14 март
датум
<< | март | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
2024 |
14 март — 73-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (74-и во престапна година). Остануваат 292 денови до крајот на годината.
Настани:
1844 | Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв уставен претседател на Парагвај. |
1891 | Подморницата „Монарх“ постави телефонски кабел под Ламанш, што овозможи телефонска врска меѓу Велика Британија и другите држави од Европа. |
1944 | Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ. |
1945 | По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Тихиот Океан, Иво Џима, важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија. |
1965 | Владата на Израел го прифати барањето на Бон за воспоставување дипломатски односи со Западна Германија. |
1995 | Астронаутот Норман Тагард стана првиот Американец кој полета во вселената со руска ракета, лансирана од космодромот во Бајконур. |
1996 | Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасадори. |
2001 | Околу 11 часот со престрелки од тетовското кале започна конфликтот во Тетово. |
2002 | Судиите на Основниот суд Скопје 2 ги потпишаа решенијата за амнестија на политичкиот водач на поранешната ОНА, Али Ахмети и на неговиот вујко, водачот на кичевските бомбаши и организаторот на повеќето бомбашки напади на полициските станици во Македонија, Фазли Велиу. |
2013 | Си Ѓинпинг станува Претседател на НР Кина. |
Родени:
1681 | Георг Филип Телеман — германски барокен композитор. |
1820 | Виктор Емануел II — италијански крал, прв монарх на обединета Италија. |
1862 | Вилхелм Бјеркнес — основач на метеорологијата како наука. |
1866 | Алексеј Троицки — руски шаховски велемајстор. |
1879 | Алберт Ајнштајн — германско-американски физичар. |
1908 | Коча Поповиќ — српски и југословенски офицер, политичар, филозоф и писател. |
1913 | Доминик Татарка — словачки писател. |
1926 | Карлос Кони — бразилски писател. |
1927 | Методија Симоновски — македонски етномузиколог и поет за деца. |
1930 | Бистрица Миркуловска — македонска писателка за деца. |
1930 | Томо Шијак — македонски сликар. |
1932 | Методија Фотев — македонски романописец и поет. |
1933 | Квинси Џонс — американски музичар и продуцент. |
1933 | Мајкл Кејн — англиски глумец. |
1975 | Стив Харпер — англиски фудбалер и тренер. |
1978 | Питер ван ден Хогенбанд — холандски пливач. |
1979 | Никола Анелка — француски фудбалер. |
1988 | Стефен Кари — американски кошаркар. |
Починале:
1883 | Карл Маркс — германски економист и филозоф, основоположник на комунизмот. |
1912 | Петар Лебедев — руски научник, физичар. |
1974 | Мато Ловрак — хрватски писател. |
1995 | Вилјам Алфред Фаулер — американски јадрен физичар. |
2018 | Стивен Хокинг — англиски теориски физичар. |
2021 | Реџи Ворен — американски пејач. |
Празници:
* | Ден на бројот пи |