5 век
< 4 век | 5 век | 6 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
V век (5 век) — столетие кое започнало на 1 јануари 401 г., а завршило на 31 декември 500 г. Ова бил период на преселба и политичка нестабилност низ цела Евроазија.
Во 476 година, Западното Римско Царство пропаднало.[1] Пред пропаста со него владееле неколку слаби цареви, а вистинската политичка моќ ја држеле моќните војсководци. Внатрешната нестабилност и притисокот од странските освојувачи конечно резултирале со ограбувањето на Рим од страна на војската на Визиготите во 410 година.[2] Иако во текот на следните неколку децении Западното Римско Царство успеало до некој степен да се опорави, следниот сериозен удар го доживеало кога Вандалите ја окупирале Картагина, главниот град на исклучително важната провинција Африка.[2] Обидите да се заземе провинцијата од Вандалите биле прекинати поради инвазијата на Хуните под водство на Атила. По поразот на Атила, Источното и Западното Римско Царство ги здружиле силите за последен напад на Вандалите во северна Африка, но овој поход завршил со спектакуларен неуспех.[2]
Во источна Азија, многу номадски племиња се преселиле во североисточна и централна Кина, каде што основале низа династии. Со ова започнал период на поделба и конфликт меѓу Северна и Јужна Кина.
Кон крајот на V век, индиската империја Гупта била нападната од Хуните од Средна Азија, кои можеби биле поврзани со Хуните кои го нападнале Римското Царство во Европа.
Настани
уреди- 380 - 415: Златно доба на Гупта империјата, со Чандрагупта II на власт.
- 399 - 412: Кинескиот будистички монах Факсијан пловел низ Индискиот Океан и патувал низ Шри Ланка и Индија за да ги собере будистичките Свети писма.
- 401: Кумараџива, будистички монах и преведувач на сутри на кинески, пристигнал во Чанан.
- Ран 5 век – Била изградена Battistero Neoniano во Равена, Италија.
- 5 век – Бил изграден Северниот Акропол во Тикал, Гватемала, кој е споменик на културата на Маите.
- 405: Месроб Машдоц ја вовел 36-тата од 38-те букви на новосоздадената ерменска азбука.
- 406: Германските племиња Свеви, Алани и Вандали ја преминале тогаш замрзнатата река Рајна во близина на Мајнц и влегле во Галија, со што ја поминале источната граница на Западното Римско Царство.
- 407: Константин III ги репозиционирал повеќето римски воени единици од Британија во Галија и го зазел градот Арл. Овој настан обично се смета за конечното повлекување на Римското Царство од Британија.
- 410: Рим бил ограбен од Визиготите предводени од кралот Аларик.
- 411: Свевите го основале првото независно христијанско кралство во западна Европа, во римската провинција Галеција.
- 413: Св. Августин, епископот на Хипон, започнал да го пишува делото „De civitate Dei“.
- 415 - 455: Кумарагупта владеел со империјата Гупта.
- 420: Лиу Ју ставил крај на династијата Џин во Кина.
- 420 - 589: Период на северните и јужните династии во Кина.
- 426: К'инич Јаш К'ук 'Мо го обновил мајанскиот град Копан.
- 430: Еруптирал вулканот Илопанго, што довело до уништување на градовите на Маите во денешен Ел Салвадор.
- 431: Третиот вселенски собор бил одржан во Ефес, Мала Азија, од 22 јуни до 30 јули 431 година, во црквата посветена на Пресвета Богородица.
- 439: Вандалите ја освоиле Картагина.
- Во одредено време по 440 год., Англосаксонците се населиле во Велика Британија. Според традиционалната приказна тие биле поканети таму од британскиот војсководец Вортигерн.
- 450: Натписот Тугу во Индонезија се декрети на Пурнаварман, кралот на Таруманагара, една од најраните хиндуистички кралства на Јава.
- 451: Четвртиот вселенски собор бил одржан во Халкидон (денешен Кадиќој во Истанбул, Турција), од 8 октомври до 1 ноември 451 година, свикан од страна на римскиот цар Маркијан.
- 451: Персијците објавиле војна на Ерменците.
- 451: Битка на Каталаунските полиња - Римјаните и Визиготите ги поразиле Хуните под водство на Атила.
- 452: Метрополата Аквилеја била уништена од Атила и неговата војска.
- 452: Папата Лав I лично се сретнал со Атила кај реката Минчо и го убедил да не го нападне Рим.
- 453: Смртта на Атила. Хунската империја била поделена меѓу синовите на Атила.
