Голема трка (велосипедизам)

Во друмскиот велосипедизам, голема трка се однесува на една од трите големи европски професионални велосипедски етапни трки:

Заедно се познати како големи трки и сите три трки се слични во форматот, како повеќенеделни трки со дневни етапи. Тие имаат посебен статус во одредбите на UCI: повеќе бодови за Светската турнеја се делат на овие трки отколку на другите трки,[1] и тие се единствените етапни трки на кои им е дозволено да траат подолго од 14 дена.[2]

Тур де Франс е најстарата и најпрестижна[1] од сите три и исто така е најпозната велосипедска трка во светот. Џиро д’Италија е втората најважна[3][4][5][6] и понекогаш била исто толку популарна како Тур (доцните 40-ти, 50-ти и раните 70-ти). Додека спортското име на Тур де Франс е одамна одомаќено околу светот, познато дури и за оние кои не се навлезени во велосипедизмот, другите две европски големи трки се релативно непознати надвор од континентот, каде се познати единствено на велосипедистите.

Содржина

ОписУреди

Во нивната моментална форма, големите трки се одржуваат во текот на три последователни недели и обично вклучуваат два дена за „одмор“ близу крајот на првата и втората недела. Етапите се мешавина на долги масовни етапни трки (понекогаш вклучуваат планински и ридски искачувања и спустови; други се рамни етапи наменети за спринтерски завршници), како и индивидуалните и екипните хронометри и етапи без натпреварувачки карактер и денови за одмор. За разлика од повеќето еднодневни трки, етапите на големите трки обично се под 200 километри во должина.

Често се појавуваат контроверзии околу повиканите екипи на трките. Обично, Меѓународниот велосипедистички сојуз ги повикува врвните професионални екипи, додека организаторите на големите трки често сакаат екипи основани во нивната земја или други кои не предизвикуваат контроверзии. Од 2005 до 2007, организаторите морале да ги прифатат сите ProTour екипи, оставајќи само две специјални покани за Тур. Меѓутоа, Унибет екипата, која е ProTour екипа и е загарантирано учество, ѝ било забрането учеството на сите големи трки поради законите за рекламирање на коцкање. Во 2008, по бројните допинг скандали, на некои екипи им било забрането учеството на големите трки: Астана не се натпреварувала на Тур де Франс 2008, а Тим Колумбија не се натпреварувале на Вуелта а Еспања 2008. Од 2011, според правилата на Светската турнеја UCI, на сите ProTour екипи им е загарантирано место на сите три трки и се обврзани да учествуваат.

Наградите ги вклучуваат индивидуалниот генерален пласман, екипен пласман, планински пласман, бодовен пласман и често пласман за најдобар возач, како и некои други помалку познати пласмани. Најмногу практикувани пласмани се индивидуалниот генерален пласман (Maillot jaune - жолта маичка - на Тур де Франс, Maglia rosa - розова маичка - на Џиро д’Италија и Jersey rojo - црвена маичка - на Вуелта а Еспања); планински пласман (Maillot à pois rouges - точкаста маичка - на Тур, Maglia Azzurra - сина маичка - на Џиро и Jersey de puntos azules - сина точкаста маичка - на Вуелта) и бодовен пласман (Maillot vert - зелена маичка - на Тур, Maglia Rosso Passione - црвена маичка - на Џиро и Jersey verde - зелена маичка - на Вуелта). Само тројца возачи ги имаат освоено сите три на иста трка: Еди Меркс на Џиро д’Италија 1968 и Тур де Франс 1969, Тони Ромингер на Вуелта а Еспања 1993 и Лорен Жалабер на Вуелта а Еспања 1995.[7]

Ретко е велосипедистите да возат на сите три големи трки во иста година; во 2004, 474 велосипедисти започнале на најмалку една од големите трки, 68 од нив возеле две трки и само двајца велосипедисти настапиле на сите три големи трки.[8] Не е необично за спринтерите и нивните водечки луѓе, кои не се очекува да ја завршат целата трка, да започнат на сите големи трки и да постигнуваат етапни победи пред да се случат најтешките етапи. Алесандро Петаки и Марк Кевендиш започнале на сите три големи трки во 2010 и 2011, соодветно, како и некои од нивните колеги за поддршка. За обајцата возачи во двете години, само Тур де Франс го завршиле.

