Гент-Вевелгем
Гент-Вевелгем — велосипедска друмска трка, дел од фландриските класици, која се одржува во Белгија на крајот на март секоја година. Трката била првпат возена во 1934 и често е нарекувана спринтерски класик, поради нејзиниот низински терен при крајот на трката.[1] Поради датумот во почетокот на сезоната возачите често се подложени да возат под ветер и дожд. Дополнителни предизвици се бројните искачувања, вклучувајќи и две искачувања на калдрма, тешкиот и често селективниот Кемелберг.
За трката | |
---|---|
Датум | крај на март |
Регион | Фландрија, Белгија |
Месно име | Gent–Wevelgem (холандски) |
Прекар | Гент-Баблгам (Ghent-Bubblegum) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневна трка |
Директор на трката | Лук Гејсенс |
Историја | |
Прво одржување | 1934 |
Одржувања | 84 (до 2022) |
Прв победник | Гистав ван Бел (БЕЛ) |
Најмногу победи | Роберт ван Енеме (БЕЛ) Рик ван Лој (БЕЛ) Еди Меркс (БЕЛ) Марио Чиполини (ИТА) Том Бонен (БЕЛ) Петер Саган (СВК) (3 победи) |
Неодамнешен победник | Бинијам Хирмај (ЕРИ) |
Навистина, селективноста на трката значи дека само неколку изданија на Гент-Вевелгем всушност завршиле во групен спринт. Помала елитна група (вклучувајќи некои спринтери) често ја освојуваат крајната линија. Во последниве години, трката се наоѓа во среда помеѓу Трката околу Фладрија и Париз-Рубе и иако не е службено дел од Vlaamse Wielerweek (Фламанска велосипедска недела), може да се смета како неофицијално финале на велосипедските класици во Фландрија. Во 2010 фиксниот датум на трката се префрли од средата пред Трката околу Фландрија во недела пред Трката околу Фландрија.[2] Од 2005, трката е дел од UCI ProTour,[1] и од 2009, дел од календарот на Светски ранкинг на UCI.
И покрај нејзиното име, трката не започнува во Гент од 2004, традиционално започнувајќи од главниот плоштад во соседниот Дејнзе. Потоа, трката се движи западно кон белгискиот крајбрежен регион, по кој се движи на југ близу француската граница кон Монтеберг и Кемелберг, пред да стигне во Вевелгем. 73. издание било одржани на 27 март 2011, на 219 километри.
Во 2012 година била додадена женска трка. Првата трка била освоена од Лизи Армитстид, член на Team AA Drink/leontien.nl, по 40 километри соло-бегство.[3]
Историја
уредиПрвото издание на трката било возено на 9 септември 1934, како јуниорска трка на растојание од 120 километри. Нејзиното потекло е во чест на Гастон ребри (роден во Вевелгем), кој во истата година победил на Трката околу Фландрија и Париз-Рубе. По Втората светска војна, трката била организирана и за професионалци, на 29 јули 1945 на растојание од 200 километри, а организацијата до денешен ден е на велосипедскиот клуб „Хет Вил Влигенде“.
Во 1947 Гент-Вевелгем му се приклучил на распоредот на „пролетните класици“ и основал за периодот 1957-1959, „Trofee van Vlaanderen“ (Фландриски трофеј) веднаш до Омлоп Хет Волк.
И покрај името, натпреварувањето од 2004 не започнува во Гент, туку во соседниот Дејнзе. Гент-Вевелгем е првата трка која се движи кон брегот, кога некое време го следи. Близу Ворне ветровите ја нарушуваат трката. Поради честите силни ветрови на рамните фламански патишта, трката стекнала репутација помеѓу обожавателите. Главната пречка е Кемелберг, тешко искачување со калдрма, кој мора да се искачува двапати, но еднакво познато по нејзиното опасно потекло, каде многу велосипедисти имаат паднато. Често Кемелберг претставува клучната точка во трката. Понатаму, релативно рамната патека доведува во Вевелгем трката често да заврши во спринт на помала или поголема група.
