Долно Оризари (Скопско)
Долно Оризари — населено место во Општина Шуто Оризари, Скопје. Денес е споено со населбата Шуто Оризари, иако се води како посебно населено место.
Долно Оризари | |
Координати 42°2′24″N 21°25′30″E / 42.04000° СГШ; 21.42500° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Шуто Оризари |
Област | Скопско Поле |
Население | 1550 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25051 |
Надм. вис. | 303 м |
Долно Оризари на општинската карта Атарот на Долно Оризари во рамките на општината | |
Долно Оризари на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиНаселбата е сместена околу 7 км северно од центарот на Скопје, во рамките на областа Скопско Поле. На север лежи селото Горно Оризари, на запад е Визбегово, а на исток се гробиштата „Бутел“, и по нив, населбата Бутел 1. На југ е населбата Топанско Поле, на југоисток е Бутел 2, а на североисток е Радишани.
Историја
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 3 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 10 мажи христијани, без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 20 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 162 жители.[3]
Население
уредиСпоред Пописот од 2002, населбата брои 1.550 жители, од кои:[4]
Народ | Вкупно |
Македонци | 37 |
Албанци | 1389 |
Турци | 6 |
Роми | 110 |
Власи | 0 |
Срби | 1 |
Бошњаци | 0 |
останати | 7 |
Општествени установи
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Долно Оризари (Шуто Оризари), Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)