Отвори го главното мени

Џорџ Вокер Буш англиски: George Walker Bush) - 43. претседател на САД. Неговиот прв мандат започнал на 20 јануари 2001.

Џорџ Вокер Буш
George Walker Bush
Џорџ В. Буш


Мандат
20 јануари, 2001 – 20 јануари, 2009
Претходник Бил Клинтон
Следбеник Барак Обама

Роден 6 јули 1946
Њу Хевн, Конектикат
Партија Републиканска
Сопружник Лора Буш
Религија Методист
Потпис GeorgeWBush Signature.svg

БиографијаУреди

Џорџ Буш е роден на 6 јули 1946 во Њу Хејвн, Конектикат. Тој е син на бившиот претседател Џорџ Херберт Вокер Буш. Братот на Џорџ Буш - Џеб Буш бил избран за гувернер на Флорида во 1999 година . Младиот Џорџ Буш растел во тексашките градови Мидленд и Хјустон, заедно со Џеб, Нил, Марвин и Дороти Буш. Учел во академијата „Филипс“ во државата Масачусетс, а потоа завршил историја на универзитетот „Јеил“ во 1968 година. Во универзитетот, тој бил член на студентското братство „Делта Капа Епсилон“, како и на тајното друштво „Череп и коски“. Џорџ Буш бил избран за гувернер на Тексас во 1995 година и таа должност ја извршувал до 2000 година. Џорџ Буш е оженет со Лора Буш и има две ќерки близначки - Барбара и Џена.

Претседателски мандатУреди

ОдликувањаУреди

Во септември 2015 година, Џорџ Буш бил одликуван со Орден на Република Македонија од страна на претседателот Ѓорге Иванов, за големиот придонес во градењето на пријателските односи помеѓу Македонија и Соединети Американски Држави. Орденот му го врачил премиерот Никола Груевски на посебна вечера организирана од фондацијата „Macedonia 2025“, организирана на 20 септември 2015 година во хотелотХилтон Колумбус“.[1] [2]

ИзвориУреди

  1. http://plusinfo.mk/vest/41440/gruevski-mu-vraci-orden-na-rm-na-djordj-bush
  2. „Груевски му врачи орден на Република Македонија на Џорџ Буш помладиот!“, Фокус, број 1044, 9 октомври 2015, стр. 22.