Од изданието во 2008, патеката е значително изменети и возачите не одат кон брегот, туку возат заобиколен пат долж Steenstraat и потоа пристапуваат кон Фурн во полдерите од страна на брегот. Потоа доаѓа зоната на искачувања, со Видењеберг, Родеберг (Белгија), Монтеберг (до врвот и потоа назад), една обиколница и Кемелберг од страна на селото Кемел. Симнувањето се прави со заобиколен пат, со цел да се избегнат можните несреќи на велосипедистите. Потоа, оваа ридска областа се повторува по истиот редослед и на крај се вози кон Вевелгем. Новата патека е прифатена од повеќето возачи. Некои веруваат дека искачувањето на Кемелберг е нервозно, но ова според директорот на трката Ханс де Клерк е нормално и дел од патеката.
Во 2010 била направена друга голема промена. Не само што е изменет датумот од средата помеѓу Трката околу Фландрија и Париз Рубе во велосипедскиот календар на неделата. Исто така, биле вметнати многу искачување пред ридот Кемелберг, како што се Шерпенберг, Мон де Кат, Берт, Црна планина, Бенеберг и потоа Родеберг Монтеберг и Кемелберг. Оваа серија ридови, возачите ги искачуваат двапати пред да се упатат кон целта во Вевелгем.
Моментално се одржува во неделата пред Трката околу Фландрија и иако службено не е дел од Фламанската велосипедска недела, може да се смета како завршница на серијата на класици во Фландрија.
Од 2005, трката е дел од UCI ProTour, а од 2009 на Светски ранкинг на UCI.
Историја на рутата
уредиПрвата трка била во 1934 и била одржана за јуниорски возачи. Второто издание во 1935 (исто така за јуниори) минале низ Фламанските Ардени со искачувањата, како што се Куаремон, Клуисберг и Тигемберг.
Од 1936 до 1939 трката била отворена за аматерски возачи. Минувале директно од Гент и Кортрајк, а потоа ги следела локалните патишта, вклучувајќи го значајниот Мон Лов.
Во 1945, по Втората светска војна, Гент-Вевелгем станала трка за професионалци. Комплетно новата патека поминувале низ Фламанските Ардени до Вевелгем и потоа се враќала на фламанските ридови. Еделареберг, Хопенберг, Куаремон, Цвартеберг (Црна планина) и Родеберг (Црвена планина) биле дел од рутата. Во 1947 и 1948 рутата го следела брегот.
Од 1949 до 1954, Фламанската Ардени (Калвариберг, Куаремон) се вратиле, следени од Ховелан (Родеберг, Видањеберг, падината Мезен). Во 1955 Клуисберг и Кемелберг бил додадени. Патот на Кемелберг бил сè уште земјен. Во 1956 бил вклучен Ајкенберг.
Во 1957, Трката околу Фландрија, Хет Волк и Гент-Вевелгем биле одржани заедно и велосипедистите се натпреварувале за заедничка награда, „Трофеј на Фландрија“. Во тоа време, Гент-Вевелгем ги додале искачувањата во францускиот дел на Фландрија (Црна планина, Катсберг, Кит, Каселберг) како претходници на Кемелберг. Во 1958, овие француски искачувања не биле вклучени: преминувањето на границата значело многу административни пречки. По периодот на брегот, рутата ги следела единствено Родеберг, Видањеберг и Кемелберг.
Во 1960 бројни конфликти го обележале крајот на Трофеј на Фландрија. Во тоа време, помалку престижната трка Гент-Вевелгем била вметната помеѓу познатите класици. Оваа година, покрај искачувањата Герардсберген, Куаремон и Клуисберг во Фламанските Ардени, се возеле и Видањеберг, Кемелберг и падината Мезен.
Во 1961 Гент-Вевелгем вовел дводневна трка. Првиот ден бил од Гент до Антверпен, а вториот од Гент до Вевелгем единствено со падини во ридскиот дел.