Низ годините, 32 возачи ги завршиле сите големи трки во една година. Марино Лехарета го направил тоа за четири пати, Бернардо Руиз три пати, Едуардо Чозас и Карлос Састре двапати секој и 28 други возачи кои го постигнале овој потфат еднаш.

Единствени возачи кои завршиле во првите 10 на секоја од трите трки во текот на една година се Рафаел Жеминијани во 1955 и Гастоне Ненчини во 1957.

UCI правилаУреди

За Светската турнеја, повеќе бодови се доделуваат на големите трки отколку на другите трки; победникот на Тур де Франс добива 200 бода, а победниците на Џиро и Вуелта добиваат 170 бода, додека на другите трки може да се добијат најмногу 100 бода.[1] Големите трки имаат посебен статус во времетраење: тие се единствените на кои им е дозволено да траат помеѓу 15 и 23 дена.[2]

Последни изданијаУреди

Победници на големите тркиУреди

Година   Џиро д’Италија   Тур де Франс   Вуелта а Еспања
1903 започнала во 1909 г.   Морис Гарен (ФРА) започнала во 1935 г.
1904   Анри Корне (ФРА)
1905   Луј Труселје (ФРА)
1906   Рене Потје (ФРА)
1907   Лисјен Пети-Бретон (ФРА) (1/2)
1908   Лисјен Пети-Бретон (ФРА) (2/2)
1909   Луиџи Гана (ИТА)   Франсоа Фабер (ЛУК)
1910   Карло Галети (ИТА) (1/3)   Октав Лапиз (ФРА)
1911   Карло Галети (ИТА) (2/3)   Гистав Гарижу (ФРА)
1912   Тим Атала (ИТА)
  Карло Галети (ИТА) (3/3)
  Џовани Микелето (ИТА)
  Еберардо Павези (ИТА)
  Одил Дефраје (БЕЛ)
1913   Карло Оријани (ИТА)   Филип Тис (БЕЛ) (1/3)
1914   Алфонсо Калцолари (ИТА)   Филип Тис (БЕЛ) (2/3)
1915 не се одржала не се одржала
1916
1917
1918
1919   Костанте Џирарденго (ИТА) (1/2)   Фирмин Ламбо (БЕЛ) (1/2)
1920   Гаетано Белони (ИТА)   Филип Тис (БЕЛ) (3/3)
1921   Џовани Брунеро (ИТА) (1/3)   Леон Скиор (БЕЛ)
1922   Џовани Брунеро (ИТА) (2/3)   Фирмин Ламбо (БЕЛ) (2/2)
1923   Костанте Џирарденго (ИТА) (2/2)   Анри Пелисје (ФРА)
1924   Џузепе Енричи (ИТА)   Отавио Ботекија (ИТА) (1/2)
1925   Алфредо Бинда (ИТА) (1/5)   Отавио Ботекија (ИТА) (2/2)
1926   Џовани Брунеро (ИТА) (3/3)   Лисјен Бијсе (БЕЛ)
1927   Алфредо Бинда (ИТА) (2/5)   Николас Франц (ЛУК) (1/2)
1928   Алфредо Бинда (ИТА) (3/5)   Николас Франц (ЛУК) (2/2)
