Честички во македонскиот јазик
Честички во македонскиот јазик — една од зборовните групи во јазикот. Честичките се познати и под името „партикули“ или „честички“. Оваа зборовна група е класифицирана како дел од неменливите зборови. Основната употреба на честичките е истакнување на други зборови или значењето на реченицата и тие служат да се образуваат некои граматички форми.[1][2]
Употреба
уредиСпоред Конески, честичките се користат за истакнување на зборови или значења на речениците, но и за определување на различни видови, како што се посочување, негирање, прашување и слично. Во поголемиот дел тие се јавуваат и како прилози и како сврзници, но нивната функција е подруга [3]. Бојковска наведува дека за тврдење се користи честичката „да“, за одрекување честичките „не“, „ниту“ или „ни“, за прашување честичките „дали“, „ли“, „зар“, „нели“ и за заповед честичките „да“, „нека“ и така натаму [4].
Поделба
уредиВо поглед на функцијата на честичките за истакнување некои зборови и значења на реченици во исказот, честичките можат да се поделат во следните подгрупи:
- „дури“, „просто“, „барем“, „само“, „сè“, „туку“, „и“ и „пак“
- „само“, „единствено“, „уште“ и „исклучиво“
- честички за присоединување[9]
- „исто“, „исто така“, „такуѓере“, „притоа“, „уште“ и „сè“
- „речиси“, „скоро“, „прибер“, „токму“, „точно“, „рамно“, „таман“ и „одвај“
- „баш“, „имено“ и „токму“
- честички за неопределеност[14]
- „−годе“, „−било“, „− да е“ - овие не се самостојни, туку се спојуваат со одредени зборови (пр. кој-годе, кој да е, итн.)
- „еве“, „ене“, „ете“, „на“, „ја“, „јале“ - честичките „ја“ и „јале“ се почести во употреба.
- „не“, „ниту“, „нити“ и „ни“
- „ли“, „дали“, „зар“, „али“ и „нели“ - честичката „зар“ има модално значење (чудење), а честичката „али“ е ретка во употреба.
- „ајде“, „да“ и „нека“ - овие имаат модално значење (давање наредби и желби)
Примери
уредиКонески и Бојковска ги даваат следните пример за некои од честичките во македонскиот јазик:
- „Баш тоа сакав да ти го кажам.“ - определеност
- „Само него го познава.“ - изделување
- „Петре исто така не беше дојден.“ - присоединување
- „За еден месец продале едвај сто тони никел.“ - количество
- „Ете ти ги гостите.“ - посочување
- „Ни јале, ни пиле.“ - негација
Користена литература
уреди- ^ Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ^ Конески, Блаже (1967). Граматика на македонскиот литературен јазик. Скопје: Култура.