Пласман за млад возач на Тур де Франс
Пласман за млад возач на Тур де Франс — еден од пласманите на велосипедската трка Тур де Франс, кој постои од 1975 година. Освен во периодот 1989-1999, предводникот на пласманот за млад возач ја носел белата маичка. Условите за да можеш да учествуваш во пласманот за млад возач се менувале низ текот на годините, но секогаш биле такви да искусните велосипедисти не можат да учествуваат, понекогаш исклучувајќи ги велосипедистите по одредена возраст, велосипедисти кои претходно настапиле на Тур де Франс или велосипедисти кои биле професионалци повеќе од две години. Во поново време, само велосипедисти под 26-годишна возраст смеат да учествуваат во пласманот.
Детали за наградата | |
---|---|
Спорт | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Тур де Франс |
Доделена за | најдобар млад возач |
Локално име | Maillot blanc (француски) |
Историја | |
Прва награда | 1975 |
Изданија | 45 (до 2019) |
Прв победник | Франческо Мозер (ИТА) |
Најмногу победи | Јан Улрих (ГЕР) Анди Шлек (ЛУК)
|
Најнов победник | Еган Бернал (КОЛ) |
Историја
уредиОд 1968 до 1975, се доделувала белата маичка на Тур де Франс за предводникот во комбинираниот пласман (најдобар возач во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман). Во 1975 година, овој пласман бил отстранет и заменет со пласманот за најдобар млад возач. Секој нов професионалец (помалку од три години професионално возење) учествувал во овој пласман, кој бил пресметуван користејќи ги резултатите од генералниот пласман.[1] Предводникот во пласманот за млад возач ја носел белата маичка.
Правилата за пласманот за млад возач се измениле во 1983 година, кога пласманот бил отворен само за натпреварувачите кои возат по првпат, но во 1987 година било изменето и им бил дозволено учество на сите велосипедисти помлади од 26 години до 1 јануари истата година како трката.[2] Во периодот 1989-1999, белата маичка повеќе не се доделувала, иако пласманот бил сè уште пресметуван. Од 2000, белата маичка повторно била доделувана, отворена за сите велосипедисти помлади од 26 години до 1 јануари истата година како трката. Во 1997 година, името на пласманот било официјално променето во „Сувенир Фабио Казартели“.[3] Чешкиот автомобилски производител Шкода е спонзор на белата маичка откога го преземал спонзорството на Тур де Франс од ФИАТ во 2003.
Победници
уредиОткако бил воведен пласманот за млад возач во 1975 година, бил освоен од 29 различни велосипедисти. Од нив, шест велосипедисти, исто така, ја освоиле жолтата маичка во текот на нивните кариери (Фињон, Лемонд, Пантани, Улрих, Контадор и Шлек). Во четири случаи, велосипедист кој го освоил пласманот за млад возач, го освоил и генералниот пласман во истата година — Фињон во 1983, Улрих во 1997, Контадор во 2007 и Шлек 2010. Единствениот велосипедист кој го освоил пласманот за млад возач и планинскиот пласман во истата година е Наиро Кинтана во 2013 година. Единствените велосипедисти кои го освоиле пласманот за млад возач повеќепати се Марко Пантани (двапати), Улриј (трипати — исто така завршувајќи прв или втор во генералниот пласман на сите овие трки) и Анди Шлек (трипати).[4]
- ГП = Генерален пласман
По националност
уредиДржава | Бр. на велосипедисти | Бр. на победи |
---|---|---|
Франција | 8 | 8 |
Италија | 4 | 5 |
Холандија | 5 | 5 |
Шпанија | 5 | 5 |
Колумбија | 4 | 5 |
Германија | 2 | 4 |
Луксембург | 1 | 3 |
САД | 3 | 3 |
Обединето Кралство | 2 | 2 |
Русија | 2 | 2 |
Австралија | 1 | 1 |
Мексико | 1 | 1 |
Украина | 1 | 1 |
Наводи
уреди- ↑ Cycling Revealed
- ↑ Одредби за трката 2011
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2007-09-21. Посетено на 2014-07-08.
- ↑ http://autobus.cyclingnews.com/road/2009/tour09/?id=/results/history/tdfhistory#youth
- ↑ Филипо завршил 24. на овој Тур, четири места зад 24-годишниот Алберто Луис Камарго, кој би го освоил пласманот за млад возач, ако неговиот спортски директор го пријавел за пласманот