1929   Алфредо Бинда (ИТА) (4/5)   Морис де Веле (БЕЛ)
1930   Луиџи Маркизио (ИТА)   Андре Ледик (ФРА) (1/2)
1931   Франческо Камусо (ИТА)   Антонин Мање (ФРА) (1/2)
1932   Антонио Пезенти (ИТА)   Андре Ледик (ФРА) (2/2)
1933   Алфредо Бинда (ИТА) (5/5)   Жорж Шпајхер (ФРА)
1934   Леарко Гера (ИТА)   Антонин Мање (ФРА) (2/2)
1935   Васко Бергамаски (ИТА)   Ромен Мес (БЕЛ)   Густаф Делор (БЕЛ) (1/2)
1936   Џино Бартали (ИТА) (1/5)   Силвер Мес (БЕЛ) (1/2)   Густаф Делор (БЕЛ) (2/2)
1937   Џино Бартали (ИТА) (2/5)   Роже Лапебје (ФРА) не се одржала
1938   Џовани Валети (ИТА) (1/2)   Џино Бартали (ИТА) (3/5)
1939   Џовани Валети (ИТА) (2/2)   Силвер Мес (БЕЛ) (2/2)
1940   Фаусто Копи (ИТА) (1/7) не се одржала
1941 не се одржала   Хулијан Берендеро (ШПА) (1/2)
1942   Хулијан Берендеро (ШПА) (2/2)
1943 не се одржала
1944
1945   Делио Родригез (ШПА)
1946   Џино Бартали (ИТА) (4/5)   Далмасио Лангарика (ШПА)
1947   Фаусто Копи (ИТА) (2/7)   Жан Робик (ФРА)   Едвард ван Дејк (БЕЛ)
1948   Фиоренцо Мањи (ИТА) (1/3)   Џино Бартали (ИТА) (5/5)   Бернардо Руиз (ШПА)
1949   Фаусто Копи (ИТА) (3/7)   Фаусто Копи (ИТА) (4/7) не се одржала
1950   Иго Кобле (ШВА) (1/2)   Фердинанд Киблер (ШВА)   Емилио Родригез (ШПА)
1951   Фиоренцо Мањи (ИТА) (2/3)   Иго Кобле (ШВА) (2/2) не се одржала
1952   Фаусто Копи (ИТА) (5/7)   Фаусто Копи (ИТА) (6/7)
1953   Фаусто Копи (ИТА) (7/7)   Лујон Бобе (ФРА) (1/3)
1954   Карло Клеричи (ШВА)   Лујон Бобе (ФРА) (2/3)
1955   Фиоренцо Мањи (ИТА) (3/3)   Лујон Бобе (ФРА) (3/3)   Жан Дото (ФРА)
1956   Шарли Гол (ЛУК) (1/3)   Роже Валковјак (ФРА)   Анџело Контерно (ИТА)
1957   Гастоне Ненчини (ИТА)   Жак Анкетил (ФРА) (1/8)   Хесус Лороњо (ШПА)
1958   Ерколе Балдини (ИТА)   Шарли Гол (ЛУК) (2/3)   Жан Стаблински (ФРА)
1959   Шарли Гол (ЛУК) (3/3)   Федерико Баамонтес (ШПА)   Антонио Суарез (ШПА)
1960   Жак Анкетил (ФРА) (2/8)   Гастоне Ненчини (ИТА)   Франс де Мулдер (БЕЛ)
1961   Арналдо Памбјанко (ИТА)   Жак Анкетил (ФРА) (3/8)   Анџелино Солер (ШПА)
1962   Франко Балмамион (ИТА) (1/2)   Жак Анкетил (ФРА) (4/8)   Руди Алтиг (ГЕР)
1963   Франко Балмамион (ИТА) (2/2)   Жак Анкетил (ФРА) (5/8)   Жак Анкетил (ФРА) (6/8)
