Река, Кадина Река, Серава и други помали.

Организација и населени места

уреди

Казата во XIX век

уреди

Бидејќи казата зафаќала голема површина, а за подобро функционирање, била поделена на нахии: Блатија, Кара Даг, Дервент, Каршијак и Град Скопје. Организацијата и населението во 1832/1833 било следнoто[1][2]:

Град Скопје
Број Име на

маало

Население
0[3] Кале 10
1 Хоџа Шемс 74
2 Џами Атик 282
3 Мурадије 80
4 Ине Бег 152
5 Ибни Чини 152
6 Ибни Омер 314
7 Худаверди 200
8 Ибни Меџри 120
9 Хатунџиклер 276
10 Исакие 130
11 Хаџи Гази 200
12 Хаџи Балабан 136
13 Егит Паша 588
14 Хаџи Таџедин 182
15 Кара Капуџу 224
16 Џедид Иса-Бег со шеик Рамазан 310
17 Хаџи Мудидин 204
18 Хаџи Јонус 268
19 Капуџи Хамза 368
20 Искендер Гази 174
21 Ибни Коџаџик 268
22 Касим Гази 288
23 Исмаил Војвода 142
24 Кебир Мехмед Челеби 490
25 Ибни Мухтесеб 240
26 Емир Хоџа 66
27 Хазнедар Исмаил 108
28 Ибни Шахин 114
29 Ибни Пајко 900
30 Хаџи Лала 100
31 Хаџи Касим 48
32 Уруч Паша 328
33 Дубаг Шахин 294
34 Ќатиб Шахин 448
35 Дервишан 74
36 Пазар Баши 132
37 Мухидин Челеби 38
38 Хаџи Хајредин 82
39 Гази Ментеш 460
40 Хараџи Салахедин 724
41 Суќутли 52
42 Кади Чаирли 50
43 Булбул Заим 44
44 Јени Маало 188
45 Топхане 140
ВКУПНО Град Скопје 10262
Блатија
Број Име на

село

Муслимани Христијани Вкупно
1 Идриз 8 112 120
2 Капланли 32 158 190
3 Крушица 132 0 132
4 Д. Ѓурелери 186 126 312
5 Г.Ѓурелери 394 342 736
6 Студена Бара 80 300 380
7 Рахманли 256 160 416
8 Грушино 228 0 228
9 Текија 46 84 130
10 Аџарлар 80 198 278
11 Ќојлиџе 50 200 250
12 Ибрахим 12 172 184
13 Орланци 86 0 86
14 Мојанце 200 0 200
15 Бара 198 0 198
16 Истрачинче 84 68 152
17 Раштак 74 252 326
18 Љуботен 196 60 256
19 Јазирце 46 52 98
20 Кереметлик 0 92 92
21 Маџарлик 0 120 120
22 Трубарево 0 74 74
23 Урумлер 0 200 200
24 Наово 0 82 82
25 Огјанче 0 108 108
26 Јакошево 0 196 196
27 Таор 0 68 68
28 Новосел 0 126 126
29 Блаце 0 178 178
30 Кожле 0 520 520
31 Бехадир 0 138 138
32 Летефче 0 118 118
33 Брезниче 0 284 284
34 Градманци 0 100 100
35 Жидмир 0 298 298
36 Сушица 0 574 574
37 Дивље 0 408 408
38 Крушниче 0 178 178
39 Ага 0 210 210
40 Делихферли 0 288 288
41 Бучин 0 300 300
42 Емир Шахли 0 66 66
43 Бијикли 0 180 180
44 Иржениче 0 130 130
45 Ајватли 0 316 316
46 Виниче 0 152 152
47 Харачине 0 212 212
48 Кади Ќој 0 298 298
49 Емир Ханли 0 98 98
50 Бернарче 0 92 92
51 Бехлул Бег 0 240 240
52 Хасан Бег 0 176 176
53 Инџиково 0 68 68
54 Стајковче 0 44 44
55 Црешево 0 344 344
56 Рокомија 0 20 20
57 Булачани 0 564 564
58 Девиче 0 434 434
ВКУПНО Блатија 2388 9944 12332
Кара Даг
Број Име на