Од 1962 до 1976 Гент-Вевелгем била возена преку брегот до ридската област, со Родеберг, Видањеберг и Кемелберг како фиксирани делници, понекогаш надополнувани со Монтеберг, Банеберг, Сулферберг, Геберг, Сукеберг (Шеќерна планина), како и искачувањата Ниувскерке, Гелувелд или Шерпенберген. Ова, исто така се однесувале и на годините 1978 до денес. Во периодот 1993-1995, француските искачувања биле вметнати повторно, но во 1996 била вратена традиционалната патека. Фламанските Ардени не биле погодени, поради корените на Гент-Вевелгем и бидејќи возачите сакале тие да останат.
Во 1977, патеката била радикално променета и Фламанските Ардени биле завршени со 11 значајни искачувања (Еделареберг, Катенберг, Варент, Клусберг и Тигемберг). Исто така, на Трката околу Фландрија 1976 бил вклучен Копенберг, додека на Гент-Вевелгем бил вклучен Стенгат.
Победници
уредиПовеќекратни победници
уредиПобеди | Возач | Држава | Изданија |
---|---|---|---|
3 | Роберт ван Енеме | Белгија | 1936, 1937, 1945 |
Рик ван Лој | Белгија | 1956, 1957, 1962 | |
Еди Меркс | Белгија | 1967, 1970, 1973 | |
Марио Чиполини | Италија | 1992, 1993, 2002 | |
Том Бонен | Белгија | 2004, 2011, 2012 | |
Петер Саган | Словачка | 2013, 2016, 2018 | |
2 | Рајмонд Импанис | Белгија | 1952, 1953 |
Брик Схоте | Белгија | 1950, 1955 | |
Франс Еренхаутс | Белгија | 1960, 1961 | |
Фреди Мертенс | Белгија | 1975, 1976 | |
Гвидо Бонтемпи | Италија | 1984, 1986 | |
Том Стелс | Белгија | 1996, 1999 |
- Возачите со закосени букви се сè уште активни.
Победи по држава
уреди# | Држава | Победи |
---|---|---|
1. | Белгија | 50 |
2. | Италија | 7 |
3. | Холандија | 5 |
4. | Германија | 3 |
4. | Словачка | 3 |
4. | Франција | 3 |
4. | Норвешка | 3 |
8. | Данска | 2 |
9. | Австрија | 1 |
9. | Обединето Кралство | 1 |
9. | Еритреја | 1 |
9. | Ирска | 1 |
9. | САД | 1 |
9. | Узбекистан | 1 |
9. | Швајцарија | 1 |
9. | Шпанија | 1 |
Женска трка
уредиЖенската трка Гент-Вевелгем се одржала за првпат во 2012 на истиот ден како машката трка, но на пократко растојание од 114 километри.[4]
Година | Земја | Возач | Екипа |
---|---|---|---|
2012 | Обединето Кралство | Лизи Армитстид | AA Drink-leontien.nl |
2013 | Холандија | Кирстен Вилде | AA Drink-leontien.nl |
2014 | САД | Лорен Хал | Оптум–Кели Бенефит Стратеџис |
2015 | Холандија | Флортје Макеј | Тим Лив-Пантур |
2016 | Холандија | Шантал Блак | Булс-Долманс |
2017 | Финска | Лота Леписте | Предлошка:Cycling data CBT |
2018 | Италија | Марта Бастијанели | Але-Чиполини |
2019 | Холандија | Кирстен Вилд | Предлошка:Cycling data WNT |
2020 | Белгија | Жолин Д’Ор | Булс-Долманс |
2021 | Холандија | Маријане Вос | Предлошка:Cycling data JVW |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Гент-Вевелгем“. Архивирано од изворникот на 2012-02-08. Посетено на 2012-03-30.
- ↑ (датумот порано бил држен од Брабант Пајл)
- ↑ „Армитстид со соло-бегство до победа“. Sky Sports. 25 март 2012. Посетено на 25 март 2012.
- ↑ „Elizabeth Armitstead wint eerste Gent-Wevelgem voor vrouwen“. Het Nieuwsblad (холандски). 25 март 2012.
Надворешни врски
уреди„Гент-Вевелгем“ на Ризницата ? |