1964   Жак Анкетил (ФРА) (7/8)   Жак Анкетил (ФРА) (8/8)   Рајмон Пулидор (ФРА)
1965   Виторио Адорни (ИТА)   Феличе Џимонди (ИТА) (1/5)   Ролф Волфсхол (ГЕР)
1966   Џани Мота (ИТА)   Лисиен Ајмар (ФРА)   Франсиско Габика (ШПА)
1967   Феличе Џимонди (ИТА) (2/5)   Роже Пинжон (ФРА) (1/2)   Јан Јансен (ХОЛ) (1/2)
1968   Еди Меркс (БЕЛ) (1/11)   Јан Јансен (ХОЛ) (2/2)   Феличе Џимонди (ИТА) (3/5)
1969   Феличе Џимонди (ИТА) (4/5)   Еди Меркс (БЕЛ) (2/11)   Роже Пинжон (ФРА) (2/2)
1970   Еди Меркс (БЕЛ) (3/11)   Еди Меркс (БЕЛ) (4/11)   Луис Окања (ШПА) (1/2)
1971   Геста Петерсон (ШВЕ)   Еди Меркс (БЕЛ) (5/11)   Фердинанд Браке (БЕЛ)
1972   Еди Меркс (БЕЛ) (6/11)   Еди Меркс (БЕЛ) (7/11)   Хосе Мануел Фуенте (ШПА) (1/2)
1973   Еди Меркс (БЕЛ) (9/11)   Луис Окања (ШПА) (2/2)   Еди Меркс (БЕЛ) (8/11)
1974   Еди Меркс (БЕЛ) (10/11)   Еди Меркс (БЕЛ) (11/11)   Хосе Мануел Фуенте (ШПА) (2/2)
1975   Фаусто Бертолјо (ИТА)   Бернар Тевене (ФРА) (1/2)   Агустин Тамамес (ШПА)
1976   Феличе Џимонди (ИТА) (5/5)   Лисиен ван Импе (БЕЛ)   Хосе Песародона (ШПА)
1977   Мишел Полентие (БЕЛ)   Бернар Тевене (ФРА) (2/2)   Фреди Мертенс (БЕЛ)
1978   Јохан де Минк (БЕЛ)   Бернар Ино (ФРА) (1/10)   Бернар Ино (ФРА) (2/10)
1979   Џузепе Сарони (ИТА) (1/2)   Бернар Ино (ФРА) (3/10)   Јоп Зутемелк (ХОЛ) (1/2)
1980   Бернар Ино (ФРА) (4/10)   Јоп Зутемелк (ХОЛ) (2/2)   Фаустино Руперез (ШПА)
1981   Џовани Баталјин (ИТА) (1/2)   Бернар Ино (ФРА) (5/10)   Џовани Баталјин (ИТА) (2/2)
1982   Бернар Ино (ФРА) (6/10)   Бернар Ино (ФРА) (7/10)   Марионо Лехарета (ШПА)
1983   Џузепе Сарони (ИТА) (2/2)   Лорен Фињон (ФРА) (1/3)   Бернар Ино (ФРА) (8/10)
1984   Франческо Мозер (ИТА)   Лорен Фињон (ФРА) (2/3)   Ерик Кариту (ФРА)
1985   Бернар Ино (ФРА) (9/10)   Бернар Ино (ФРА) (10/10)   Педро Делгадо (ШПА) (1/3)
1986   Роберто Висентини (ИТА)   Грег Лемонд (САД) (1/3)   Алваро Пино (ШПА)
1987   Стивен Роуш (ИРС) (1/2)   Стивен Роуш (ИРС) (2/2)   Луис Ерера (КОЛ)
1988   Енди Хемпстен (САД)   Педро Делгадо (ШПА) (2/3)   Шон Кели (ИРС)
1989   Лорен Фињон (ФРА) (3/3)   Грег Лемонд (САД) (2/3)   Педро Делгадо (ШПА) (3/3)
1990   Џани Буњо (ИТА)   Грег Лемонд (САД) (3/3)   Марко Џованети (ИТА)
