Вареме (француски: Waremme; холандски: Borgworm) — валонска општина сместена во покраината Лиеж, во Белгија. Градот се наоѓа на реката Јекер (холандски: Jeker), во областа Хесбаје. Стопанството е засновано на обработката на житарици и шеќерна репка и на прехранбената индустрија.

Варем
Waremme  (француски)
Borgworm  (холандски)
општина
Грб на Варем
ЗемјаБелгија
ЗаедницаФранцуска
ОбластВалонија
ПокраинаЛиеж
ОкругВарем
Управа
 • ГрадоначалникГуј Коем
 • Влад. парт.PS
Површина
 • Вкупна31,04 км2 (1,198 ми2)
Население (2018-01-01)[1]
 • Вкупно15.168
 • Густина4,9/км2 (13/ми2)
Пошт. бр.4300
Повик. бр.019
Мреж. местоwww.waremme.be

Општината Вареме ги вклучува следниве села: Бетинкур, Блере, Бовенистир, Гран-Акс, Лантерманж и Олеје.

Историја

уреди

Неколку пронајдоци биле ископани близу Вареме кои содржеле пронајдоци од неолитот и населби од бронзеното доба. Главниот римски пат кој ги поврзувал Баве и Келн поминувал низ општината. Могили и римски вили се наоѓаат во околината. Римјаните оставиле гробница за коњи.[2]

Средновековната населба Воромија (Woromia) била наведена по првпат во 965 година. На 5 февруари 1078 година, Воромија била освоена од Принц-Бискупијата Лиеж, заедно со неговиот замок, петте воденици и шесте пиварници.

 
Градското собрание на Варем

До 1215 година, со 815 жители, прераснал во град. Неговите граници близу Војводството Брабант, меѓутоа, привлекле неколку напади од војводата, предизвикувајќи да биде запален во целост и повторно изграден неколкупати. Во XIV век, градот изградил пазар и болница, полека станувајќи регионален центар, каде се ковале пари и се држеле важни состаноци.

Во текот на освојувањето на Принц-Бискупијата Лиеж, Карло Храбриот го запалил градот повеќе од еднаш во 1468 година. Во XVI век, градот станал едно од 21. главни градови на бискупијата. ВО 1748 година, четврт на градот бил уништен од пожар, овој пат во несреќен случај. Во 1792 година, француските револуционерни сили влегле во градот и ги затвориле манастирите. Три години подоцна, Принц-Бискупијата Лиеж била распуштена и градот станал француски.

Во XIX, градот се развил, благодарение на железницата и изградбата на две рафинерии за шеќер и неколку училишта. Првата светска војна не донела никакво уништување на градот, освен на старите одбранбени бедеми. Меѓутоа, во Втората светска војна, градот бил уништен од воздушните напади, само неколку дена пред ослободувањето.

Знаменитости

уреди
  • Градското собрание од 1900 година
  • Главната градска црква од 1881 година
  • Природен резерват

Познати луѓе

уреди

Меѓународни односи

уреди

Збратимени градови

уреди

Вареме е збратимен со следниве градови:

Наводи

уреди
  1. „Wettelijke Bevolking per gemeente op 1 januari 2018“. Посетено на 9 март 2019.
  2. Nicolay, Johan (2007). Armed Batavians: Use and Significance of Weaponry and Horse Gear from Non-military Contexts in the Rhine Delta (50 Bc to Ad 450). Amsterdam UP. стр. 231, 233. ISBN 9789053562536. Посетено на 25 June 2012.
  3. „Скопје - Збратимени градови“. Град Скопје. Архивирано од изворникот на 2009-05-12. Посетено на 5 мај 2015.

Надворешни врски

уреди