- 454: Во Битката кај реката Недао, германските племиња ја уништиле главната армија на Хуните, со што ставиле крај на нивната доминација.
- 455: Вандалите го ограбиле градот Рим.
- 455: Бил основан градот Чичен Ица во Мексико.
- 455 - 467: Скандагупта, последниот голем император на Гупта.
- 469: Смртта на Денгизих, последен Кан на Хунското царство.
- 470: Риотам, крал на Бретањите, му помогнал на римскиот цар во борбата против Визиготите.
- 476: Одоакар го симнал од власт последниот римски цар Ромул Августул, што се смета за традиционален датум на падот на Западното Римско Царство.
- 477 или 495: Чан будистите го основале Шаолинскиот манастир на планината Сонг во Хенан, Кина.
- 480: Атентат врз Јулиј Непот, последниот de jure император на Западното Римско Царство, во Далмација.
- 481: Хлодовик I станал крал на Западните Франки по смртта на Хилдерик I.
- 486: Хлодовик I го поразил последниот римски заповедник во Галија, Сијагриј, и ги освоил последните слободни остатоци од Западното Римско Царство.
- 490: (приближен датум) Битката кај планината Бадон. Според легендата, британските сили предводени од кралот Артур ги поразиле Саксонците.
- 491: Кралот Хлодовик I го поразил и го потчинил кралството Тирингија во Германија.
- 493: Кралот на Остроготите, Теодорих Велики, го симнал од власт Одоакар и станал крал на Италија.
- 494: Северна Галија била обединета под кралот на Франките, Хлодовик I, основачот на династијата Меровинзи.
- 496: Битката кај Толбијак се одвивала во Цилпих, кој во тоа време се нарекувал Толбијак, град во поранешната римска провинција Галија, близу до Келн. Во оваа битка Хлодовик I ги победил Алеманите.
- Будизмот стигнал до Бурма и Индонезија.
- Луѓе од Африка и Индонезија се населиле во Мадагаскар.
- Згаснала културата Хоупвел во Северна Америка.
- Вахтанг I Горгасал го основал градот Тбилиси (Грузија).
Личности
уреди- Августин, епископ, теолог
- Авит, римски цар (455-456)
- Агидиј, галско-римски воен водач, основач на кралството Соасон
- Аларик I, крал на Визиготите, познат по ограбувањето на Рим во 410 година
- Аларик II, крал на Визиготите во Тулуза
- Амброзиј Аврелијан, воен водач на романо-британците
- Анастасиј I, римски цар (491-518)
- Антемиј, римски политичар, преторијански префект на исток, де факто регент
- Антемиј, римски цар (467-472)
- Арванд, римски политичар, преторијански префект на Галија и наводен узурпатор
- Аркадиј, римски цар (383-408)
- Аспар, источен римски генерал и политичар
- Атаулф, крал на Визиготите (411-415)
- Атила, крал на Хуните
- Батуо, прв игумен на Шаолинскиот манастир
- Бахрам V, сасанидски шах на Персија
- Бодидарма, основач на Чан будизмот
- Бонифациј, римски генерал
- Бурдунел, римски узурпатор
- Валентинијан III, римски цар (425-455)
- Василиск, римски цар (475-476)
- Василиск, римски цезар (476-477/478)
- Верина, римска царевица
- Вортигерн, воен водач, запаметен како крал на Британците
- Гала Плацидија, римска царевица и регент (423-437)
- Геласиј I, римски епископ
- Гејсерик, крал на Вандалите и основач на вандалското кралство во северна Африка (428-477)
- Геронтиј, римски генерал и бунтовник
- Глицериј, римски цар (473-474)
- Гоар, крал на Аланите (406-450)
- Грацијан, римски узурпатор
- Гундахар, крал на Бургундите (407-437). Познат по конфликтите со Западното Римско Царство и Хуните
- Гундерих, крал на Вандалите (407-428)
- Гундобад, римски патрициј, а подоцна и крал на Бургундите (473-516)
- Гунтамунд, крал на Вандалите (484-496)
- Диоскор Александриски, патријарх Александриски
- Елија Аријадна, римска царевица
- Елија Евдоксија, римска царевица
- Елија Пулхерија, римска царевица и регент (414-453)
- Еурик, крал на Визиготите (466-484)
- Зенон, римски цар (474-475, 476-491)
- Издигерд I, сасанидски шах на Персија
- Ил, византиски генерал и бунтовник