1991   Франко Кјоколи (ИТА)   Мигел Индураин (ШПА) (1/7)   Мелкор Маури (ШПА)
1992   Мигел Индураин (ШПА) (2/7)   Мигел Индураин (ШПА) (3/7)   Тони Ромингер (ШВА) (1/4)
1993   Мигел Индураин (ШПА) (4/7)   Мигел Индураин (ШПА) (5/7)   Тони Ромингер (ШВА) (2/4)
1994   Евгениј Берзин (РУС)   Мигел Индураин (ШПА) (6/7)   Тони Ромингер (ШВА) (3/4)
1995   Тони Ромингер (ШВА) (4/4)   Мигел Индураин (ШПА) (7/7)   Лорен Жалабер (ФРА)
1996   Павел Тонков (РУС)   Бјарне Рис (ДАН)   Алекс Циле (ШВА) (1/2)
1997   Иван Готи (ИТА) (1/2)   Јан Улрих (ГЕР) (1/2)   Алекс Циле (ШВА) (2/2)
1998   Марко Пантани (ИТА) (1/2)   Марко Пантани (ИТА) (2/2)   Абрахам Олано (ШПА)
1999   Иван Готи (ИТА) (2/2) без победник[9]   Јан Улрих (ГЕР) (2/2)
2000   Стефано Гарцели (ИТА)   Роберто Ерас (ШПА) (1/3)
2001   Џилберто Симони (ИТА) (1/2)   Анхел Касеро (ШПА)
2002   Паоло Саволдели (ИТА) (1/2)   Ајтор Гонсалез (ШПА)
2003   Џилберто Симони (ИТА) (2/2)   Роберто Ерас (ШПА) (2/3)
2004   Дамијано Кунего (ИТА)   Роберто Ерас (ШПА) (3/3)
2005   Паоло Саволдели (ИТА) (2/2)   Денис Мењшов (РУС) (1/3)
2006   Иван Басо (ИТА) (1/2)   Оскар Переиро (ШПА)   Александар Винокуров (КАЗ)
2007   Данило ди Лука (ИТА)   Алберто Контадор (ШПА) (1/6)   Денис Мењшов (РУС) (2/3)
2008   Алберто Контадор (ШПА) (2/6)   Карлос Састре (ШПА)   Алберто Контадор (ШПА) (3/6)
2009   Денис Мењшов (РУС) (3/3)   Алберто Контадор (ШПА) (4/6)   Алехандро Валверде (ШПА)
2010   Иван Басо (ИТА) (2/2)   Енди Шлек (ЛУК)   Винченцо Нибали (ИТА) (1/3)
2011   Микеле Скарпони (ИТА)   Кедел Еванс (АВС)   Хуан Хосе Кобо (ШПА)
2012   Рајдер Хесједал (КАН)   Бредли Вигинс (ВБР)   Алберто Контадор (ШПА) (5/6)
2013   Винченцо Нибали (ИТА) (2/3)   Крис Фрум (ВБР)   Крис Хорнер (САД)
2014   Наиро Кинтана (КОЛ)   Винченцо Нибали (ИТА) (3/3)   Алберто Контадор (ШПА) (6/6)
2014   Алберто Контадор (ШПА) (7/7)   Крис Фрум (ВБР) (2/2)   Фабио Ару (ИТА)
2015   Алберто Контадор (ШПА) (7/7)   Крис Фрум (ВБР) (2/5)   Фабио Ару (ИТА)
2016   Винченцо Нибали (ITA) (4/4)   Крис Фрум (ВБР) (3/5)   Наиро Кинтана (КОЛ) (2/2)
2017   Том Димулен (ХОЛ)   Крис Фрум (ВБР) (4/5)   Крис Фрум (ВБР) (5/5)