село

Муслимани Христијани Вкупно
1 Бу Тел 0 140 140
2 Радушхане 0 262 262
3 Лопушане 0 42 42
4 Љубанци 0 446 446
5 Побожје 0 282 282
6 Кучевиште 0 980 980
7 Мирковци 0 412 412
8 Бродец 0 178 178
9 Бањани 0 348 348
10 Горњане 0 92 92
11 Чучер 0 314 314
12 Глуво 0 340 340
13 Бразда 0 300 300
14 Горно Оризари 24 40 64
15 Долно Оризари 0 20 20
16 Вејсибег 0 146 146
17 Блаце 344 0 344
18 Танушевци 134 0 134
19 Брест 386 0 386
20 Никиштани 114 38 152
21 Кучково 0 252 252
22 Вучи Дол 0 280 280
23 Орман Едхем Бег 0 92 92
24 Јени Чифлик 0 162 162
25 Грачани 122 0 122
26 Горно Свиларе 6 90 96
27 Долно Свиларе 224 46 270
28 Оризари Челтук 0 156 156
29 Ивлахлар 0 42 42
30 Злокуќани 0 148 148
31 Бардовци 0 90 90
32 Кондово 56 0 56
ВКУПНО Кара Даг 1410 5738 7148
Каршијак
Број Име на

село

Муслимани Христијани Вкупно
1 Акбаш 0 452 452
2 Орешани 0 174 174
3 Зелениково 0 198 198
4 Градовци 0 216 216
5 Драчево 0 820 820
6 Хаџово 0 6 6
7 Кара Хаџи 0 6 6
8 Љубош 0 92 92
9 Варвара 0 42 42
10 Сушица 0 24 24
11 Манастир 0 10 10
12 Осинчене 0 100 100
13 Пуста Брезница 0 186 186
14 Говрлево 0 174 174
15 Г.Соње 0 170 170
16 Д.Соње 0 332 332
17 Добри Дол 0 258 258
18 Усје 0 148 148
19 Екши Су 0 64 64
20 Г.Водно 0 108 108
21 Д.Водно 0 120 120
22 Тавталиџе 0 102 102
23 Ман. Нерези 0 5 5
24 Стракабче 52 0 52
25 Смесница 62 0 62
26 Гумалево 92 0 92
27 Добрино 116 0 116
28 Дејковец 94 0 94
29 Тисовица 102 0 102
30 Палиград 106 0 106
31 Црвена Вода 86 0 86
32 Г.Количани 288 0 288
33 Д.Количани 306 0 306
34 Пагаруша 224 14 238
35 Вртекица 292 0 292
36 Вржале 120 0 120
37 Рамни Габер 120 0 120
38 Морани 288 174 462
39 Студеничани 318 0 318
40 Батинци 76 90 166
41 Малчиште 54 4 58
42 Драчевица 96 0 96
43 Умово 130 0 130
44 Цветово 182 0 182
45 Ехлово 272 0 272
46 Црн Врв 160 0 160
47 Држилово 292 0 292
48 Патишка 250 200 450
49 Јаболци 32 34 66
50 Света Петка 92 0 92
51 Барово 110 106 216
52 Алдинци 12 0 12
53 Ракотинци 2 202 204
54 Сопиште 2 208 210
55 Нерези 144 192 336
56 Крушопек 212 0 212
57 Грчец 94 0 94
58 Шишево 64 176 240
59 Хусеин Шах 18 102 120
60 Матка 94 50 144
ВКУПНО Каршијак 5054 5359 10413
Дервент
Број Име на

село

Муслимани Христијани Вкупно
1 Рашче 554 0 554
2 Копаница 392 0 392
3 Бојане 462 0 462
4 Буковиќ 334 2 336
5 Чајлане 222 0 222
6 Семениште 156 0 156
7 Арнавуд 134 0 134
8 Глумово 134 32 166
ВКУПНО Дервент 2388 34 2422

Целата каза се проценува дека имала 18392 (43,19%) муслимани, 24181 (56,81%) христијани, односно 42577 вкупно жители.[4]

Казата во XX век

уреди

Скопската каза опфаќала 148 села и градот Скопје, односно опфаќала голема територија. Населението на почеткот на 20 век било етнички и конфесијално мешано. Муслиманите кои живееле во оваа каза по потекло биле Турци, Македонци, Албанци, Черкези и муслимански Цигани. Христијанското население било со словенско потекло, но било поделено на верници на Цариградската патријаршија и на Бугарската егзархија.[5]

Скопската каза броела вкупно 34,862 жители. Се состоела од следните населени места:

Скопска Црна Гора

Наводи

уреди
  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  3. Тврдината не била нумерирана како маало, таму живееле најважните луѓе.
  4. Без еврејското население.
  5. Makedonija. Etnografija i statistika - 2.26