- Јероним Стридонски, христијански пустиник, свештеник, преведувач на Библијата на латински и автор на теолошки дела
- Јован Златоуст, патријарх Цариградски
- Јован, римски узурпатор (423-425)
- Јован Касијан, христијански монах и теолог
- Јовин, галско-римски сенатор и узурпатор (411-413)
- Јулиј Непот, римски цар (474-480)
- Јуста, византиски бунтовник
- Калидаса, голем санскритски поет[3]
- Кастин, римски патрициј, генерал и политичар
- К'инич Попол Хол, владетел на Копан (437-455)
- К'инич Јаш К'ук' Мо', владетел на Копан (426-437)
- Кирил Александриски, патријарх Александриски, теолог
- Хлодовик I, крал на Франките (481-511). Тој бил првиот крал кој ги обединил Франките и првиот варварски крал кој го прифатил христијанството
- Констанс II, римски цар (409-411)
- Константин III, римски цар (407-411)
- Констанциј III, римски цар (421)
- Ку Иш, владетел на Копан (465-476)
- Кумарагупта I, император на Гупта
- Кумараџива, будистички монах
- Лав I, епископ Римски, теолог
- Лав I, римски цар (457-474)
- Лав II, римски цар (474)
- Леонтиј, византиски узурпатор и бунтовник (484-488)
- Либиј Север, римски цар (461-465)
- Лонгин, византиски политичар и бунтовник, поттикнувач на Изауриската војна
- Лонгин од Кардала, византиски политичар и бунтовник, се борел во Изауриската војна
- Мајоријан, римски цар (457-461)
- Маркијан, римски цар (450-457)
- Маркијан, византиски узурпатор (479-484)
- Марко, римски узурпатор (406-407)
- Марко, римски цезар и ко-император (475-476)
- Максим Хиспаниски, римски узурпатор (409-411, 419-421)
- Мастиј, римско-берберски владетел на северна Африка
- Месроб Машдоц, ерменски монах
- Мујал Јол, владетел на Копан (485-504)
- Несториј Цариградски, Цариградски патријарх (428-431)
- Одоакар, римски генерал, подоцна крал на Италија (476-493)
- Олибриј, римскиот цар (472)
- Орест, римски генерал и политичар
- Паладиј, римски цезар (455)
- Патрициј, римски цезар (470-471)
- Патрик, (Патрициј) католички епископ, мисионер во Ирска
- Пеи Сонгџи, кинески историчар
- Пелагиј, католички свештеник, татко на пелагијанство
- Петрониј Максим, римски цар (455)
- Приск Атал, римски узурпатор (409, 414-415)
- Рехијар, крал на Галеција (448-456)
- Рицимер, западен римски генерал, политичар и владетел
- Риотам, крал на Британците, кандидат за легендарниот крал Артур
- Роман, римски узурпатор (470)
- Ромул Августул, римски цар (475-476)
- Руфин Аквилејски, свештеник од Аквилеја, пустиник, преведувач на латински
- Себастијан, римски узурпатор (412-413)
- Сијагриј, римски воен командант, последен владетел на кралството Соасон (464-486)
- Скандагупта, император на Гупта
- Созомен, христијански црковен историчар
- Сократ Схоластик, христијански црковен историчар
- Стилихон, римски магистер милитиум, де факто регент на Западното Римско Царство (359-408)
- Теодерик Велики, крал на Остроготите и владетел на Италија (475-526)
- Теодорих II, крал на Визиготите (453-466)
- Теодосиј II, римски цар (408-450)
- Факсиан, кинески будистички монах
- Фан Је, кинески историчар
- Флавиј Аециј, римски магистер милитиум, кој се смета за еден од последните големи римски генерали
- Хераклијан, римски провинциски гувернер и узурпатор (412-413)
- Хипатија Александриска, грчки филозоф, астроном и математичар
- Хонориј, римски цар (393-423)
- Хуијуан, кинески будист
- Хунерих, крал на Вандалите (477-484)
- Чандрагупта II, Гупта император (380-415)
- Чу Чунгџи, кинески астроном и математичар
- Шиаовен на северен Веи, варварски-роден кинески цар на северна Кина, кој ја промовирал традиционалната кинеска култура
Откритија
уреди- Создавање на ерменската азбука од страна на Месроб Машдоц.
- Во Англија била воведена нова азбука на англосаксонски руни.
- Почнале да се користат метални потковици во Галија.
- Тешкиот плуг почнал да се користи во териториите населени од словенски племиња.
- Околувратник за коњи бил измислен во Кина.