СтатистикиУреди

Најмногу победи на големите тркиУреди

Најмногу победи на големите трки[10]
Место Име Вкупно победи Тур де Франс Џиро д’Италија Вуелта а Еспања
1   Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ) 11 5 (1969, 1970, 1971, 1972, 1974) 5 (1968, 1970, 1972, 1973, 1974) 1 (1973)
2   Ино, БернарБернар Ино (ФРА) 10 5 (1978, 1979, 1981, 1982, 1985) 3 (1980, 1982, 1985) 2 (1978, 1983)
3   Анкетил, ЖакЖак Анкетил (ФРА) 8 5 (1957, 1961, 1962, 1963, 1964) 2 (1960, 1964) 1 (1963)
4   Контадор, АлбертоАлберто Контадор (ШПА) 7 2 (2007, 2009) 2 (2008, 2015) 3 (2008, 2012, 2014)
  Индураин, МигелМигел Индураин (ШПА) 7 5 (1991, 1992, 1993, 1994, 1995) 2 (1992, 1993) 0
  Копи, ФаустоФаусто Копи (ИТА) 7 2 (1949, 1952) 5 (1940, 1947, 1949, 1952, 1953)
7   Бартали, ЏиноЏино Бартали (ИТА) 5 2 (1938, 1948) 3 (1936, 1937, 1946) 0
  Бинда, АлфредоАлфредо Бинда (ИТА) 5 0 5 (1925, 1927, 1928, 1929, 1933) 0
  Фрум, КрисКрис Фрум (ВБР) 5 4 (2013, 2015, 2016, 2017) 0 1 (2017)
  Џимонди, ФеличеФеличе Џимонди (ИТА) 5 1 (1965) 3 (1967, 1969, 1976) 1 (1968)
11   Ерас, РобертоРоберто Ерас (ШПА) 4 0 0 4 (2000, 2003, 2004, 2005)
  Нибали, ВинченцоВинченцо Нибали (ИТА) 4 1 (2014) 2 (2013, 2016) 1 (2010)
  Ромингер, ТониТони Ромингер (ШВА) 4 0 1 (1995) 3 (1992, 1993, 1994)
  • Активните велосипедисти се запишани со задебелени букви.

Победници по државаУреди

Победниците на големите трки по држава
Држава Џиро Тур Вуелта Вкупно
  Италија 69 10 6 85
  Франција 6 36 9 51
  Шпанија 4 12 33 49
  Белгија 7 18 7 32
  Швајцарија 3 2 5 10
  Луксембург 2 5 0 7
  Обединето Кралство 0 5 1 6
  САД 1 3 1 5
  Холандија 1 2 2 5
  Германија 0 1 3 4
  Русија 3 0 1 4
  Колумбија 1 0 2 3
  Ирска 1 1 1 3
  Шведска 1 0 0 1
  Канада 1 0 0 1
  Австралија 0 1 0 1
  Данска 0 1 0 1
  Казахстан 0 0 1 1


Победници на сите три големи тркиУреди

Само шест велосипедисти ги имаат освоено сите три големи трки во текот на нивната кариера:[10]

Победници на две големи трки во една годинаУреди

Ниеден велосипедист не ги освоил сите три големи трки во истата година.

Девет возачи имаат постигнато двоен ефект со победи на две големи трки во истата година.

Седум велосипедисти ги имаат победено Тур и Џиро во истата година:[10]

Двојниот ефект Тур/Вуелта го имаат постигнато тројца велосипедисти:[10]

Двојниот ефект Џиро/Вуелта го имаат постигнато тројца велосипедисти:[10]

Од деветте погоре, двојните ефекти на Пантани, Роуш и Баталјин воедно им биле и единствените победи на големите трки во нивните кариери. Само двајца велосипедисти имаат завршено помеѓу првите десет на сите три големи трки во истата година: Џеминијани во 1955 година и Ненчини во 1957 година.

Подиуми на сите три големи тркиУреди

Петнаесет велосипедисти се имаат качено на подиум на сите три големи трки во текот на нивната кариера:

Име Тур Џиро Вуелта Вкупно
  Жак Анкетил (ФРА) 6 6 1 13
  Бернар Ино (ФРА) 7 3 2 12
  Еди Меркс (БЕЛ) 6 5 1 12
  Феличе Џимонди (ИТА) 2 9 1 12
  Мигел Индураин (ШПА) 5 3 1 9
  Винченцо Нибали (ИТА) 1 3 1 7
  Лорен Фињон (ФРА) 3 2 1 6
  Карлос Састре (ШПА) 2 1 3 6
  Тони Ромингер (ШВА) 1 1 4 6
  Алберто Контадор (ШПА) 2 1 3 6
  Кедел Еванс (АВС) 3 1 1 5
  Денис Мењшов (РУС) 2 1 2 5
  Хосе Мануел Фуенте (ШПА) 1 1 2 4
  Хоаким Родригез (ШПА) 1 1 2 4
  Херман ван Спрингел (БЕЛ) 1 1 1 3

