Скопско кале
Скопска тврдина Кале — тврдина сместена на високиот рид наречен Градиште, над градот Скопје со поглед на реката Вардар и била од стратешко значење за овој значаен град со векови.
Скопско кале | |
---|---|
Скопското кале | |
![]() | |
Општи податоци | |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Историја Уреди
Како највисока точка во градот, калето отсекогаш било ценето од месното население. Населби на тоа место постоеле и пред да се изградат ѕидови. Најраните познати жители на местото живееле во неолитот и раното бронзено доба, 4.000 години п.н.е. Тврдината што ја гледаме денес е изградена најпрвин во византиско време (VI век), со камени ѕидови со должина од 121 метар. Според археолозите, камените блокови од кои е изградена тврдината биле земени од изрушениот град Скупи подолу.
Заштита и обновување Уреди
Заради стратешката локација на местото, тврдината била градена, рушена и преградувана многупати од страна на разни освојувачи. По скопскиот земјотрес во 1963, кружните и квадратните кули на тврдината биле заштитени и обновени.
Тврдината денес Уреди
Кале е едно од најпопуларните места за посета во Скопје. Тврдината нуди фантастичен поглед на градот како и можност да се дојде до Старата скопска чаршија од градот за неколку минути. Во лето тука се одржуваат концерти и театарски претстави.
Археолошки ископувања Уреди
Археолошките ископувања на Скопското кале започнале на 14 мај 2007 г. Големиот обем на истражувања (околу 300 ангажирани луѓе) и силно изложената поставеност на местото во самиот центар на Скопје предизвикува голема заинтересираност кај јавноста, туристите и медиумите.
Галерија Уреди
-
Поглед од воздух на археолошките наоѓалишта
-
Поглед од воздух на тврдината (калето)
-
Поглед од воздух кон старата чаршија
-
Поглед на една од кулите на тврдините
-
Ископини на тврдината
-
Надворешниот бедем на тврдината
-
Снимка од воздух на тврдината во 1990-тите, пред зафатите за реконструкција на дел од ѕидините
-
Поглед на Скопје од ѕидините
-
Ноќно осветлување на Калето
-
Ноќно осветлување на Калето
-
Ноќно осветлување на Калето
-
Скопско кале во зима
-
Црквата-музеј во изградба
-
Кула на калето
-
Долна порта на една од кулите
-
Путир од XII век пронајден на Калето
-
Бардак од XII-XIII век пронајден на Калето
-
Слики од старо Скопје: поглед кон Кале.
-
Поглед кон Камен Мост и Скопското кале.