Најмногу етапни победи на големите тркиУреди

Имињата на активните велосипедисти се напишано со задебелени букви.[11]

Место Име Земја Тур Џиро Вуелта Вкупно
1 Еди Меркс   Белгија 34 24 6 64
2 Марио Чиполини   Италија 12 42 3 57
3 Марк Кевендиш   Обединето Кралство 30 15 3 48
Алесандро Петаки   Италија 6 22 20 48
5 Алфредо Бинда   Италија 2 41 0 43
6 Бернар Ино   Франција 28 6 7 41
7 Леарко Гуера   Италија 8 31 0 39
8 Делио Родригез   Шпанија 0 0 38 38
9 Рик ван Лој   Белгија 7 12 18 37
10 Фреди Мертенс   Белгија 15 7 13 35
11 Фаусто Копи   Италија 9 22 0 31
12 Костанте Џирарденго   Италија 0 30 0 30
13 Џино Бартали   Италија 12 17 0 29
14 Марино Басо   Италија 6 15 6 27
Франческо Мозер   Италија 2 23 2 27
16 Рафаеле ди Пако   Италија 11 15 0 26
Гвидо Бонтемпи   Италија 6 16 4 26
Мигел Побле   Шпанија 3 20 3 26
19 Андре Ледик   Франција 25 0 0 25
Франко Битоси   Италија 4 21 0 25
Рик ван Стенберген   Белгија 4 15 6 25
Лорен Жалабер   Франција 4 3 18 25
23 Роби Мекјуан   Австралија 12 12 0 24
Роџер де Влеминк   Белгија 1 22 1 24
Џузепе Сарони   Италија 0 24 0 24
26 Андре Дарижад   Франција 22 0 0 22
27 Жак Анкетил   Франција 16 5 1 22
Жан Пол ван Попел   Холандија 9 4 9 22
Андре Грајпел   Германија 11 7 4 22
30 Шарли Гол   Луксембург 10 11 0 21
Шон Кели   Ирска 5 0 16 21

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „UCI Велосипедски одредби“. стр. 56. http://www.uciprotour.com/Modules/BUILTIN/getObject.asp?MenuId=MTcxNw&ObjTypeCode=FILE&type=FILE&id=34028&LangId=1. конс. 20 јули 2012 г. 
  2. 2,0 2,1 „UCI Велосипедски трки“. стр. 41. http://www.uci.ch/Modules/BUILTIN/getObject.asp?MenuId=MTkzNg&ObjTypeCode=FILE&type=FILE&id=34028&LangId=1. конс. 20 јули 2012 г. 
  3. Тур, Џиро и Светското друмско првенство ја прават Тројната круна на велосипедизмот.
  4. An American in Italy cyclingnews.com, 5 мај 2009
  5. Million dollar, baby! cyclingnews.com, 12 јануари 2007
  6. Vuelta a España A-Z cyclingnews.com, 7 септември 2008
  7. „Тони Ромингер“. Cycling Hall of Fame.com. 27 март 1961. http://www.cyclinghalloffame.com/riders/rider_bio.asp?rider_id=50. конс. 20 јули 2012 г. 
  8. Рише, Антоан (19 март 2005). „Doubler deux Grands Tours revient à la mode“ (на француски). CyclisMag. http://www.cyclismag.com/article.php?sid=917. конс. 11 ноември 2010 г. 
  9. Ленс Армстронг бил првично награден како победник на Тур де Франс од 1999 до 2005 година, но неговите резултати биле поништени по истрагата за допинг во 2012 година и трките биле оставени без да биде прогласен алтернативен победник.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 „Историски резултати - големи трки“. http://www.cyclinghalloffame.com/races/results/results_grand_tours.txt. конс. 20 јули 2012 г. 
  11. „Џиро д’Италија 2009“ (pdf). Infostrada sports. 2009. стр. 208. http://www.infostradasports.com/download/media/handbook.pdf. конс. 29 јуни 2011 г.